Св. Нектариј ЕгинскиТрудете се да имате љубов. Секојдневно барајте од Бога љубов. Заедно со љубовта доаѓа сето богатство на добра и добродетели. Сакајте, за да бидете сакани од другите. Дајте Му Го на Бога сето ваше срце, за да останете во љубовта. „Кој пребива во љубовта, пребива во Бога и Бог во него“ (1 Јован 4:16). Должни сте да имате големо внимание во меѓусебните односи и да се почитувате еден со друг како свештени лица, како икони Божји. Никогаш не гледајте на телото или на неговата убавина, туку на душата. Внимавајте на чувствата на љубов, затоа што ако срцето не се загрева со чиста молитва, љубовта е во опасност да стане телесна и неприродна; во опасност е да го помрачи умот и да го согори срцето.
Треба секојдневно да испитувате, затоа што можеби нашата љубов не произлегува од врската на нашата заедничка љубов кон Христа; можеби не извира од полнотата на нашата љубов кон Господа. Оној, кој бдее за да ја сочува чистата љубов, ќе се сочува од замките на лукавиот, кој се обидува малку по малку да ја преобрати христијанската љубов во љубов заедничка и сентиментална.
Извор: Православни одговор
by Маран Ата