логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.vasilij.veliki.jpg... Дали си, можеби, човек од незнајно потекло, или непознат, или најсиромашен меѓу сиромашните, или без дом и татковина, или болен, или лишен и од најосновната храна, или стравуваш од господарите, или од секој се плашиш заради ниската положба (зашто, кажано е: “Сиромавиот не поднесува закани” При. 13, 8)? Сепак, немој да очајуваш и да ја губиш добрата надеж. Ти во сегашноста немаш на што да ти позавидат, но вознеси ја својата душа кон добрата кои веќе ти постојат кај Бога и кои, по ветувањето, ти се подготвени за иднината. Накрај, ти си човек, единствено богосоздадено (односно, со особено Божјо дејство создадено) живо суштество. Зарем не ти е доволно тоа што здраво мислиш, што заради горната радост со сопствени раце те создаде Бог, Кој создаде сe?

Зарем не ти е доволно, бидејќи создаден по образот на својот Творец,  со добро држење можеш да достигнеш рамноангелска чест? Ти си добил умна душа со која размислуваш за Бога, со помислите продирајќи во природата на битијата и собирајќи ги најслатките плодови на мудроста. Тебе ти се покорени и потчинети сите животни и оние кои живеат на копното (било диви или питоми), и оние кои живеат во водата и оние кои летаат по воздухот. Зарем ти не си измислил разни вештини и зарем не си подигнал градови? Зарем не си го измислил и она што ти е неопходно и она што служи за насладување? Зарем твојата словесност не направи брегот да ти биде прооден? Зарем земјата и морето не му служат на твојот живот? Зарем воздухот, небото и мноштвото ѕвезди не ја покажуваат својата хармоничност?

Зошто си малодушен? Затоа што немаш коњ со сребрени узди? Но, ти имаш сонце кое непрестано, во текот на целиот ден пред тебе носи светилка. Ти можеби немаш блескаво злато и сребро, но имаш месечина која те осјајува со својата илјада пати посилна светлина. Ти не се возиш во позлатена кола, но имаш нозе како сопствена и природна кола. Зошто ги почитуваш луѓето кои ги наполнале паричниците и на кои им се потребни туѓи нозе за да преминат од едно место на друго? Доколку не спиеш на слонова постела, сепак ја имаш земјата која е многу поскапоцена од слоновата: на неа ти слатко одмараш, имајќи лесен и безгрижен сон. Ако и не лежиш под златен покрив, ти над себе го имаш небото кое блеска со неискажливата убавина на ѕвездите.

 Меѓутоа, сe кажано сеуште е човечко. А постои и нешто друго, далеку позначајно. За тебе Бог беше меѓу луѓето и за тебе се разделуваат даровите на Светиот Дух. Заради тебе постои уништувањето на смртта, надежта во воскресението, заповедите Божји, кои го усовршуваат твојот живот, искачување кон Бога со помош на заповедите, прекрасното небесно Царство и подготвените венци на правдата, доколку не се оддалечиш од трудот во доблестите.

(Продолжува)...

 

Подготви: Михаила Поповска

Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (5)

 Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (4)

Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (3)

Св. Василиј Велики -Внимавај на себе (2)

Св. Василиј Велики -Внимавај на себе (1)

 

Посети: {moshits}
 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2135
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2154
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 595
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/05/2026 -сабота

Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная