логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Се случува, тешејќи го своето дете, мајката да му рече: „Не се плаши, јас сум со тебе“. Ете така и нашиот Творец, милосрдниот и човекољубив Бог, Отецот на изобилието и на секоја утеха, ѝ се обраќа на верната душа, која се наоѓа во искушенија и маки: „Не плаши се, Јас Сум со тебе!“

„Јас сум Создателот, Спасителот и Искупителот, Јас сум твојот Помошник и Застапник. Јас сум Оној Кој сѐ држи во рака, на Кого сѐ Му се покорува – Јас Сум со тебе!“

Така Господ бил со Својот верен син Ное и го спасил од сесветскиот потоп. Бил со Лот и го спасил од казната содомска. Бил со Своите слуги Авраам, Исаак и Јаков, чувајќи ги во нивните лутања кон ветената замја. Тој бил со праведниот Јосиф, чувајќи го во искушенијата и страдањата, а потоа го прославил.

Господ бил со израилскиот народ за време на неговото ропство во Египет. Тој со моќната рака го извел од земјата на угнетувањето, го разделил Црвеното Море, го повел среде морето и го спасил од фараонот – мачител. Бил со нив во пустината и ги хранел со чудесната манна, поразувајќи ги непријателите пред Неговото лице и ги повел во гората на Своите светињи. Бил со тој народ и во ветената земја и го спасил.

Бил со Својот помазаник Давид и го спасувал во различни искушенија и гонења, и го спасил Својот слуга од неговите непријатели. Бил со Јона во морската длабочина и го сочувал во утробата на китот и го избавил. Бил со трите момчиња во вавилонската печка, ја изгасил силата на огнот и ги научил да пеат благодарна песна. Бил со Данаил во јамата, ги затворил устите на лавовите и го спасил од таму.

Бил со апостолите, со мачениците и ги спасил од ужасните мачења. Бил со оние во пустината, оние кои живееле во пештери и пусини, и ги спасил од замките на сатаната. Бил и ќе биде, до крајот на векот со Своите верни слуги, според Своето непроменливо ветување: „Јас Сум со вас во сите денови, до крајот на векот. Амин“ (Мт. 28,20). О, најсладок е Твојот глас: „Искрено си ветил дека ќе бидеш со нас до крајот на векот, Христе…“

Ете зошто Неговите верни слуги, чувствувајќи го Неговото присуство и живата утеха, радосно пеат: „Господ е наше прибежиште и сила, помошник во маките што нѐ стигнаа… Господ е мое просвештение и мој Спасител; од кого да се бојам? Господ е заштитник на мојот живот; од кого да се плашам?“

Христијанину, ти гледај само да бидеш Божји, а Бог Своите не ги остава. Верувај во Него како во Бог со сето срце, угодувај Му со вера и правда; целата надеж полагај ја на Него и повикувај Го во своето срце.

И каде и да си, во какви било искушенија и неволји да се наоѓаш, Тој е секогаш со тебе, гледа на твојот подвиг и со невидливата рака те укрепува и ти помага.

Дури и против тебе да се свртат сите лоши луѓе, заедно со демонските полкови – тие нема ништо да добијат! „Господ ќе те спаси од секое зло, Господ ќе ја спаси твојата душа“.

„Не ме оставај, Господи, Боже мој! Не се оддалечувај од мене. Побрзај да ми помогнеш, Господи, Спасителу мој!“ (Пс. 38,21-22) „Господи на силите, со нас биди, зашто освен Тебе, друг Помошник во неволјите немаме! Господи на силите, помилуј нѐ!“

Свети Тихон Задонски

Извор: http://pravoslavie.mk.

2-ри мај 2017 лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2684
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7134
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6966
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная