логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Zima.sv.Nikola5

 

Поуки
Демоните често имаат навика да нѐ советуваат воопшто да не се исповедаме, или да се исповедаме во трето лице, или вината за својот сопствен грев да ја префрламе на други. На исповед биди и по надворешниот изглед и во длабочината на душата како осуденик: ако е можно со солзи натопи ги нозете на отецот, како да се Христови. Нека не те опрелестува духот на гордоста: немој да ги кажуваш своите гревови во трето лице. Зашто, без срам не може да се ослободиме од срамот.

Слободно покажи ја својата повреда на лекарот. Не се срами, речи: „Тоа е моја рана, отец. Тоа е мојата лузна. Никој друг не ја направи туку мојата сопствена лесноумност. Никој друг не е виновен – ни човек, ни дух, ниту тело, ниту нешто друго – единствено мојата невнимателност“. 7Св. Јован Крстител од оние кои доаѓале кај него барал пред крштевањето да се исповедаат. Не затоа што му била потребна нивната исповед, туку затоа што се грижел за нивното спасение.


Покајанието е обнова на Крштението. Покајанието е договор со Бог дека ќе се води еден нов живот. Покајанието е извор на смирението. Тоа е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесни добра. Покајанието е самоосудна мисла и грижа за себе, без грижа за споредните работи. Тоа е ќерка на надежта, откажување од безнадежноста.
Човекот што вистински полага сметка со својата совест, го смета за изгубен секој оној ден во кој не плачел, дури и ако тој ден направил не знам какви добри дела.


Како што водата може да ги избрише буквите, така и солзите можат да ги избришат гревовите.


Свети Јован Лествичник

 

Избор од фб на

Vesna Smilkova



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4481
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4265
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3749
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…