логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Бог се сокрива. Бог се јавува Себеси. Бог се сокрива.

Овој принцип е присутен низ целото Свето Писмо. Свештената игра на криење не е случајна, но исто така, не е и намерна. Таа е вкоренета во самата природа на нештата на христијанскиот живот. Христијанството, каде што Бог не е сокриен, – воопшто не е христијанство. Зошто е тоа така?

Во една статија напишав: „Нашата вера нè учи нас да го правиме видливо, тоа што било сокриено. Вистинското христијанство не треба да биде јавно. Тоа е борба за она што е очигледно. Христијанскиот живот по правило треба да биде откровение“.

Бог не е очигледен. Она што е очигледно, тоа е предметот. Објектот е инертен, статичен и пасивен. Дрвото пред мојот дом објективно се наоѓа таму (или така ми се чини). Кога се будам наутро и го шетам своето кучето, јас очекувам дрвото да биде на своето место. Кога доаѓа есента, ги гледам неговите лисја, набљудувајќи ги како чудесно ја менуваат бојата. Во принцип, јас можам да не обраќам внимание на дрвото – или да обраќам. Ете, тоа се случува со објектите. Тие ништо не бараат од нас. Слободата е целосно во наша власт, а не во нивна.

Всушност, тоа е целта на идолот – да го претвори Бога во објект. Тој или таа, треба да бидат таму. Идолот го апсорбира божественото, го претвора во објект и го прави инертно и пасивно.

Богот на христијаните ги уништува идолите. Он нема да стои настрана и да биде пасивен учесник во нашиот нарцизам. Он не е Бог, Кој јас го сакам.

Спасителот Христос ни говори: „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“ (Мат. 7, 7). Самата суштина на животот, е ветена од Христа, – а тоа е, да просиме, да бараме и да чукаме. Причината е проста: проси, барај и чукај – тоа е образот на битието. А нашиот вообичаен начин на постоење – е да живееме очигледен живот (живот меѓу објекти).

Дали забележувате, дека полесно е да купиш икона и да ја поставиш на ѕид, отколку вистински да посветиш време за молитва пред неа. Тоа е еден вид „православното користољубие“ кое ги заменува сите овие дејства – како просење, барање, чукање и.т.н. Користољубието е дел од нашиот нормален начин на живот. Нашата култура нè има научно само да консумираме, односно да се здобиваме со предмети. Ние не ја добиваме храна, туку ја купуваме.

Ние сме создадени да просиме, да бараме и да чукаме. Имено, таквиот начин на живот, нè води нас кон тоа, да станеме вистински луѓе. Светите Отци пишуваа за тоа, нарекувајќи го тој ерос желба. Нашата култура го промени значењето на еросот во еротизам, кога ние се учиме да употребуваме сè со помош на страстите, а тоа е всушност искривување на вистинскиот ерос.

Спасителот Христос го употребува образот за барањето или вистинската желба (еросот) во неколку Свои параболи: во параболата за трговецот, кој е во потрега по добриот бисер; во параболата за жените и изгубената драхма; во параболата за добриот пастир и изгубената овца; во параболата за таткото и блудниот син; во параболата за богатството закопано во поле…

Но во што се разликува барањето на (еросот) од тоа, што јас го сакам? Зарем овие параболи не се образ на трошење. Осознавањето на оваа разлика – е всушност причина на тоа, дека Бог се сокрива и дека ние Него треба да го бараме. Животот, кон кој Он нас нè повикува, потребно е да го научиме, – а ќе го научиме преку пракса.

Со објектите можеме да управуваме. Тие не прават ништо поразително и не бараат многу. Консумирањето е активност во која ние доминираме. Апостол Јаков пишува: „Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не молите. Просите, а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти. “ (Јак. 4, 2-3).

Тоа, што ние го бараме (еросот) во божествената перспектива, не може да биде управувано или претворено во објект. Тоа е секогаш поголемо од самите нас. Како такво, тоа е и малку опасно. Тоа може да повлече врз нас некоја штета или одреден ризик. Ние се плашиме, дека нема да го добиеме, но во исто време се плашиме и од она што го добиваме.

Параболата не е за трговецот со бисери и не е за жената со колекција од монети. Трговецот ризикува сè што има, само за да купи еден од тие бисери. Жената на таков начин ја бара драхмата, како во целиот свет да нема повеќе пари.

Кога се приближував кон моментот на моето обраќање во Православието, мојот прв чекор беше потребата да најдам световна работа. Човекот, во чија биографија е укажана една професија – свештеник, тешко е да најде работа или барем да добие интервју со работодавачот. Тоа не е страсна желба, туку повеќе како хоби. И наеднаш работата ме најде мене. Деталите сега не се битни. Важно е дека тоа се случи. Фактот дека јас добив работа и дека треба да кажам „да“, истовремено ме радуваше и заплашуваше. Ако кажам „да“, тоа е сето она што јас го посакував и може да почне да се остварува (можеби). И сè што за мене беше вообичаено и безопасно исчезна (но треба да нахранам четири деца). И ако сè што јас посакував почне да се остварува, тогаш можно е  дека сè ќе резултира во некаква непредвидена опција, во нешто кое воопшто не го посакувам. Јас многупати можам да ги умножам овие можни настани, дури и да не се допрам до сето она што се наоѓа во моето срце.

Но сепак, поентата кон која дојдов, стана почеток на вистинското барање. Ризик, награда, опасност, радост и тага – сето тоа е испреплетено во мене, кое ме турка кон почеста молитва. Јас си зададов задача и започна мојот возбудлив период од животот. Мојот живот постепено се прилагоди и стана секојдневен.

Свети Кутберт, кој е еден од големите монаси – херои во келтската земја, на следниов начин се справувал со секојдневието. Тој влегувал во водите на Северното Море во близина на бергот каде што живеел и стоел со вратот во водата. Тој стоел во крајна опасност и се молел. Свети Бернард со своите собраќа монаси го преминал Атлантскиот океан со чамец од животински кожи . Безброј илјадници монаси заминувале во пустини, во шуми, во пештери, на острови – односно на оние места каде што го наоѓале Бога. Бога не го бараат на безбедно место, дури и ако тоа е најбезбедното место во светот.

Еросот не се купува. Вистинската желба, која во реалноста е карактеристична за нашата природа, не се задоволува со страсните задоволства. Таа доаѓа до крајните степени, дури и до силна болка, со цел да го најдеме она, кон кое се стремиме.

Целиот овој живот е откровение на вистинската вера. Прашањето за нас, е како да почнеме да живееме во овој живот или него да го доживееме барем еднаш. Православието го проучував 20 години. Сите мои пријатели знаеја (и често се шегуваа) за мојот интерес. Многумина велеа  дека не се  изненадени кога пројавив интерес за правиславието.

И јас бев изненаден. Бидејќи ја знаев мојата слабост и страв од срамот. Ако вам ви се допаѓа Ферари, вашите пријатели нема да бидат изненадени од тоа што вие ќе собирате тематски фотографии и модели, филмови и маици. Но, ако ја продадете куќата и ја уплатите првата рата на овој автомобил, вам ќе ве сметаат за будала, а можеби и за луд. Барањето на Бог е такво.

Постојат и тивки опции кои не изгледаат толку многу радикално. Правилната исповед пред свештеникот може да биде една од нив. Молитвата пред иконата може да биде еден таков момент, бидејќи бара многу напор и внимание. Сето ова не може да биде предмет, па токму затоа и молитвата не може да биде вообичаена.

Сето тоа е од Бога и ние Нему треба да му бидеме благодарни. Ние тоа не треба сами да го откриваме. Тоа не е „техника“. Бог, Кој сака да го бараат, е исто така многу добар во тоа што се сокрива. И наоѓањето, каде Он се крие – е првиот чекор. Наоѓањето каде се криеш ти – е вториот чекор. Но, најголем и најубав чекор е да се почне од нула, да се купи поле, да продадеме сè што имаме, да направиме телефонски повик и да речеме: «да», «да» и «да».

  Свештник Стивен Фриман

Извор: http://pravoslavie.ru

 

Преземено од: http://www.pppe.mk/2019/zoshto-bog-se-sokriva-sebesi/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная