логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Nikodim1.jpg

ЗА ДУХОВНИОТ МИР НА СРЦЕТО 
(од „Невидлива борба“ - Свети Никодим Агиорит)

Твоето срце Бог Го создаде единствено за Него да Го љуби, Нему да му служи , како храм.
Затоа и бара да му го предадеш срцето:
 Сине мој, вели, дај ми го срцето свое.
А бидејќи Бог е мир кој што го надминува секој УМ, неопходно е во срцето кое  сака да Го прими, да владее мир.
Само ВО МИР Е СТАНОТ Негов, пее цар Давид.

 Затоа, што повеќе труди се да воспоставиш мирно настроение во срцето. И сите твои дела и подвизи нека бидат упатени кон стекнување на тој мир, како што рекол големиот авва Арсеније:
 „Обрни го сето внимание врз тоа, внатрешното настроение да ти биде во Бога и ќе ги победиш надворешните страсти“.

Мирот на срцето го нарушуваат страстите. Ни ги пуштај страстите до срцето и тоа секогаш ќе биде мирно. Оној кој се бори за спасение , стои вооружен на вратата на срцето и одбива се што се обидува да влезе во него и да го вознемири.
Кога  ќе се поткрадне страсна вознемиреност до срцето, не се втурнувај кон страста со неа да се бориш, туку брзо повлечи се во срцето и погрижи се да го смириш. Штом срцето ќе се смири - борбата е завршена!

Човековиот живот е непрекидна борба и непрестајно искушение. Затоа Јов рекол: „ Не ли е човекот во војска на земјата?“ (7,15).

Искушението предизвикува  борба - и ете, војна! Заради тоа мораш секогаш да бидеш буден и да внимаваш срцето по секоја цена да ти биде мирно и спокојно. Кога во душата ќе ти се појави вознемиреност, задушувај ја веднаш, за да не се симнеш од вистинскиот пат под нејзино влијание.
Зашто, срцето човечко е слично на тегот на ѕидниот часовник и крмата на бродот. Ако го олесниш или го оптеретиш тегот, веднаш се менува брзината на сите тркалца на часовникот и сказалките веќе не покажуваат точно време.
 Ако ја свртиш надесно или налево крмата, бродот веднаш ја менува насоката. Исто така, штом срцето ќе се вознемири, во целото наше битие настанува неред , па  дури и умот го губи правилното осудување. Затоа е неопходно срцето да се смирува веднаш штом ќе се вознемири, било со нешто од надвор или од внатре, било на молитва или во кое и да е друго време.

Знај дека ќе умееш правилно да се молиш кога ќе научиш да си го чуваш својот внатрешен мир. Затоа, труди се тоа да го постигнеш и секое свое дело завршувај го во срдечен мир со задоволство и радост.

Чувањето на срцето треба да биде непрекинат подвиг во текот на целиот твој живот и никако не смееш да дозволиш нешто погрешно да го вознемири. Сите твои дела нека бидат во знакот на тој мир и кроткост како што е напишано:
  „ Сине, прави ги сите свои дела во кроткост“ (Сирах.3,17), за да се удостоиш на ветувањето на Спасителот:  „Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата“(Мат.5,5).

Превод : Мина  Даниловска

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2018
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 486
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная