Вера - Св.Варсануфиј Оптински
Чувајте ја светата вера, тоа бесценето богатство, и со неа влезете во Царството; ние не се трудиме за нешто тривијално, туку за стекнување на царство, и тоа какво царство – Небесно! Ние сакаме да постанеме негови жители.
Имаше еден богат човек кој постана сиромав; ова беше тешко, но можеше да се преброди. Имаше и здрав човек кој се разболе, но и ова беше поправливо, зашто со сиромавите и бедните е секогаш Христос. Но да ја изгубиш верата е голема трагедија. За таков човек навистина е страшно, зашто тој нема никаква поткрепа.
Вера - Св.Никон Оптински
Има периоди кога Бог допушта човек да се почуствува како да е напуштен, а сепак Он сеуште го чува и ја води неговата душа кон спасение. Ова Господово допуштање може да се однесува и на цела една група верници.Нашата основна грижа е да ја сочуваме верата Христова. Ако ја чуваме нашата вера, тоа е надежта за нашето спасение. Човек мора да ја пази својата вера и да се чува од секаков грев.
Ве преколнувам да живеете побожно за да можете да ја сочувате вашата Православна вера, така што никој и ништо, никакви околности и никаква тага да не можат да ве одвратат од неа. За ова апсолутно мора да се молите, барајќи ја Господовата помош да ја сочува вашата вера чиста.
Дојде времето да бидеме испробани; дали имаме вера? Верата може да ја зачува оној кој верува ревносно и искрено, и кому Бог му е најдраг од се. Само оној кој се чува себе си од секаков грев може да ја чува својата вера; според Светото писмо: „Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли.“ (Јован 3-19)
Љубов кон ближниот-Св.Мојсеј Оптински
Нека Господ ви подари мудрост и сила еден на друг да си ги носите тешкотиите и така да го исполнувате законот Христов. (Нека ви подари) и љубов и мир. Нека грешките, недостатоците и гревовите на браќата бидат мои.
Духовните слабости на својот брат мораш да ги поднесуваш радо, а не со лутина. Зашто кога некој е телесно болен, ние не само што не му се лутиме, туку и служиме за пример во нашата грижа кон него; таков пример треба да даваме и во случај на духовна болест.
Ако сакаш да бидеш духовно спокоен, никогаш не заминувај од некого чувствувајќи се изнервиран, но пробај на секој нaчин да простиш секому во својата душа и да бидеш во мир онолку колку што е можно, за да се разделите со спокоен дух; на овој начин ќе уживаш духовен мир.
Извор: св.Петка, Чикаго