Вистината на земјата ја донесе Светиот Дух, кој ги исполни апостолите на денот на Педесетницата. Оттогаш тој престојува на земјата. Негови спроводители се устите на Божјите свештеници. Ако некој од нив ја затвори својата уста, патот кон вистината ќе се затвори кон верниците, чии што души го чекаат. Затоа душите на верниците страдаат, не сознавајќи ја вистината.
Па и самите свештеници треба да ја чувствуваат тегобата од вистината, која не наоѓајќи излез, ги оптоварува. Свештенику Божји, ослободи се од таа тежина и излеј потоци божествени слова заради своја утеха, а и заради оживување на душите кои ти се доверени. Ако видиш дека во тебе самиот нема вистина, земи ја од Светото Писмо. Исполнувајќи се со неа, испрати ја кај своите духовни деца. Самој немој да молчиш. Проповедај, бидејќи за тоа и си повикан.
Свети Теофан Затворник
Избор од фејсбук страната на: Катица Проданова