Служев молитва за умножување на Грузискиот народ. Ноќе имав видение: двајца мажи дојдоа кај мене. Тие беа облечени како стари воини. Ме фатија за раце од двете страни и ме одведоа некаде. Влеговме во бела зграда без Крст. Собата беше обвиена во темнина, дури ни ѕидовите не се гледаа. Додека моите очи се приспособуваа на темнината, видов крвави, мртви деца расфрлани низ камениот под! Лежеа на подот. Од таванот, низ постојната празнина, убиените деца повторно се излеваа надолу, така што беше невозможно да се гази. Застанав на прсти.
Набргу се слушна громогласен глас: Доаѓа, се приближува. Мислев, можеби, се приближува главниот командант на оние што ме донесоа овде. Го кренав погледот и ја видов Пресвета Богородица опкружена со Ангели и Светители.
Таа беше облечена во бела наметка. Веднаш знаев. Еве го,тој кој побара умножување, и овие двајца ме покажаа.
Богородица ме погледна строго, покажа кон раскрвавените деца на подот и рече: Заради тоа Ме молиш? Вака ќе се намножи Грузија?! Јас ќе намножам, а тие ќе убијат?! Таа се сврте и замина. Двајцата ме земаа и ме вратија во ќелијата.
Свети Гаврил следниот ден им го кажал ова видение на присутните на молитвата. После тоа, сите жени, големи и мали, молеа и бараа:
- Мајки! Немојте да абортирате, спасете ја Грузија од смрт!
- Многу се исплашив кога ја видов лута Пресветата Богородица,
незнаев каде да бегам, не посакувам никој да Ја види таква Кралицатa на небото и земјата.
Свети Гаврил Грузијски
Од Фб профил на Свето Православие