логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Главната новост на последните денови од летото и почетокот на есента 1997 година беа две смрти – на принцезата Дајана и на монахињата Тереза од Калкута. Тие два настани буквално го потресоа целиот свет. Двете покојни жени беа најголеми хероини, идоли на нашето
време, пример за подражавање. Оттука оваа навистина сеопшта тага (и сеопшта хистерија) поради губитокот на истите.

 Секое време има свои јунаци. Самиот факт дека за таа улога се одбираат овие или оние луѓе многу говори за духот на времето. Кого сака да го подражава современиот свет? Христијанскиотморал сега речиси станал навреда. На современиот човек синоним за тој морал му е – лицемерноста,
досадата и принудата. Неодамна во крупен план ни покажаа како на погребот на еден од прославените јунаци од нашето време, светски познатиот моден креатор Џани Версаче, изопаченик и развратник кого го уби неговиот љубовник, принцезата Дајана го гушка и трогателно го теши другиот изопаченик, светски познатиот поп-пејач Елтон Џон. Токму тој, по неколку месеци, беше удостоен под сводовите на древната Вестминстерска опатија да отпее песна на опелото на самата Дајана.А уште на почетокот од овој век, во Англија, човек подложен на гревот што го прави пријателот на Дајана, ако не се покаел, не би го пуштиле ни на прагот на некој селски храм, а да не зборуваме за
една од главните светињи во земјата.

На почетокот од овој век други биле јунаците и примерите за подражавање. Великата руска кнегиња Елисавета Фјодоровна, која искрено, од длабочината на душата, целиот живот правела добро, била пример уште тогаш на секогаш популарниот христијански морал и добродетел. Колку е таа, на прв поглед, блиска на современите хероини, а колку е, всушност, далеку од нив! Како и Дајана, и света Елисавета била позната убавица. Како и принцезата од Велс, и таа страдала од ладнотијата на царскиот двор, не доживеала среќа во семејниот живот, рано останала без маж и трагично предвремено погинала (ја убиле болшевиците во 1918 год.). Како и мајка Тереза, основала монашко сестринство чија главна задача била помош на сиромашните И сакатите.

Но тоа е само надворешна сличност. Зад неа постојат длабоки, принципиелни разлики.

Политички коректен хуманитарен апартхејд

 Принцезата Дајана, која сега ја нарекуваат најдобра и најсветла современа жена, била припадник на кралската куќа на сè уште (макар формално) христијанска земја. Колку таа во себе ги воплотила христијанските добродетели? Неверна жена, несреќна жена, која очајно настојувала да го добие својот дел на земни сласти и, трчајќи по нив, се фрлала од авантура во авантура и, на крајот од сè лошо, трагично погинала, после добар ручек, во прегратката на уште еден плејбој, кој заедно со неа седнал во автомобилот зад чиј волан се наоѓал пијан возач. Тоа е жена која плетела интриги против кралската куќа што ја примила ладно и која поради таа цел ја користела целата моќ на печатот. Тоа е жена на која повеќе од било кој друг и’ успеало да ја компромитира кралската куќа и самата идеја на монархијата во Велика Британија. Тоа е жена чии љубовни авантури жедно ги следеле во целиот свет, и која свесно ги чинела достапни на јавноста преку печатот кој и’ бил наклонет. Тоа е жена која целиот живот позирала и играла улога „за масите”, бидејќи тоа било неопходно за да се наоѓа во прв  план. Играта траела до последен час, до часот на гибелта.
Хуманитаризмот бил составен дел од таа улога. Колку е тоа убаво: висока, убаво градена долгонога русокоса, запрепастувачки убава принцеза долетала во далечната Африка и држи  во рацете црно момче (обрнете внимание на нејзината беспрекорна фризура). Таа не се уплашила да излезе од својот Хилтон со десет ѕвездички и да прошета – не по ќилимот, туку по нашата грешна земја! Не се гадела да вдишува од селскиот воздух, наместо од еркондишн! Каков подвиг на човекољубие! Погледнете колку одважно таа оди во клиниката за жртви од СИДА!Принцезата се спушта од своите небесни височини во бездната на човечкото страдање и – о, чудо! –таа се осмелува да се ракува со болен човек! (Добро е познато дека СИДАта не се пренесува со секојдневни контакти.)

 Па сепак, позирајќи онолку колку што е потребно пред ТВ камерите и фотоапаратите, со човечката беда и јад во позадината, принцезата се враќала во својот лондонски двор, во својотпариски дом, на својата медитеранска јахта, и сè се враќало во својот колосек: малите Црнци И понатаму страдале од глад, а болните и понатаму умирале од своите болести. Единственото чудо кое навистина се случувало била растечката популарност на онаа која на целиот свет му трубела за своето човекољубие („што да правам – ги сакам луѓето, па тоа ти е!”), т. е. принцезата Дајана. И народот, и покрај стварноста, и покрај фактите, поверувал во тој мит. „Народната принцеза” Дајана станала негов идол и кумир. На некој начин ова светско „обожавање” се споило со светското интересирање за нејзините љубовни авантури. Но нејзината смрт (во извештаите на новинарите сè почесто се сугерира дека станува збор за „искупителна жртва”) покрила сè

.Кога се говори за Дајана како голема хуманитарка, се сеќавам на една епизода. Не толку одамна, на почетокот од летото 1997., таа дојде во Босна, во рамките на хуманитарната акција за помош на децата пострадани во војната.Како што соопшти НТВ, планирајќи го патувањето, Дајана изјавила дека нејзината нога не ќе стапне во српскиот дел на Босна: таа ќе отиде во муслиманско-хрватската федерација и единствено таму ќе им помага на децата. Па што – може да се претпостави дека наивната англиска принцеза и’подлегнала на медиумската манипулација кога се во прашање Србите и Србија. Но каква врска има тоа со децата? Дури и единствено српските власти и армијата да се одговорни за граѓанската војна, зар децата на Република Српска од војната пострадале помалку? Што и’ згрешиле толку српските деца на принцезата, па се покажало дека се недостојни за нејзиното хуманитарно внимание?
Секое време има свои јунаци и свои „светци”. Принцезата Дајана била подигната на врвот на пиедесталот на нашето време. Се стремела да биде секогаш на врвот, на сите пред очи, што на крајот и ја убило. Многу ми е жал за несреќната млада жена која трагично погинала. Но не можам да не ги наведам зборовите на мудрата Русинка од Адигена, изговорени како одговор на прашањето на дописникот од една позната ТВ компанија: „Жал ми е, секако. Но, да си седеше дома со маж и’, никаде да не талкаше и скиташе, и сега ќе беше жива”.
Христијанство кое Го премолчува Христа
Смртта на принцезата до некаде ја засени смртта на една друга светски позната жена, која следниот ден умре на сосема друг крај од светот. За разлика од првата, тоа беше природна и, такаречи, очекувана смрт. Покојничката беше во длабока старост, тивко угаснувајќи се по долгиот И многу плоден живот. Беше христијанска монахиња, основач на прославениот ред кој се посветил на служба на ближниот. Тоа беше вистинска хуманитарност – мајка Тереза и нејзините чесни сестри не го правеа пред ТВ камерите и пред сите тоа што го правеа, туку навистина им помагаа на угнетените, служејќи им со целиот свој живот и не разликувајќи ги по религија и националност. И светот ја оценил таа дејност: мајка Тереза станала носител на Нобеловата награда за мир, а средбата со неа ја чекале најугледни луѓе на нашата планета; да ја примат и да се фотографираат со неа настојувале и најпознатите политички, религиозни и културни пратеници.

Навистина, нејзината самопожртвувана дејност во најголема можна мера била благородна и достојна за најискрен восхит. Па сепак, може ли таа да се нарече специфично христијанска? Хумана? Да! Човекољубива? Да! Самопожртвувана? Да! Но истото тоа го прават и нерелигиознитехуманитарни организации „Лекари без граници”, Црвениот Крст, младите доброволци од „Корпусот на мирот”...

Не настојувам да го намалам подвигот на мајка Тереза или да ја оцрнам неа самата. Како деветнаесетгодишно девојче таа стигнала од родната Македонија во бедната Индија и почнала да го прави тоа што знаела и умеела и што срцето и’ го заповедило. Таа наизглед се раководела од добро начело: прво треба луѓето да се нахранат, а потоа да им се зборува за Христа. Сепак, да замислиме како апостолите, доаѓајќи во Лида или во Филипи, почнуваат таму да организираат јавни кујни и болници за сиромашните пагани, за потоа да почнат да проповедаат. Тогаш, сигурно, и нивните следбеници би се занимавале само со хуманитарни акции, затоа што бројот на гладните во светот не се намалил и луѓето е потребно да се хранат како и некогаш. Што значи, како и некогаш, прерано е да се говори за Христа. Светот, на радост на кнезот на овој свет, така никогаш не би ја слушнал Радосната Вест, а христијанството би се претворило во филантропско хуманитарно движење, чии членови би извршувале некои езотерични обреди.
Но сите ние знаеме дека апостолите на друг начин ја сфатиле последната заповед која им ја дал Спасителот: Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух... (Мат. 28, 16).

Меѓутоа, токму таквата, хуманитарна верзија на христијанството светот е подготвен да ја прими со радост: тоа е христијанство кое го премолчува Христа, христијанство сведено на своите социјални учења, кое не ги преминува границите на истите.
Светот е подготвен да оди и понатаму. Сега, во векот на сеопшта толеранција, тотално взаемно сфаќање, уважување спрема сите вредности во исто време, тој е подготвен да го прими И христијанството со магловити граници. Илустрација на таквото христијанство е – о, леле! – заедницата на мајка Тереза. Римокатоличката црква од понеодамна се раководи, заради успешна мисија, од принципот дека е неопходно човек да се маскира со локални обележја, па дури тогаш, под житото, луѓето да се обрнуваат во својата вера.

Тој „циркус” не го одбегнале ни сестрите на мајка Тереза. Но Далечниот Исток е префинета работа, и со далекуисточните религии обично се случува обратна појава. Колку повеќе христијанството со нив се маскира, толку повеќе се раслабува со идеи и концепции кои со нив се неспоиви. Тие не облекле само сари, ниту запалиле само индиски миризливи стапчиња, стилизирајќи ја својата богослужба според локалниот обичај, туку усвоиле и многу хиндуистички техники на вежбање и медитација.

И навистина, не е случајно што мајка Тереза беше еден од лидерите на движењето кое  бараше од Римската црква Дева Марија да јапрогласи за соискупителка и соспасителка (заедно со нејзиниот Син) на целото човештво.

 И очигледно, исто така, не е случајно што мајка Тереза го поддржуваше лидерот на една од најдеструктивните секти на нашето време: Шри Чинмој, тој убав на лик на Индус кој толку течно И умилно зборува за мирот, љубовта и хармонијата. И секогаш е подготвен да жртвува убава сума (пари) на хуманитарни активности. И кого го интересира тоа што парите што ги дава Шри Чинмој доаѓаат од ученици кои тој ги „обработил”, претворајќи ги во робови? Кого го интересира тоа што тие проповедаат по улиците на христијанските градови и ги одведуваат луѓето од Христа И спасението? Кого го интересира тоа што зад таа секта се влече долга опашка на човечки солзи, разорени семејства, уништени животи? И кого го интересира тоа што Шри Чинмој, со помош на успешно објавена сопствена фотографија со мајка Тереза, канонизиран уште за време на животот, ќе може да врбува уште илјадници нови жртви?
Да не бидеме тесногради фанатици! Како е можно човек да се одрекне од средба со таков човек, ако тој му служи на успехот на хуманитаризмот? Хуманитарноста станува највисока, самодоволна вредност, и од своите слуги бара сè нови и нови жртви. И затоа е неопходно од нашите животи да се отстрани сè што нè спречува да му служиме на богот на хуманитаризмот. Бидејќи тој е љубоморен бог и не трпи служење на други богови...
Хуманитарно душегубство
Богот на хуманитаризмот завладеал со нашите души и умови. Занимавањето со хуманитаризам сè оправдува и дава индулгенција на сè. За своите хуманитарни дејности трубат на цел глас најзлосторничките секти. Хуманитарна помош делеше сектата АУМ Шинрикјо, помеѓу сесиите на правење на нервен гас сарин, неколку пати давајќи прилози за детските градинки. Хуманитарец е и Мун: на тој начин тој му купува респектабилност на своето движење, кое секој ден во просење по улиците испраќа илјада гладни И смртно уморни момчиња и девојки: тој од тоа што ќе го заработат, а тоа се милиони долари дневно, е подготвен да издвои некои стотина илјади за хуманитарна помош, на пример, на „Московски Новости”, кои потоа засекогаш ќе му бидат благодарни. Секатата „Семејство”, која развратува малолетни деца, позната е по своите хуманитарни концерти за деца. Со хуманитаризам се занимава И сектата најжедна за пари – саентологија, навистина, средства за тоа зема од своите следбеници, не знам ни еден случај кога за тоа се земани пари од касата на сектата.

„Друштвото за ширење на свесност на Кришна” својата хуманитарна дејност максимално ја проширило. Тие никаде не ја делат својата „Храна за живот”, а пред тоа да не се договорат таму да ги чекаат ТВ камери и новинари кои се подготвени да пишуваат за тоа како симпатични вегетаријанци со репчиња на избричени глави нахраниле гладни и бескуќници. И никого не го интересира тоа што на запад „Храна за живот” се финансира често од најкриминалните дејности: преку кришнаистичката трговија со дрога, уцена И грабежи.

Скоро на телевизија беа две соопштенија.Во едното од нив се говореше за тоа дека за јубилејот на Москва кришнаистите подготвиле торта од 850 кг., со која бесплатно ги хранеле сите кои тоа го сакаат. А втората репортажа беше за момчето Саша, кого мајка му – кришнаистка, насилно го одвела во Индија, кого кришнаистите го малтретирале и кој преку чудо успеал да побегне и да стигне кај баба си во Москва.
Дали Московјаните кои со апетит ја јаделе полутечната леплива маса која во топки им ја делеле кришнаистите знаеле дека нивните претци попрво одбирале да умрат, отколку да се осквернат себе си со јадење идолска храна? Дека таа торта била платена со нивните сопствени пари на даночни обврзници, или со бесплатната ропска работа на нивните деца? Говореа дека тоа ќе биде чудо: тортата беше подготвена без ниедно јајце. Јајца навистина немаше – тортата ја замесиле со солзите на момчето Саша и илјада негови врсници над кои ѕверски се изживувале во гуруклиите (ашрамите) по целиот свет.
Но за тоа нам не ни е грижа – ние со испружени раце се туркаме да добиеме парче „храна за смрт”, својата бесмртна душа да ја продадеме за бесплатен, леплив и соблазниво сладок дар. И не сакаме да слушнеме како, од левата страна, злобно се смее богот на хуманитарната помош.


 kneginja.elisaveta.jpgВеликата Кнегиња Елисавета Теодоровна се обидела да го возобнови древниот институт на ѓаконисите, во нејзината обител живееле и работеле жени кои го одбрале апостолскиот пат на служењето на жените мироносици.

 Чудесна е и полна со страдања судбата на Великата Кнегиња Елисавета Теодоровна, која била сметана за една од најубавите жени на своето време. Потекнувала од семејството на Хесен-Драмштатскиотхерцог и принцезата Алиса, ќерка на англиската кралица Викторија. По раѓање протестантка, по мажењето за рускиот Велики Кнез Сергеј Александрович, таа го прима праволсавието.

 Нивниот семеен живот бил краток. Од бомба на терорист загинува нејзиниот маж. Великата Кнегиња Елисавета Теодоровна решава својот живот да го посвети на Бога. „Оставам блескав свет, во кој имав блескава положба, и заедно со сите вас ќе заминам во еден уште поголем свет - во светот на бедните И страдалниците”.

Великата Кнегиња многу се потрудила над создавањето на обителта, над која најпосле таа ќе стане настојничка. Живеела во пост, молитва, многу се трудела, се грижела за болните. Во јули 1918 година болшевиците ја уапсиле Великата Матушка, ја одвеле во Алапаевск, а таму ја фрлиле во јама. Моштите на Великата Кнегиња се покажале нетлени. Сега тие почиваат во храмот на Марија Магдалена во Ерусалим. Великата Кнегиња Елисавета Теодоровна е вброена во хорот на светителите.

kneginja.elisaveta1.jpg


 

 

 

 

 

 

 

 

Превод од српски:
Катерина Вељановска

Извор: Православен пат

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная