логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

BOGORODICA.Hristos.so.racheto2

ЗОШТО НЕ СЕ САКАМЕ САМИТЕ СЕБЕ?


Љубовта кон себеси се нарекува и самоприфаќање. Колку подобро човек се однесува кон себе, толку подобро се однесува кон другите луѓе. Колку повеќе човек се прифаќа себеси, толку полесно ги прифаќа другите луѓе и полесно му е да се усмери на нив. Меѓутоа, што е тоа што не прави нас луѓето да не се сакаме себеси?
Егоизмот е токму тоа: кога на човекот му е тешко да се усмери кон другите луѓе. За жал, зборот егоизам во нашата култура, носи многу негативно значење и е детерминирано тврдењето дека егоистот е лоша личност. Тоа е многу површно расудување. Човекот е егоистичен не затоа што би можел но не сака да се усмери на опкружувањето, туку затоа што не може да се усмери на друг, да се стави себеси во неговата положба. Егоистот е психолошки „истрошена“ личност. Внатрешните ресурси на таквата личност се толку празни што „егоистот“ ненамерно ја насочува целата своја енергија да се одржува самиот себе. Целата негова свест е свртена навнатре, егоцентрично насочена. Љубовта кон себе придонесува за подобрување на односите со околината, додека егоизмот придонесува за отсуство на такви односи.
Комплексот на ниска вредност воопшто не е исто што и свесноста за сопствените ограничени можности. Можеме да видиме многу луѓе кои многу скромно ги ценат своите можности, но во исто време воопшто не оставаат впечаток на искомплексирани личности. Човекот кој вели: „Мојата неорганизираност е голем проблем за мене!“ или "Никогаш нема да научам да возам кола!" - воопшто не изгледа на човек кој поседува некаков проблем. Напротив, ваквите изјави делуваат дури и симпатично.
Што е тоа комплекс на пониска вредност? Тоа е кога човек не размислува за своите доблести или маани, туку за тоа што ( заради тие доблести или маани ) заслужува од другите, што може да очекува поради тие успеси или неуспеси. Комплекс на пониска вредност значи: дека човекот очекува (обично несвесно) другите да ги оценат неговите постапки и неговиот труд. Го направи тоа, успеа – добар си, браво. Не си го направил тоа, си го направил погрешно - лош си.
Личноста со комплекс на пониска вредност се плаши од своите маани, се плаши да ги признае дури и самиот на себе, затоа што мисли дека ќе биде обвинет, исмејан, дека повеќе нема да може да се смета на него, дека ќе биде пречкртан од списокот, генерално, дека ќе биде подложен на осуда и отфрлање, на кој било начин. Комплексот на пониска вредност е негативна слика за себе - недостаток на самоприфаќање.
Би рекол дека има две причини зошто луѓето не се сакаат себеси. Првата причина - по важност и хронологија е онаа што се развива во детството, кога нема и не може да има никакво сакање или несакање на себеси. Тоа е љубов или несакање од страна на родителите на детето. Всушност, сите ментално здрави родители ги сакаат своите деца. Но, дали детето ќе се сака или не, не зависи само од нашите родителски, внатрешни духовни чувства, кои не се видливи однадвор. На самоприфаќањето и позитивната слика за себе на детето влијае она што родителите го покажуваат кон него, преку нивното однесување. Кога детето ќе види дека родителите го укоруваат, дека се незадоволни од него, дека не сочувствуваат со него,
неминовно сето тоа го сфаќа лично. Добива чувство дека сето тоа и го заслужува. Тоа е негативна слика за себе, негативно самоприфаќање.
Внатрешно знаеме дека го сакаме своето дете, но во тој момент тоа не согледува на тој начин. Да се потсетиме на нашето детство: кога нè караа, кога беа незадоволни од нас, чувствувавме дека не нè сакаат и што е најважно, дека се во право затоа што не нè сакаат. На свесно ниво, детето може да се чувствува навредено, огорчено, сè да претвори во шега, но на подлабоко, несвесно ниво, брзо се навикнува на фактот дека тој самиот, како и она што го чувствува не заслужува вистинско прифаќање. Тоа е првата причина за неприфаќање на себеси, изворот на омраза кон себе, кој останува и делува на нас целиот живот.
Од адолесцентната возраст се појавува уште една причина која почнува силно да влијае на нашето самоприфаќање. Психата е структурирана на таков начин што луѓето спрема опкружувањето и кон самите себе – се однесуваат на истиот начин. „Добри“ се оние луѓе кои се добри кон мене и кои ми чинат добро. Јасно е кон кои личности се развива односот со предзнак минус. Подоцна, до степен до кој се развива нашето јас, нашата психа оценува токму според тие стандарди. Ние се сакаме или не се сакаме себеси од истите причини поради кои ни се допаѓа или не ја сакаме околината - поради нашата социјална слика, нашата улога во општеството.
Социјалната слика е она што јас го презентирам во однос на другите луѓе. Бидејќи со знак плус ги прифаќам само оние луѓе кои се добронамерни, сочувствителни, трпеливи кон мене, а не оние кои се критични и кои постојано ми се оправдуваат, јас и самиот себе се прифаќам само ако се однесувам на таков начин. Кога некој вика на мене, кога некој ме кара, ме казнува, ме лишува од нешто, ме исмејува - мојата психа не разбира дали е во право или не и моментално го отфрла: Не го сакам тоа, не го сакам тој човек. Во однос на себе, психата делува на ист начин. Затоа, човек кој вика на оние околу него - не се сака себеси, дури и кога околината би реагирала на тоа со разбирање и прифаќање.


Психологот Александар Колмановски
Извор: saborna-crkva.com
Подготвил: Симеон Стефковски

 

 Извор:

TviTER290

PP

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная