логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

10/03/2021

од Христабел Елена Андерсон

starec.Sofronij.Slepche
Архимандрит Софрониј, слика Христос на Тајната вечера, во раните 1980ти, Манастир Свети Јован Кртител, Трпезарија. [1] Слика: Ставропигијален манастир на Свети Јован Крстител, Есекс.

Белешка на уредникот: Ова е вториот дел од серија за уметничкиот пат и иконографско наследство на Свети Софрониј (Сахаров) видено преку колекцијата монографии од сестра Гаврила, член на неговата монашка заедница во Есекс, Англија. После издавањето на првиот дел од оваа серија минатата година, старец Софрониј беше канонизиран од Светиот и Велик Синод на Вселенската Патријаршија, добивајќи ја титулата Свети Софрониј Атонски. Поради неговото обемно делување како иконограф и литург, неговата канонизација е особено важна за иконографите, литурзите и љубителите на литургиската средина.

Продолжувајќи го истражувањето на исклучителната иконографска работа на Свети Софрониј Атонски (1896-1993) започнато во резимето на Потрага по совршеност во светот на уметноста: Уметничкиот пат на Старец Софрониј, сега доаѓаме до втората монографија од овие уникатни серии од сестра Гаврила, која е насловена “Битие„: Уметноста и животот на Старец Софрониј (2016)[2].

Aleksandar.N.sv.Haralampij
Вовед:

Во текот на минатиот век, Свети Софрониј Атонски се појави како водечки подвижник и духовник, исихаст, и теолог par excellence на ипостасниот принцип и Несоздадената Светлина. Единствено, тој истовремено тежнеел да ги изрази и своето огромно теолошко и лично духовно искуство преку иконографијата педантно применета на различни места, а особено оние во манастирот којшто го формира во Англија во 1959 година.

Сестра Гаврила е член на монашката заедница на ставропигијалниот манастир Свети Јован Крстител во Есекс, Англија, и е исто така успешна иконографка која, откако првично студирала со Леонид Успенски во Париз, потоа за иконографија била ученик на Свети Софрониј. Покрај тоа што содржи обемни нови истражувања за животот на светителот. голем дел од книгата е базиран на нејзините лични забелешки направени во текот на 10 години додека му помагала за многу проекти за иконографија.

Во ‘Битие’ наоѓаме проникливо продлабочување кое поттикнува на размислување и анализи на многу од главните и почетни теми во Барање совршеност (првата книга од серијата), како и обемен нов материјал од кој повеќето е непознат досега и претходно не е објавуван. Ова понатамошно откривање на делото на Свети Софрониј е исто така можност да се издадат многу од неговите додатни мисли и проникнувања за темата сликање на православна икона, додека спонтано испитувајќи ја неговата вмешаност како еден од основачите на групата ‘Bytie’ (битие) во раните 1920ти во Москва. Сестра Гаврила избра да направи посебно истражување на оваа особена нишка од неговиот живот како и неговата рана инволвираност со група толку примерна и угледна што понатаму ќе стане доживотна потрага на светителот за значењето на Битието.

Сестра Гаврила пишува дека “Потрагата по знаење за Битието се провлекува како нишка низ целиот живот на старец Софрониј. На моменти станува тенка, во опасност од прекинување, а во други моменти станува деликатно тенка; но без оглед на сите тешкотии, не е откината и преку неуморната упорност завршува не само силна како јаже, туку на крајот, и спасение.“

Потрагата за Битието – почетоци

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Фамилијарната резиденција на младиот Сергеи Сахаров во Москва, сликана во 2013. [4]



Испитувањето на оваа непрекината нишка започнува за време на детството на старец Софрониј во Москва и го следи неговиот духовен и уметнички развој. Очигледно е дека од неговите најрани години тој бил преокупиран со духовни прашања и имал духовни и уметнички дарови. Таа пишува дека Сергеј Симеонович Сахаров (1896-1993), бил „од најраното детство преокупиран со прашања за вечноста“[5]. Тој честопати присуствувал на црковните служби со неговата бабичка и поминувал многу часови седејќи пред нејзините нозе и молејќи се. Во неговите записи тој се присетува на излегувањето од црквата како дете и гледањето на Москва „облеана од духовна златеста светлина додека во исто време чувствувал неопислива радост и мир.“[6] Тој често имал такви искуства, но дури многу подоцна во неговиот живот тој го разбрал дарот на овие појавувања на светлина, и напишал за тоа:

“Имаше моменти кога излегувајќи од црква ќе го видев градот, кој тогаш беше цел свет за мене, осветлен од два вида светлина. Сончевата светлина не можеше да го засени присуството на другата Светллина. Кога помислувам на тоа ми се враќа чувството на тивката среќа што ми ја исполнуваше душата во тоа време. Имам заборавено скоро сѐ што се случуваше во тој период од мојот живот, но светлината не ја имам заборавено.“[7]

Неговиот татко, Симеон Сахаров, “...се погрижи неговите деца да одат во најдобрите училишта, обезбедувајќи им солидно образование, богато со Руска литература и култура... каде што ќе ги проучувал историјата и елементите на христијанската доктрина, Руската и Европската литература, и класичните јазици и Францускиот јазик, световната историја, калиграфија и бројни други дисциплини...“[8] Сергеј особено сакал да црта и уште од неговите најмали години често можел да се најде седнат под масата во ходникот да црта.

Уметничка обука

Сергеј копнееше да стане сликар, за што беше неопходно да учи на Московскиот институт за сликање. Во подготвувањето на приемниот испит се смета дека “... студиото коешто го посетуваше беше тоа на Федор Рербег, кое обезбедуваше солидна, класична основа во сите традиционални техники на уметноста. Атељето на Виктор Васнецов беше само една зграда подолу од семејниот дом и може да било уште едно место кое Сергеј често го посетувал. Тој имаше длабока почит кон овој сликар, сметајќи го како за “патријарх„ меѓу сликарите.“ [9]

Aleksandar.N.sv.Haralampij
Fedor Ivanovich Rerberg (1865-1938), A Church in Sunlight, 1903,
oil on canvas.[10]

Aleksandar.N.sv.Haralampij



Viktor Vasnetsov, Rejoice in the Lord, O ye Righteous, panel 2 (centre) of the triptych, 1896, watercolour, gouache, ink, bronze and paper on canvas.[11]  State Tretyakov Gallery, Moscow.
Study for a wall painting for the Vladimir Cathedral in Kiev.

Aleksandar.N.sv.Haralampij
Сергеј Симеонович Сахаров, сликана во 1918. [12]



Сергеј е роден во 1896, во време на мир, кон крајот на владеењето на цар Николај ΙΙ, во последните години на Руската империја. Како и да е, уште на возраст од осум години неговиот живот беше засенет од трагични, катаклизмички настани: војната со Јапонија (1904), првата револуција (1905), смртта на неговиот постар брат (последната четвртина од 1909-10), првата светска војна (од 1914), револуцијата на и болшевичкиот државен удар (во 1917), проследен со цивилната војна. За ова тој ни кажува:

„Јас бев се уште млад кога трагедијата на историските настани надмина сѐ што имав читано во книгите. (Мислам на избувнувањето на првата светска војна, која набрзо беше проследена со револуцијата во Русија.) Моите младешки надежи и соништа се срушија.“

Катастрофалните настани „ги зацврстија егзистенционалните прашања на Сергеј: зошто се родил и која е целта на животот ако сѐ треба да заврши со смрт и вечен заборав. Овие прашања го измачуваат до степен што тој чувствуваше дека го доведуваат до границите на лудило. Тој не го откриваше ова негово внатрешно измачување на никој и надворешно продолжи да живее како и секој млад човек, често смеејќи се и шегувајќи, меѓутоа прашањето продолжуваше да гори во него. Поради неговата внатрешна борба, тој не се зближуваше длабоко со другите млади луѓе и бараше решение во неговата уметност.

Неговата потрага беше насочена кон прашањето за смртта и концептот на вечен заборав, или небитие. „Размислував за смртта не само на телото, за земната форма на смртта, но во вечноста“. [15]

Во оваа состојба на немир тој продолжуваше да се моли и да ги чита евангелијата, „се додека еден ден, на возраст од седумнаесет години, додека одеше надолу по една улица во Москва, ненадејно го погоди помисла во форма на сомнеж. Помислата му велеше дека учењето на евангелието за љубовта е само психолошко, и со свесен напор престана да се моли.“ [16] Наместо тоа тој својата потрага ја продолжи низ различни источни религии, медитација и јога, „обидувајќи се преку овие практикувања да дојде до познание на непознатото и недостижното, мистеријата на Битие. Тоа беше тренд меѓу уметниците, особено од Сребрениот век, да ги истражуваат сите видови на мистични практики и движења“.[17]

( продолжува )

Превод: Сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче

 

https://www.manastirslepche.mk/novost/bitie-umetnosta-i-zivotot-na-starec-sofronij-i-del/






dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная