логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 seraphim_rose's_cell-196038

04/03/2016   Поуки - совети

Во критична состојба, кога човекот е лишен од книги или од каква било надворешна потпора, може да се потпре на својот внатрешен „багаж“. Познавањето на законите и догмите не спасуваат. Треба да се стекне Христос во своето срце. И кога човекот ќе успее во тоа, тогаш православниот човек во затворот има цела програма на живот. Најпрво треба да се присети на православниот календар, кога и кои светители се спомнуваат. Не е задолжително да се знае целиот календар, нашиот црковен живот ќе ни ги каже најважните празници во црковната година, и веднаш ќе се присетиме на сѐ што ни се насобрало во срцето. Ќе ни помогнат и молитвите и псалмите, нив треба секојдневно да ги пееме. Ќе се сетиме на луѓето за кои можеме да се молиме…

Во мислите можеме да се „прошетаме“ по целата земја, од континент до континент, од земја во земја. Можеме да се молиме за нашите познаници и за оние што малку ги познаваме, дури и ако не се сеќаваме на нивните имиња – за ерарси и игумени, за цели парохии, за свештеници, за манастирите во Светата Земја, за светогорските монаси… Колку повеќе некој се сеќава на имиња и случки за кои може да се моли, толку полесно ќе ги поднесува сопствените страдања, толку е побогат неговиот внатрешен „багаж“ со кој ни затворот не е страшен.


Блажен Серафим Роуз


Преземено: мпц.орг.мк

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3381
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3202
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…