логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Zvonko.sv.Vasa10

Ќе ти кажам едноставно и човечки, од моето духовно ниво, кое е ниско и земно, зашто се уморив од сложени анализи.

Не очекувај животот да те праша дали и колку издржуваш. Тоа никогаш нема да се случи.

Не очекувај да се појават совршените услови, за да кажеш: „Ќе живеам!“. Живеј денес и грабни ги можностите што Бог ти ги дава како знаци на Своето присуство.

Не очекувај да се создадат идеални ситуации за да се насмееш. Секогаш ќе има едно „но“, коешто ќе остава горчлив вкус во твојата уста. Една причина да ропташ и да западнеш во меланхолија, за да уништиш сè и да престанеш да се смееш. Не ја троши радоста во лагата за утре. Тоа не постои.

Не очекувај да најдеш совршен татко или мајка, за да немаш рани.

Не очекувај да најдеш совршен сопруг, затоа што едноставно нема да го најдеш.

Не очекувај да создадеш совршени деца, зашто такви едноставно не постојат.

Не очекувај да сретнеш совршени пријатели, затоа што дури и ти не си таков.

Воопшто не барај совршенство во човечките работи. Еден тварен и тленен човек не може да прави нешто повеќе од грешки. Тоа е и неговата убавина – бидејќи е несовршен – го бара совршенството.

Не очекувај да ја најдеш идеалната работа, затоа што едноставно ќе останеш без работа. Не очекувај да стануваш секое утро и да велиш: „Колку е сѐ убаво, ќе одам на работа!“. Заборави. Сите луѓе имаат моменти во кои им е тешко, се досадуваат, се изморуваат и сакаат нешто друго, нешто различно од она кое рутината на секојдневието им го налага.

Не очекувај да најдеш совршен дом, за да се насладуваш на зајдисонцето. Погледни од прозорецот и види го. При потреба излези на терасата, но види го, не одложувај.

Не очекувај да имаш совршено друштво за да појдеш на прошетка. Тргни, макар и сам. По пат ќе сретнеш сопатници.

Не очекувај да ги добиеш сите одговори, за да секнат прашањата. Одговорите обично доаѓаат кога ќе престанеме да прашуваме.

Не очекувај да Го видиш Бога како едно „суштество“ кое излегува од небесата, подобно на холивудски филм. Тоа едноставно никогаш нема да се случи и ќе ја изгубиш можноста да Го сретнеш во секојдневието.

Совршенството Му припаѓа само на Бога.

Во овој живот, воопшто, не постојат совршени состојби, совршени услови, совршени лица. Тие работи се после крајот на овдешната претстава.

Оттука натаму што да правам? Можеме едноставно и без насилие да се помириме со нашата немоќ и несовршеност. Со моето и со она на другиот, на луѓето кои нè опкружуваат.

    Живеам како што можам и колку што можам, со славословие и благодарност. Многу јасно сфаќам дека не можам да имам или да направам сè. Никој не може да биде идеален. Дури и светците имаат свои „лоши денови“. И тоа е знак за тварноста и променливоста на овој свет. Она што е потребно е да не се разочаруваме во тие тешки моменти. Да не се самоказнуваме и да не ја губиме својата присебност. Ниту да брзаме и да сакаме да исчезне и да се избрише „злото“ што нè снашло. Бивајќи помирен со реалноста на животот и поврзан со Бога, започнувам полека, мирно и без внатрешно насилство да го правам она што можам и да издржам при секоја една околност. Ја соблекувам наметката на суперхерој и ја оставам зад себе нервозата на перфекционизмот. Живеам со своите грешки и точности, недостатоци и празнини кои го сочинуваат мојот живот. И како што вели Маро Вамвунаки: „Грешката не е право, таа е обврска! Треба да живееме…“.

Извор: otecharalampos.wordpress.com
Превод: Наташа Наумоска

Извор:

https://bigorski.org.mk/kolumni/ne-gubi-vreme/

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3178
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2507
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…