Енциклопедија на православниот духовен живот - Свети Игнатиј Брјанчанонов
ДЕМОНИЗАЦИЈА
Демоните н е само што живеат на површината на земјата, туку понекогаш со сето свое гасно битие влегуваат во телата на луѓето и на животните (Лука 8,33).
Во внатрешноста на човековото тело тие влегуваат слично како што во него влегува воздухот, привлечен од механизмот за дишење, како што можат да влезат и другите гасови.
Влегувајќи во човекот, демонот не се меша со душата, туку престојува во телото, насилно завладувајќи во душата и во телото.
Гасовите поседуваат особина на флуидност, т.е. можат да исполната различна зафатнина. Очигледно дека и демоните ја имаат таа особина, врз основа на која многу од нив можат да се сместат во еден човек, како што за тоа зборува евангелието
(Лука. 8, 29).
Во духовен поглед Божјото казнување со деминизираност никако не служи како лошо сведоштво за човекот: на такво предавање на сатаната биле подложени многу големи Божји угодници .
Преподобниот Касијан пишува за преподобниот Мојсеј Скитски, со кого беседел за расудувањето, дека се мрднал со умот и дека бил подложен на демонизираност, заради некое спротивставување на својот старец, големиот Макрие Египетски.
Во вториот свештен дел од четвртиот век се опишува како некој египетски старец, кој заради својот свет и чист живот необично обилувал со дар на чудотворство, па станал надалеку славен, забележувајќи во себе зачеток на гордост, почнал да Го моли Бог да му испрати демонизираност, што Господ и Го исполнил.
Старецот цели осум месеци поминал во ужасна состојба, употребувајќи го дури и својот отпад како храна . Кога го виделе во таква состојба, неговите почитувачи од светот се соблазниле,
па добриот глас за него го смениле во лош, а старецот подоцна избавувајќи се од демонот, во мир и повлеченост Му служел на Господа, па уште повеќе напреднал.
Демонизираноста некогаш е помалку важна од примањето на некоја ѓаволска помисла, која може засекогаш да ја погуби душата.
Подготви: Мина Даниловска