логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


„Речник на христијанскиот практичен живот“
Свети Теофан Затворник

CRKVA.NEBO.jpg
Божествената основа
на светот и на Црквата

За Бог

Првата точка на догмите за Пресвета Троица е дека секое од Трите Лица има по едно Свое лично својство - нероденост, роденост и исходење. Сето останато е едно и заедничко за Трите Лица. Заеднички се: Божестевените имиња и Божестевните особини и Божествените дејствија: создавањето, промислувањето, уредување на Домостројот на Воплотувањето, помош при спасението на секој поединец, уредување и чување на Црквата... како и сî друго што само од Бог може да произлезе.

На оние што го читаат Светото Писмо им е познато дека, на пр., Творец се нарекува и Бог Отец и Бог Син и Бог Дух Свети; исто така се нарекува и Промислител, Седржител, Спасител итн. Заедничко им е Царството, заедничка им е волјата, заедничко им е сезнаењето, заедничка им е семоќта, заедничка им е сеприсутноста, како што им е заедничко сî што се припишува или што можеби му се припишувало на Бога... И тоа не само во смисла дека сето ова им е еднакво, туку дека им е - едно.

Да се потсетиме на символот на Атанасиј Велики. Кратко ќе го цитирам: „Вечен е Отецот, вечен е Синот, вечен е Духот Свети - но не се три вечни, туку е еден вечен, исто како што не се три несоздадени и три непоимливи, туку еден несоздаден и еден непоимлив. Исто така: Седржител Отец, Седржител Син, Седржител Дух Свети, но не се три Седржители, туку еден Седржител, Бог Отец, Бог Син, Бог Дух Свети, но не се три Бога, туку е еден Бог“... Внимавајте - еден Бог, а не едно Божество, макар што понекогаш и така се вели, но треба да се разбере суштината - Бог е еден. Инаку, ако е едно Божество, ќе се замислуваат како три одвоени. Оној кој така би говорел и сфаќал - би ја раздвојувал Божествената природа и би воведувал три одвоени Богови. А кој има три Богови, тој Го нема Бога, бидејќи вистинскиот Бог е еден, додека невистинските богови- не се богови.

Исто така и оној којшто Божјите дејствија ги дели спрема Лицата на Света Троица и едно му припишува на едното, а друго на другото Лице, ја дели природата и воведува три богови, та според тоа нема ни еден (бог).

Бог (Отец) нема форма и е невидлив. Бог Син се гледа во човечката природа, затоа што таа природа ја примил во Своето лице... Затоа Он може да се замислува во човечка форма, во сите случаи коишто се опишуваат во Светото Евангелие... Тоа би била историска претстава... Но, Неговата Божествена природа е невидлива и нема лик. Света Троица е надвор од границите на создаденото и за нас е неможно да замислиме на кој начин Таа постои. Молејќи се на Бога, подобро е никако да не Го замислуваме, туку само да веруваме дека Тој постои, дека е блиску, дека сî гледа и сè слуша... За ова треба да Го молиме.

„Како да се замислува Господ“ - како седи на Престолот, или како Распнат? Господа може да Го замислувате како што доликува само тогаш кога размислувате за Божественото. Но, за време на молитвата не треба да се има никаква слика за Него. Господ е секаде присутен. Застанете во тоа убедување дека Тој е секаде, па според тоа и во вас, а не само околу вас, и дека сî гледа и слуша. Нему, Сеприсутниот, Којшто сî гледа и Којшто го сака нашето спасение, обраќајте Му се со молитва без каква и да е слика, не замислувајќи Го на каков и да е начин. Во убедувањето дека Господ е секаде присутен треба да се зацврстите со постојано размислување за Божественото. И Тоа ќе се појави.

... Бог ги гледа нештата пред да се случат, бидејќи ги гледа нашите слободни одлуки. Тие одлуки го прават предметот на сезнаењето, и тоа во онаа форма во којашто се јавуваат - точно така како слободни одлуки. Бог не одлучува (да се случи) сето она што ќе го предвиди. Богословите кај Господ разликуваат - волја и допуштање. Тоа што Бог ќе го одлучи, тоа и се случува онака како што Тој одлучил. А тоа што ќе го допушти, тоа може и да не се случи онака како што бидува, макар што Бог предвидел што ќе биде.

Вам ви се чини, штом некаде е Бог и Неговата вистина, дека сî мора да биде блескаво – толку блескаво, што да бие во очите и на сите на сиот глас да им соопштува: еве како изгледа Божественото! Зар не забележувате дека со такво размислување вие на Бога Му одредувате како треба да раководи со Своите дела. А и сами ќе се согласите дека тоа не е во ред. Делата Божји сами по себе се токму такви; но надворешно се прикриени, така да се изразам, со неугледност. Зошто?! На ова не може да се одговори поинаку, освен: така Му е угодно на Бога. Но, токму под оваа неугледност е сокриена убавината, и под самракот - светлината; во тоа нема сомнение. Само што сведоштвото за тоа не треба да се бара кај неверниците, туку кај верниците и не само кај верниците, туку и кај оние коишто живеат според верата. Скрши орев и ќе најдеш јадро - вкусно и хранливо. Бог не го става бисерот било каде. За Своето Царство Спасителот на народот му зборувал прикриено, во параболи. Оние коишто во себе го имале зародишот на духовниот разум брзо проникнувале внатре и ја разбирале вистината.

... Сите луѓе Го бараат Бога. Соодветно на тоа, да се биде со Бога - тоа е норма на животот на нашата душа. Ова е толку очигледно, што тука ништо не може да се приговори. Созданијата Божји Го објавуваат Бога. Ако постои разумност во начинот на којшто се уредени нештата, тогаш постои и разумно битие коешто ги довело во таков ред. Тоа е заклучок којшто не може да се оспори, заклучок чијашто сила ја испитува секој ум, не исклучувајќи ги ниту оние коишто се фалат со своето неверување... Преостанува разјаснување како да стапите во општење со Бога и да бидете со Него. Тука е Господ Христос Кој рекол: „Јас сум во Отецот, вие сте во Мене, и Јас сум во вас“. Ете ја алката што нî поврзува со Бога. Тоа е целиот систем на верата.

Размислувањето за Бога ќе претставува врата преку која душата ќе влегува во активен живот. Целиот труд сега треба да биде насочен кон тоа непрестајно да мислите на Бога или (секогаш да пребивате) во Божјото присуство.

Размислувајќи за Бога, потребно е со сите сили да се потрудиш и да мислиш за Него како за најчист Дух, Којшто нема никаква форма и лик. Но, да се има вакво размислување е можно само под дејство на благодатта, кога во срцето се создава наклонетост спрема Бога. Сî дотогаш нашата мисла за Бога е несовршена, измешана со некаква форма.

Бог управува со сите. Тој е Мудар, Себлаг и Семоќен Управител. И ние Му припаѓаме на Неговото Царство... Тој нема да дозволи Неговите да бидат навредувани. За едно треба да се потрудите - да не Го навредите и Тој да не ве избрише од бројот на Своите.

Бог е насекаде и штом наиде на срце коешто не Му се противи, Тој влегува во него и го развеселува. Тоа се радува, се прилепува до Бога и не сака да се одвои од Него.

Нормален однос спрема Бога е - целосно и скрушено поклонување пред Него во срцето, со повикување: „Спаси ме!“ Треба да се предадеме во Господовите раце, за Тој да прави со нас што í е угодно на Неговата света волја, само за да нî спаси...

Бог е насекаде, сî гледа и Неговите очи се посветли од Сонцето. Сеќавањето на ова треба да го исполни срцето и да се слее со свеста. Кога пак душата ќе има свест за тоа, таа нема да може да биде без страв Божји и побожност пред Него, туку  ќе се труди на секаков начин да Му угоди - и со зборови, и со мисла, и со движење, и со дела.

Господ е секаде и гледа сî - кој што прави за Него. Тој секогаш е подготвен да му помогне секому којшто Му се обраќа за помош. Така, доколку од срце решите секогаш да внимавате на Господа Кој е со вас и во вас, доколку сî насочите на тоа да Му угодите Нему Единиот и потоа Нему да Му се обраќате за секое недоумение и духовна потреба - со вера и целосна преданост на Неговата волја - тогаш бидете уверени дека сите ваши дела, како внатрешни така и надворешни, ќе започнат да се одвиваат на најдобар можен начин. Голема работа е да се разбере дека без Него не можеме ништо, а уште поголема - само Нему да Му прибегнуваме, со вера, очекувајќи несомнена помош.

Тешко ви е да го гледате нарушувањето на Божјите заповеди? А како Пречистиот, Сеприсутниот Бог, Кој сî гледа, ги поднесува вашите гревови? Однадвор сè уште и наликуваме на нешто... а одвнатре - оф! Господ тоа сепак го поднесува, очекувајќи дека еднаш ќе се освестиме и ќе започнеме да ја исправуваме нашата душа (8, п. 1237, стр. 17).

Во Стариот Завет изразот „Којшто доаѓа“ се однесува на Месијата, Избавителот Којшто требало да дојде. „Благословен е Оној Кој доаѓа“, тоа е Синот Божји, Кој се Воплотил заради наше спасение, а „во Господово име“ значи - во името и во славата на Триипостасниот Бог. Кај нас христијаните, овие зборови укажуваат на Второто доаѓање и на секое благодатно приближување на Господа кон нас, како во Тајната на Светата причест.

... За Бога не може да се каже дека се развива... Бог кој се развива не е Бог.  Ако Света Троица се објаснува тргнувајќи од сфаќањето за развивањето на суштината на Божеството, тогаш мора да се допушти дека најпрво се појавил Синот, а потоа Светиот Дух... И во однос на Лицата на Пресвета Троица ќе влезе моментот време... со што се уништува православното учење... Затоа што според православното учење Бог секогаш е Отец, Син и Свет Дух. Ни Синот, ни Духот не започнале да постојат, туку се беспочетни со Отецот... како што се пее и во Црквата: „Беспочетното Слово на Отецот и Духот... “ и понатаму.

Бог Света Троица е невидлива, скриена и нема лик. Во свеста треба да се има Божјата сеприсутност, а ликови не треба да се создаваат.

Господ е управител на светот и на секое лице, посебно на оние коишто Му служат. Што и да му испрати на некого, сî е за спасение. Негувајте ја верата во тоа и со надеж вдахнувајте се на трпение.

Главното е - дека Бог нема секогаш да ги троши Своите невообичаени средства, та затоа нî опкружил со обични, кои се исто така Негови. Со невообичаени средства Тој се служи тогаш кога ќе ги исцрпи обичните. Но тоа не е закон: бидејќи Бог дејствува независно, онака како што í е угодно на Неговата света волја.

На оние кои не Го познаваат Бога, многу нешта може да им се простат, но оние коишто Го спознале, а чувствата на своето срце не ги држат во потребниот ред, нема на што да го засноваат своето оправдување.

(Продолжува)

Подготви: Марија Влакеска

Друго:

Hristos.svetiteli.jpgСв. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (2 дел)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная