логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.trubaЗборовите на Црквата го искажуваат сфаќањето дека во бракот двајцата сопружници ја запазуваат својата личносност и индивидуалност и така можат да општат вистински и меѓусебно без едниот да го уништува другиот. Тоа е љубовта, не да го уништиш другиот туку да го сочуваш, како што Христос дојде и стана човек за нас, не уништувајќи нѐ, туку нудејќи ни спасение. Он го спаси нашето човечко суштествување и ни покажа како реално можеме да станеме совршени луѓе. Истото нешто се случува и во бракот. Човекот се спасува и усовршува во бракот само тогаш кога ќе научи да го љуби другиот. Го љубам другиот значи да живеам за другиот, не другиот да живее за мене, туку јас за него.

Тоа значи дека јас се празнам самиот себе и давам сѐ на другиот човек, како што Христос се снижи себеси и стана човек заради нас. Значи како што Христос ја љуби Црквата, така мажот треба да ја љуби жената, како што Христос се жртвуваше себеси за Црквата и не побара ништо за возврат, туку ја отфрли секоја Своја желба, та се понижи Себеси и стана и човек. Истото нешто треба да го прави и мажот за жената и секако жената за мажот, за да имаат здрав брак. Изразот „жената да се бои од мажот свој“, значи жената да внимава да ја одржува, по цена на секоја жртва таа љубов, за да не згасне. Зашто љубовта е нешто многу благородно – тука не се мисли на љубовта на Светиите кон сите луѓе, туку на љубовта кон еден човек, која што е поврзана со сопружничкиот живот со стремежот да се дадеш себеси, душата и телото на другиот. Докажано е дека првата љубов е вистинска и целосно предадена, а следните започнуваат да слабеат во интензитетот на чувствата и човек треба да внимава особено многу да не си игра со другите луѓе велејќи им дека ги љуби, ако всушност нема такви чувства. Особено да не се обидуваме да ги наведуваме другите луѓе да нѐ сакаат, да ни се предаваат, а ние да не сме сигурни во своите зборови. Секоја ваква случка е навистина рамна на престап. Овие зборови ги кажувам од искуство. Нашите баби, нашите предци обрнувале големо внимание и му давале големо значење на прашањето за девственоста и чистотата. Тие велеле (се сеќавам ми раскажуваше баба ми), дека оној што има врска со девствена девојка и ја измами, ја наведе на грев, како да разрушил една Црква.

Бидејќи придавале големо значење на тоа да не го измамиш другиот кој ти се дава себеси, целото свое битие и љубов. Затоа е неопходно огромно внимание, треба да бидеме многу сериозни кога ги изразуваме нашите чувства кон другиот човек и кога ги примаме неговите кон нас. Оваа тема е исклучително важна и како да кажам, мислам дека денес реалноста покажува, дека многу пати слободата во плотските врски е причината бракот да не биде траен, оти луѓето влегуваат во еден свештен сојуз изморени, извалкани, како на еден начин да го понижиле другиот. Кога два, три, четири пати поминале низ таа процедура на плотски односи, веќе работите почнуваат да се менуваат, се менуваат нашите очи, поглед, ум и психа. Веќе не постои она убаво живеење на љубовта која води до душевно–телесно единство. После тоа човек може да стигне до една целосно телесна врска без никаков душевен контакт. Тоа се нарекува блудство, во она смисла во која немаш никаква врска со другиот човек, кој се восприема едноставно само како објект за наслада. Зошто? Бидејќи е изгубено чувството за вистинска љубов. За да се врати претходната состојба неопходна е детоксикација од тие работи.

Човек треба да започне да работи решително и да ја гради правилно љубовта кон другиот, да гледа правилно на него, да го почитува, да го цени, да го восприема во полнота, не само телесно ниту само како душа (бидејќи не сме духови), и да ги открива оние карактерни црти кои духовно го поврзуваат со него. Тоа е тајната на бракот, кој има потреба од особено внимание, односно човек треба да си го запазува бракот, да внимава да не го потисне, загуби, изгасне преку своите страсти.


За да може љубовта да успее и човек да ја запази, рековме дека таа треба да биде поставена на правилни основи. Голем опит е да научиш да љубиш, голем опит, но истовремено и големо подвижништво. Најголемото подвижништво е да научиш да го љубиш другиот човек. Љубовта по својата суштина е насочена кон нешто, со други зборови, кога љубиме некого насочени сме кон него, сакаме да го прегрнеме, да го изедеме, така да се каже. Гледате дека изразот на нашата љубов е Светата Причест. Христос ни го дал Неговото тело и Неговата Крв да го јадеме и пиеме, така стануваме едно со Него. Не ја гледаме Светата Причест, не ѝ се поклонуваме, не ја целиваме, не ја чествуваме, едноставно ја јадеме. Се разбира, ние не сме канибалисти, но тоа е знакот на нашето единство со Христа. Тоа е онтолошкото соединување, најголемото соединување што може да постои. Христос и ние стануваме едно. Он е во нас, во душата и телото. Христос е во нас и ние во Него. Иако во љубовта има насоченост, стремење, потребно е многу големо воздржание за да не го задушиш другиот човек со твојата љубов и да му станеш неподнослив, т.е. да го смачкаш. Но, за да го постигнеме тоа во нас треба да се зголеми пламенот на љубовта, треба да придобиеме смирение. Да не го бараме своето, љубовта не го бара своето, да не велиме: „Јас те љубам и ти треба да ме љубиш! Бидејќи те љубам, треба да правиш како што сакам!“ Тоа не е љубов, туку диктатура. Тоа е ропство. Зароби ме бидејќи ме љубиш и треба да ме уништиш?! Не можеш ли да ме љубиш без ништо да ти дадам? Совршената љубов се состои во тоа да го љубиш другиот и да не бараш ништо од него. Единственото што го сакаш е да му се дадеш себеси. Ништо друго.

(Продолжува…)

 

Извор:  https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/brakot-e-ljubov-a-ne-diktatura-part-3/

 

Друго:

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2051
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная