логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


Старец Паисиј - Да не започнуваме многу работи - извадок од  Многугрижноста оддалечува од Бог

 

       Денес лугето не живеат едноставно, па затоа многу застрануваат. Започнуваат истовремено повеќе работи и тонат во мноштво на грижи. Јас ќе завршам една работа, па потоа мислам на друга. Никогаш не работам повеќе работи одеднаш. Сега ќе решам, на пример, да го правам ова; кога ќе завршам со тоа, почнувам да размислувам за тоа да правам нешто друго. Бидејќи ако не ја завршам  започнатата работа, а поминам на друга, во душата ќе чувствувам немир. Кога човек работи многу нешта истовремено, просто - збудалува. Доволен е и самиот факт што во исто време мисли на толку работи, па да оболи од шизофренија.

       Во една прилика во ќелијата ми дојде момче со симптоми на психичко растројство. Ме убедуваше дека страда од некоја наследна пречувствителност...

      -За какво наследство ми збориш? – му реков. –Како прво – потребен ти е одмор; како второ – заврши го школото; потоа одслужи војска, па потоа најди некоја работа.

       Сиротото момче ме послуша, и така го најде својот животен пат. Така луѓето се пронаоѓаат и самите себе.

     -Старче, јас лесно се заморувам кога работам. Не разбирам – зошто?

     -Ти недостига трпение, затоа што се занимаваш со разни работи. Се вртиш околу многу нешта, и така се заморуваш. Потоа тоа ти создава нервоза, бидејќи си ревносна и се грижиш /за послушанието/.

     Додека живеев во манастирот, во столарската работилница имав еден помошник, старецот Исидор. Сирот човек, беше многу нестрплив. Ќе почне еден прозорец – ќе се изнервира; ќе земе да прави врата – ќе се изнервира, па и неа ќе ја остави; потоа ќе почнеше да прави кровови. Се оставаше до половина завршено. Ниедна работа не ја доведуваше до крај. Некои даски ќе ги изгубеше, некои погрешно ќе ги исечеше. Така човек само ќе се избезуми, а ништо нема да направи.

      Постојат и такви луѓе кои, иако се со ограничени способности и можат да работат само некоја одредена работа, се занимаваат и се вплеткуваат во многу нешта. Тие на крај ништо нема да направат како што треба, но затоа во тие свои работи ќе вовлечат и други. Ако е тоа возможно, добро е да правиме само една до две работи истовремено, но тие свои работи да ги извршуваме како што треба. Така главата секогаш ќе ни биде бистра и одморена. Кога ќе ја привршиме започнатата работа можеме да прејдеме на некоја друга. Бидејќи ако го растураме умот на многу нешта, како потоа од него да очекуваме некакво духовно делание? Зар така расеан е во состојба да се сети на Христос?

Продолжува......  

Извадок од: „Поедноставете го својот живот за да отстапи напнатоста“
Подготви: Сузана Стефановска

Друго:

 

Посети: {moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4033
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3416
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3249
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…