логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Митрополит Мелетиј Никополски
АБОРТУСОТ КАКО ОЗАКОНЕТО ДЕТЕУБИСТВО

Текстот за абортусот што го објавуваме е примен на седницата на Светиот синод на Грчката црква, одржан на 17 јануари 1986 година, како официјален став на Црквата.

1. ШТО ВЕЛИ СВЕТОТ ЗА АБОРТУСОТ?

Во последните години светското јавно мислење се занимава со прашањето за абортусот многу повеќе отколку кога било порано. Навистина, абортуси имало уште од најраните времиња. Билките за отстранување на плодот биле познати од минатото и се употребувале. Меѓутоа, во тие времиња каков било начин на прекин на бременоста се сметал за недозволен. За тогашните луѓе не се поставувало тоа како етички проблем: прекинот на бременоста, абортусот, едноставно, бил сметан за злосторство. Убиство. Човекоубиство. Човековата совест не правела разлика помеѓу возрасен човек и човек во ембрион. Затоа и во Хипократовата заклетва, која е и до ден-денес општоважечка во светот како лекарска заповед, лекарот како чувар и служител на животот исповеда пред Бога и луѓето дека †ни на жената нема да £ даде затруен клин.

Меѓутоа, овој став во последните години, како и с¢ друго, ставен е под знак  прашалник! Така, весникот †Елефтеротропија (19.3.1986) пишува: †Зачетокот станува живо битие дури тогаш кога може да постои независно од мајката, т.е. по своето раѓање. До тој момент тој е само дел од телото на својата мајка#. Оттука следува, пак, дека секоја жена има право да го убие детето неколку моменти пред неговото раѓање. Оние што ги негирале древните христијански вредности секогаш доаѓале од илуминистичките и од нихилистичките кругови. Тие го отворија и проблемот околу пренаселеноста и контролата на раѓањето. Меѓутоа, подоцна утврдиле дека употребата на средствата против зачнување е слаб и недоволен метод за заштита на пошироките маси, семејни и поединични, од несаканата појава на нови членови покрај себе. Така се појавило едно чудно движење: движење на приврзаници на абортусот или прекин на бременоста (проабортионистс). Ова движење со текот на времето се зголемувало во здруженија, друштва, иницијативни групи и, добивајќи милитантен карактер, почнало да организира предавања, собири, протести... Против †дадената# состојба! Станало гласно во целиот свет...
                            

Што велат приврзаниците на прекинот на бременоста?

Нивниот основен аргумент е израз на општото начело на основните човекови права. Секоја жена - велат тие - има право да господари со своето тело. Не е дозволено волјата на некој трет, било да станува збор за поединец или за општеството, да се меша и да одлучува за такво лично прашање какво што е располагањето со сопственото тело. За време на еден протест на жени на иницијативното движење за озаконување на абортусот во Грција, демонстрантките ритмички ја повторувале паролата: †Сите закони подалеку од нашето тело!# Овој аргумент се облекува во облека на †напредност# и ги презира спротивните мислења како †мрачни#, †застарени#, †назадни#, †средновековни...

Но, бидејќи раѓањето е создавање живот, кој по одредени стадиуми не може да биде негиран, приврзаниците на ова движење тврдат дека до моментот на раѓањето плодот не е човек, бидејќи не поседува самостоен живот! Ембрионот - велат таквите - е парче од телото, бездушна и безживотна материја, чие исфрлање  од мајчиното тело претставува чисто лична работа на жената. Какво било соочување со неа не е етички проблем, а, пред с¢ - посебно го подвлекуваат тоа - не е злосторство.

Но, дали е прашањето толку едноставно како што го прикажуваат овие †прогресивни  жени?
На сите ни е лесно разбирливо дека мислењето на поединци нема никаква посебна вредност овде. Бидејќи прашањето за животот и за одземањето живот не е исто што и политичките идеи, кои секој може да ги прифати како што сака.

Ако постои живот, личен живот, тогаш неговото прекратување е - убиство, злосторство, вина, извршување смртна казна.
Кој може да ни одговори на ова прашање? Во секој случај, не се во состојба да го направат тоа неодговорните мислења и сфаќања, кои еден толку сериозен проблем, каков што е животот и неговата заштита, го претвораат во предмет на политиканство. Тоа можат да го направат само одговорните ставови на специјалистички науки што се занимаваат со ова прашање, како што се медицината и биологијата, како и ставот на носителот на божествената вистина, т. е.  Црквата.  
                                             
                                                
          
2. ШТО ВЕЛИ МЕДИЦИНАТА?

Како што кажавме веќе, приврзаниците на движењето за абортус страшно го поедноставуваат целиот проблем: ембрионот е парче од бездушно месо, израсток без свој сопствен живот. Тоа го тврдат и го проповедаат насекаде и на секое место.


Но, дали е ембрионот навистина бездушен, без свој личен живот? Дали е тој дел од мајчиното тело со кој мајката (?) има право да располага како што сака или претставува наполно независен живот, независна личност, која се наоѓа во однос на зависност спрема мајчиното тело што го опкружува поради хранењето, како што сите ние се наоѓаме во однос на зависност спрема природната средина поради исхраната?

Кога започува животот во ембрионот, за што сведочи “безгласниот крик#?

Разни лекари-биолози поставиле различна временска граница за почетокот на животот на плодот. Во последно време постои тенденција да преовладее мислењето според кое животот на плодот започнува дванаесет недели по зачнувањето
(иако во неговиот живот не постои преломен момент, тој е жив од самото зачнување). Како последица на ваквото сфаќање, 91 отсто од абортусите во Америка се извршуваат пред дванаесеттата недела од животот на плодот. Очигледно, ова се случува поради тоа што совеста на човекот не може лесно да прифати дека идниот човек во мајчината утроба, едноставно, е “парче месо#, од кое мајката може да се ослободи кога на некого ќе му падне на памет.

Меѓутоа, ова прашање не ги интересира само жените што брзаат да абортираат пред да станат свесни за својата бременост туку и лекарите што вршат абортуси. Ги интерсира и оние што се принудени да соработуваат во тоа или да дадат согласност, макар со еден знак. Тоа е затоа што е животот навистина света работа. Затоа прашањето за абортусот не може да се ограничи на оние што го вршат. Тоа е прашање на сечовечката морална совест и свест. А совеста не допушта неодговорни  постапки.

Така, во името на совеста, христијанските научници во своите изјави ги отфрлиле абортусите, а една група девојки, идни медицински сестри, одбиле да примат дипломи кога како услов за тоа им било поставено да учествуваат во абортус (за да стекнат искуство!). Наспроти тоа, има многу научници кои по извршените илјадници абортуси се нашле пред сериозна морална дилема. По подлабоки научни испитувања, сфаќајќи што правеле, од приврзаници на прекинот на бременоста станале најсмели борци против абортусите и нивното оправдување.

Еден од таквите научници е и американскиот гинеколог Бернар Натансон, некогашен управник на специјална клиника за абортуси. Натансон во период од две години извршил шеесет илјади абортуси! Измачуван со прашањето за исправноста на своите постапки, применил најмодерни технолишки средства (електронско испитување на срцето на ембрионот, ултразвук, ембриоскопија, радиоаносовилогија итн. за проучување на проблемот: каков живот покажува ембрионот? И кога започнува тој живот?

По испитувањата Натансон дошол до заклучок и се уверил дека †денес не е повеќе прашање на верата дали е плодот посебно човечко битие со сите посебни лични својства#.  Испитувањето покажало дека во овој случај станува збор за сигурна научна вистина. За потврда на своите научни резултати Натансон со ултразвук снимил на видеокасета абортус на плод од 12 недели (три месеци). Оваа филмска снимка се вика “Безгласен крик#, а покажува дека плодот:

a) претчувствува опасност од убиствениот инструмент за абортус и
б) го искажува чувството од опасноста во која се наоѓа со следните реакции:       прета силно вознемирен, се зголемуваат отчукувањата на неговото срце од 140 на 200, широко ја отвора својата уста како за крик, безгласен крик.

Оваа филмска касета предизвикува таков ужас што еден лекар кој извршил лично 10.000 абортуси по нејзиното гледање засекогаш прекинал со абортусите. Тоа се случило и со една феминистка која по гледањето на филмот, потресена од она што го видела, целосно го променила својот став во врска со ова прашање.
                                                             
  Науката напредува  

Снимката на Натансон се однесува на плод од 12 недели (три месеци). Но, како што кажавме, во Америка 91 процент од абортусите се вршат пред наполнување три месеци. Што важи за претходниот временски период? Натансоновите докази веќе можат да се сметаат за минато на медицината. Еве што ни откриваат научните набљудувања вршени со најсовршени технолошки средства:

а) по 18 дена од зачнувањето се чувствуваат отчукувањата на срцето на плодот и неговиот крвоток веќе функционира наполно самостојно;
б) по пет недели јасно се забележуваат носот, образите и прстите на плодот;
в) по шест недели започнува да функционира централниот нервен систем: јасно се препознава скелетот и почнуваат да функционираат бубрезите, стомакот и црниот дроб на плодот;
г) по седум недели (50 дена) кај нероденото дете се развиваат мозочните бранови (мозочните бранови се главен критериум врз основа на кој современата наука одредува дали една зрела личност се наоѓа с¢ уште во живот). Кај малото дете се веќе наполно обликувани сите внатрешни и надворешни органи. Има очи, нос, усни, јазик;
д) по десет недели (70 дена) нероденото дете ги поседува сите особини кои јасно се гледаат кај детето по неговото  раѓање (од девет месеци);
ѓ) по дванаесет недели (92 дена) органите на детето се наполно формирани, дури и отпечатоците од прстите. Преостанува единствено уште да се развијат. Плодот од три месеци е веќе способен да ја движи главата, прави гримаси и движења, ја стиска раката, ја наоѓа својата уста и си го цица првчето!
      
Овие набљудувања ги потврдиле истражувањата на брачната двојка Вилке. Овие лекари со своето истражување, придружено со 30 слајда во боја, со чисто лекарски докази потврдуваат дека е абортусот убиство со умисла и дека научно не може сериозно да се заснова постоење на некој “мистичен момент# пред кој плодот бил обична грутка ткиво, а по кој станува - дете, човек. 
                                                
    
 Ново сведочење на лекарите           

 Посебно  е интересен описот на абортус на плод од осум недели (два месеца) на познатиот лекар Павел Роквел (Њујорк, САД):
 “Пред 14 години дадов анестезија за зачнување надвор од матката. Ја зедов в рака постелката. Тоа беше најситното човечко битие до кое човекот некогаш допрел. Во постелката пливаше едно живо, микроскопски ситно човечко битие од машки род, со должина од еден инч (2,5 см). Овој микроскопски човек беше наполно обликуван со долги конусни прсти. Кожата му беше речиси проѕирна и на крајот од прстите јасно се распознаваа тенки артерии и вени. Детенцето беше живо и пливаше во круг во текот на една секунда, во ритам на природен пливач... Кога се отвори неговата постелка, микроскопскиот човек го изгуби животот и доби изглед на ембрион од таа возраст, вкочанетост на екстремитетите... Имав впечаток дека пред себе гледам еден возрасен мртов човек# (Доркофики, Абортуси, стр. 74, грчки).

Ставот дека самостојниот живот на човекот започнува по 12 недели го застапувале многу гласови и Сегрчкото лекарско здружение. Меѓутоа, истото тоа Здружение на својот симпозиум две години подоцна (1985) се одрекло од тој свој поранешен став и го поддржало ставот дека согласно со современите научни факти на медицината “почетокот на човековиот живот се совпаѓа со моментот на зачнувањето.

Оваа вистина станала наполно очигледна во 1983 година, кога е создадено првото “дете од епрувета#. Првото дете од епрувета го побило и го претворило во прав сфаќањето дека е плодот - грутка мртво ткиво од мајчиното тело, и потврдило дека тоа е личност со наполно самостоен и независен живот.

Две години порано (1981 година), кога американскиот Сенат побарал мислење од осум врвни специјалисти за тоа кога почнува животот кај плодот, седум од нив со полна одговорност изјавиле дека согласно со науката (медицината, биологијата) животот започнува од моментот на зачнувањето. Професорот Јероним Лежен во своето предавање на француската Академија на моралните и на општествените науки на 1 октомври 1973 година изјавил:  “Почетокот на човековото битие се врзува за моментот на зачнувањето..., човечкото битие е тогаш целосно и единствено, бидејќи во ништо не може да биде заменето со нешто друго... Овој микроскопски ситен плод во шестиот и седмиот ден, кога висината му е само еден и пол илјадити дел, во состојба е дури да се грижи и за својата судбина. Тој, да, баш тој, влијае на прекинот на месечниот циклус кај својата мајка, наметнувајќи £ се на својата мајка на тој начин за таа да го штити.

Резимирајќи, ќе го наведеме заклучокот на д-р Ернест Хаунт од една негова документирана биолошка, социолошка и етичка студија. Еве што кажува тој: “Оплоденото јајце не е проста клеточна маса без сопствени карактеристики. Исто така, на овој степен тоа не е ни израсток на растителен живот ниту плод од некој животински вид. Тоа е наполно и апсолутно пројавување на живот на едно човечко битие, баш онака како што се случува тоа со новороденчето, доенчето, детенцето, момчето, возрасниот човек... Според тоа, при абортус се убива човечки живот, човечко битие, макар да се наоѓа и во најраниот стадиум од својот развој#  (Доркофаки, стр. иста).

 По ова што го наведовме претходно, станува наполно јасно дека абортусот не е едноставно наивен прекин на бременоста, туку прекин на самостојно човечко битие и следствено на тоа - убиство, уништување. Опишувајќи го абортусот, славниот професор Н. Лурос буквално вели: “Тоа е смислено убиство#.                        

  Што друго велат лекарите?
       
Професор Т. Филипидис, кој во една своја студија прво ги подложил на критика сите аргументи на приврзаниците на абортусот од правен аспект, додава: †Проблемот е од морална природа. А кога станува збор за морални прашања, правото не смее да биде ниту неутрално ниту да создава за себе алиби од нејасни одредби...#

Ова го подвлекуваат и многу други научници. Професорот по генетика на Универзитетот во Париз, Јероним Лежен, пишува: †Како и сите други научници кои непристрасно ги набљудуваат биолошките феномени, и јас сум уверен дека човечкото битие започнува од моментот на зачнувањето. Тоа, пак, значи дека намерното уништување на еден плод од која било возраст е еднакво на убиство на едно човечко битие#.

Грчкиот професор Аврамидис истакнува: †Плодот не е дел од телото на бремената жена. Според тоа, таа не може сама да одлучува за судбината на својот плод како што би одлучувала за отсечувањето на еден од органите на своето тело како, на пример, за слепото црево или за крајникот#.

Зборувајќи на истата тема, професорот по социологија Кавадијас, пишува: †Ако со потребна сериозност ги земеме во обѕир сите психолошки и психички последици, ако разбереме дека секој поединец е одговорен за општествената целина, ако го прифатиме ставот на Достоевски - кога распнуваат еден човек на земјата, се распнува целото човештво - тогаш јасно произлегува заклучокот дека општеството не само што има право туку има и обврска да се вмеша и да му помогне на (неродениот) човекот и да го заштити#. Со овие зборови Кавадијас сака да истакне дека општеството има право и обврска да се вмеша и да не им дозволи на поединци да го распнуваат †целото човештво#, убивајќи ги неговите најнезаштитени и најневини членови, неродените деца. Тоа го потврдува науката, етиката и социологијата преку зборовите на одговорните лекари, правници и социолози.

3. ЗА ШТО ЗБОРУВА ПРАКТИКАТА НА ЧОВЕШТВОТО  

Нашето време кое се нарекува време на просветеност, преплавено со прогласи за вредноста на животот, како врвен критериум за решавање на овој толку важен проблем не ја постави самата вистина на животот, односно потребата за негова заштита, туку псевдополитиката, и тоа на прво место:
a) страв од пренаселеност (прифаќајќи ги на тој начин абортусите како средство за ограничување на раѓањето);

b) индивидуални права (апсолутизирајќи ги, како што видовме претходно, на ненаучен начин, правата на бремената жена).
Како последица на тоа во некои земји е дозволен абортус во ограничена мера (поради вонбрачни и предбрачни зачнувања или до трети месец), а во други без никакви ограничувања. Се смета дека во 1985 година на 20 зачнувања имало девет абортуси. Во тој поглед водат земјите што го озакониле абортусот (Куба, Полска, Романија), во кои процентот на абортусите надминува 60 отсто од зачнувањата. Се смета дека во Полска на 1.000.000 абортуси има 702.000 раѓања!

Во Грција се смета дека 56 отсто од жените вршат абортуси. Последиците од ова не се само индивидуални. Грција станува земја на старци и постои страв од исчезнување на грчкиот народ. Претседателот на Грција истакнува дека ако се продолжи оваа состојба во 2000 година, ќе има 85 милиони Турци, а само дванаесет милиони Грци! 

По с¢ што беше кажано претходно, засновано на научни резултати, останува отворено следното прашање: како е можно многу луѓе да не го сметаат прекинот на бременоста за убиство? Врз основа на што? Еве како одговара на тоа прашање г-ѓа Марангопулу, приврзаничка на абортусот: †Абортусот не е веќе злосторство, бидејќи не ги навредува основните етички чувства на општеството, зашто го вршат толкав број  жени#. Со други зборови, според г-ѓа Марангопулу, правото на живот е одредено со ставот на мнозинството и претставува работа на лична потреба, а не прашање на етички сфаќања и на самата светиња на животот.
     
 Лицемерство на општеството
 
Едноставно е несфатливо, ако не и знак на крајно лицемерство, истите луѓе кои, од една страна, се борат за човековите права и се чукаат в гради поради нив, од друга страна, стануваат заговорници на абортусот, кој претставува газење на најелементарните права на раѓање и живот на најнезаштитените човечки суштества! Несфатливо е за здравата логика некој да се бори во име на човештвото и правото на живот за укинување на смртната казна, а истовремено да бара озаконување на абортусот!

†Ни е жал за човекот што го убиваат на електричен стол, на бесилка или го стрелаат, но не и за оној кој с¢ уште не се родил, бидејќи не сме го виделе и с¢ уште не сме воспоставиле емотивен однос со него. Како што се гледа, разликата е само во емотивноста. Чувствуваме одвратност спрема мајката која го фрлила штотуку роденото дете во канта за ѓубре, а £ носиме цвеќе на онаа која абортирала и го 'уништила' детето во достоинствената атмосфера на операционата сала# (П. Нелас, Симадја, св. 11).

Заговорниците на озаконувањето на абортусот тврдат дека еден таков закон решава многу големи проблеми. Но, да не заборавиме дека со слични оправдувања и злокобниот Хитлер го решавал прашањето за Евреите. Ова отворено го истакнал кардиналот Вашински во својот говор пред студентите во Варшава, кажувајќи: †Ние сме гробари што дозволиле повторно да се запалат ужасните крематориуми во нашите земји. Денес во една полска болница постои крематориумска печка за спалување на телата на децата кои не стигнале да се родат... Немаме право да ги проколнуваме поробувачите кои во минатото ја потпалиле печката на крематориумот во Полска (Аушвиц) кога и денес го правиме тоа. Да престанеме да зборуваме за илјадниците луѓе убиени од непријателите во моментот кога бројот на убиените во последните години го надминува бројот на жртвите во концентрационите логори на смртта. (Зои, 20. 6. 85).

Всушност, нели потсетува на хитлеровската практика обвинувањето на хесенскиот пратеник Ројслер дека на некои клиники во Германија и во Франција им плаќаат на жените за да вршат абортуси со царски рез, со цел да употребуваат живи ембриони за опити и за правење козметички мириси (Доркофики, стр 65)?

Природно, не ги занемаруваме бројните проблеми (социјални, економски, здравствени итн.) за чие полесно решение се предлага абортус. Меѓутоа, сметаме дека никогаш нема да биде можно да се решат тие проблеми со нечовечност од таква димензија. Страшно е, подобро кажано, се граничи со животинска несвесност, дури и да се помисли да се вршат абортуси за да се употребат децата за експерименти или во козметички цели!

Исто така, ужасно е да се помириме со фактот дека причини за озаконување на абортусот за некоја држава можат да бидат интересот и заработката (оданочувањето на огромните печалби на лекарите на абортусите), бидејќи тогаш би се нашле пред апотеоза на краен цинизам. Неприфатлива е дури и помислата дека е можно да се дојде до степен на таква неморалност.

 На крајот, тврдењето дека озаконувањето донесува намалување на бројот на абортусите е дури и смешно во моментот кога статистиките потврдуваат дека во земјите каде што се озаконил прекинот на бременоста дошло и до нагло покачување на бројот на абортусите. Така, на пример, во Јапонија од 140.000 абортуси годишно бројот се покачил на 200.000. Во Скандинавија и во Романија бројот станал тројно поголем, а во Америка се зголемил шестпати.

 Во еден американски весник го прочитав следното: “Во гинеколошка клиника влетува некоја жена. По неколку минути предвреме се раѓа дете, старо с¢ на с¢ 22 недели (околу пет месеци). Оваа мајка сака нејзиното дете да биде живо! И цела болница е во паника за да го одржи детето во живот. Познати лекари неуморно работат на тоа, се трошат огромни суми пари...

Истиот ден и истиот час во друго одделение во истата болница друга жена врши абортус, бидејќи не сака да роди друго дете. И лекарите £ тврдат дека детето од четири месеци не е човек, туку излишен израсток во мајчиното тело....

Што е она што на едното одделение го прави човекот вистински и достоен за живеење, а на другото одделение го прави излишен израсток кој сам по себе е без сопствен живот? Одговорот е едноставен: субјективниот суд на лекарот и на мајката. А најлошо од с¢ е тоа што овој субјективен суд е плод не на незнајна, туку на намерна социјална хипокризија.

Карактеризирајќи ја оваа социјална хипокризија, претседателот на САД,  Роналд Реган, му забележува на еден лекар-приврзаник на абортусот, кој тврдел дека со мирна совест ја работел оваа работа, бидејќи не се уверил дека ембрионите  имаат сопствен живот: †Докторе, кога не сте сигурен дали еден човек е жив или умрел, не смеете да дадете дозвола за погреб. Тогаш како денес лекарите даваат дозвола за погреб на лица за кои не се сигурни дали се живи? Бидејќи денес, по толку изјави на лекари, научници, никој не е во состојба авторитативно да тврди дека не знае дали е плодот жив или не е. Зошто тогаш не само што се даваат дозволи за погреб туку свесно се убиваат и се погребуваат невини деца.

Одговорот се наоѓа во пророчките зборови на познатиот италијански законодавец од минатиот век Рафаил Балестрини. Балестрини пред речиси сто години запишал: †Најсилен доказ дека еден народ ја постигнал крајната линија на моралниот пад ќе биде времето кога абортусот ќе се смета за социјално прифатлив и нормален.

Абортусите не претставуваат само сведоштво на морален гнилеж, пад и декаденција. Тие се и причинители на сето тоа, доведуваат до тоа и му даваат поттик.

Последици на озаконетиот абортус!

Последиците на абортусот се сериозни и големи. Тоа може да се заклучи од меѓународната лекарска библиографија. Последиците за мајката се:
a) голема смртност (од повреда на матката, септикемија, емболија итн.) значителна болежливост (воспаленија, тромбофлебитис итн.), намалување на можноста за раѓање: †една третина од жените што вршат абортус остануваат неплодни# (во Грција);
b) за следните деца: †процентот на смртност и предвремено раѓање двојно се зголемува кај жените со претходен абортус# (станува збор за Грција од 1971 година). Разбирливо, се зголемува и бројот на деца со недостатоци поради абортусот;
v) за младината: се олеснува неодговорното сексуално однесување и се зголемува бројот на вонбрачни мајки. За демографскиот проблем и за истребувањето на одделни народи и да не зборуваме;
g) најтешко од с¢ е тоа што со абортусот не може да се помири човечката совест, дури ни совеста на најголемиот аморалист. Затоа, или предизвикува ужасни психички проблеми, чиј одглас допира до исповедалницата, или ја одведува трагичната мајка во социјално лицемерство и цинизам.
         

4. СТАВОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА

 Црквата не ги прифаќа како мерило на своето учење и проповед човечките сфаќања. Таа не зборува од земјата. Црквата е носител на вистината што ја проповедал Господ Исус Христос. Нејзините ставови се одозгора, тие се израз на божествената премудрост. Нејзините ставови се секогаш во согласност со вистинската наука за човекот, но не и со псевдонауката, со приземната и демонизирана “научност#. Во с¢, насекаде и секогаш важи словото на св. апостол Павле: †Бог е вистинит, а секој човек лага.

Резултатите од антропологијата, биохемијата и биологијата денес водат кон заклучокот дека абортусот е убиство, со обѕир на тоа дека со него се прекинува самостоен живот кој постои во полн степен.

Овие современи резултати на науката се идентични со древното учење на Црквата, која вели: плодот е самосвоен и самопостоен живот, индивидуалност со сите права “од моментот на зачнувањето#; прецизното разликување на †оформен# и  “необразуван# (плод) за нас нема значење, вели св. Василиј Велики. 

Резултатот на ова начело, кое силно го подвлекуваат Светите Отци  и учителите на нашата Црква: Григориј Богослов, Анастасиј Синаит, Максим Исповедник, е следниот:
a) †Онаа која намерно го уништува (плодот) потпаѓа под вината за убиство# (св. Василиј Велики, канон 2).
б) “Оние што даваат треви за абортус се убијци како и оние што примаат детеубиствени отрови# (св. Василиј Велики, канон 8).
в)  Соработката во абортусот е соработка во убиство. Св. Јован Златоуст го смета за соучесник во гревот на убиство дури и мажот кој ја оплодил жената што врши абортус. Еве што кажува учителот на Црквата:

“Зошто сееш таму каде што земјата сака да го уништи плодот, каде што има многу бесплодност, каде што е унишувањето пред раѓањето? Зошто дури ни блудницата не ја оставаш да биде макар само блудница, туку ја правиш и човекоубиец! Зар не гледаш како од пијанството доаѓа блудот, од блудот прељубата, од прељубата убиството? Дури и нешто полошо од убиство, не знам ни како да го наречам. Зашто не само што го уништува родениот туку го спречува и да се роди неродениот! Значи што? И Божјиот дар ли го презираш? И против неговите закони ли се бориш? И она што е проклетство како благослов ли го прифаќаш? И работилницата за раѓање во кланица на деца ли ја претвораш? И жената дадена за раѓање деца за убиство ли ја подготвуваш?# (св. Јован Златоуст, омилија 24, на посл. до Римјаните, 4, ПГ. том. 60, 626). Не треба да заборавиме дека епитимијата (мерка пропишана од Црквата за исцелување на душата на грешникот) е најтешка за убијците, и во поглед на траењето и во поглед на строгоста.
За Црквата Христова отстранувањето на плодот или абортусот или прекинот на бременоста не е едноставно недозволен етички чин. Без никакво заобиколување и разубавување, тоа е - убиство. Убиство од најтежок вид, бидејќи со него се лишува од живот едно човечко битие пред да го вкуси и пред да се удостои на крштавање.

Луѓето што пристапуваат кон абортус на своите деца личат на Ирод, кој  заклал 14.000 доенчиња за да биде мирен и спокоен во животот. Би можело да се каже дека се дури и полоши и од него, бидејќи оние 14.000 деца не биле негови родени деца. И секој оној што учествува на каков било начин во страшниот чин на абортусот, без обѕир што мисли самиот за тоа, соучествува во делото на убиството и носи голем грев пред Бога, кој дава апсолутна заповед: не убивај!

Што треба да се прави?


 Можеби многумина ќе н¢ осудат дека со ова сакаме да ги наметнеме христијанските сфаќања во врска со овој толку сериозен проблем, и тоа на еден свет кој не ги прифаќа и кој ги одрекува. Никому ништо не наметнуваме, ниту го презираме кого било пишувајќи вака. Секој има свои уверувања и секој има право да се бори за нив. Но, и Црквата има свое уверување и свое илјадагодишно искуство. Никој не може да ја лиши Црквата од правото да си го изнесе својот став и да го брани, како што ги бранат своите ставови и другите. Притоа, света должност на Црквата е:


а) првенствено, колку што може поисцрпно да му го објасни и да го изнесе својот став за абортусот на црковниот народ и своето вековно духовно искуство, врз основа на кое таа и оние што се нејзини не можат да се однесуваат спрема абортусот на друг начин, освен како спрема убиство;
b) должна е да им го насочи вниманието на духовниците (свештениците- исповедници) на овој толку сериозен проблем да не пристапуваат со неодговорна снисходливост. Духовниците се должни, во согласност со учењето, духот и вековниот опит на Црквата, да ги воспитуваат своите верни, будејќи кај нив сознание за светињата на секое поединечно човечко суштество, од моментот на неговото зачнување до смртта и по смртта. Исто така, должни се на оние кои на каков било начин ќе згрешат против таа светиња на животот, посебно со чедоубиство (абортус), да разбудат дух на покајание, употребувајќи притоа не само исповед и поуки туку, кога ќе затреба, и строга епитимија. Главна цел на сето тоа треба да биде будењето на совеста и вистинското поправање на таквите, да престанат да грешат;
в) пред  оние  што  донесуваат закони и кои се општествено одговорни Црквата е обврзана да го посведочи својот став и макар да го насочи вниманието на последиците за човечноста и за човечкото достоинство, воопшто, од озаконувањето на чедоубиството и од какво било утилитаристичко манипулирање со основните и најсвети сфери на човечкото битие и  животот;
г) Црквата не би била она што е кога не би подвлекувала и истакнувала дека каков било метод на чедоубиство (абортус) е рамен на злосторство, зашто последиците се секогаш исти: лишување од живот на едно човечко суштество;
d) Црквата е посебно должна да ги потсетува лекарите и бабиците-болничарки на страшната и света одговорност пред Бога и пред човечкиот род и пред сопствената совест на светињата на животот на секое поединечно човечко битие, родено и неродено, кое им е доверено, без обѕир на неговата возраст;
e) со самопожртвуваната Љубов, откриена и посведочена со Личноста на Богочовекот Христос и со Неговиот богочовечки дел, како со своја суштина и содржина, Црквата е должна непрестајно да се повикува на пожртвување себеси и на својот живот за ближните свои како на единствен вистински и достоен начин на човековото постоење на земјата и на небесата, и во сите светови. И да ги потсетува сите и секого дека со жртвување на другите за себе и за свое сопствено задоволство, независно кои се тие други и на која возраст припаѓаат - всушност, се сатанизира човековата свест и совест и се расчовечува боголикото човечко битие. На тој начин, трагичните човечки проблеми стануваат уште потрагични и понеразрешливи.

Исполнета и вдахновена со таа самопожртвувана богочовечка Љубов, Христовата Црква, наместо на егоизмот на абортусот, како на разрешување на социјалните, економските и други проблеми, сега и секогаш, укажува првенствено на богољубивата и чедољубивата невиност и воздржување. И на големата светиња на Тајната на целомудрениот Брак, како символ - на сепреобразувачката тајна на Црквата.

Длабочината на верата, стравот Божји, подготвеноста на жртва и на вистински христијански живот се најдобар патоказ на верните за практично решавање на овој толку сериозен проблем. Очигледно, преку она што е залудно во очите на светот, посебно на денешниот, заслепен од похотливоста и од гордоста на умот - Бог му ја дарува на човекот и му ја разоткрива најдлабоката вистина и мудроста на животот.  

 

 “За јазикот на православната икона”  од арх. Рафаил Карелин


“Православен поглед на светот”    од јер. Серафим Роуз

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная