логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

ДАЈ БАРЕМ ЕДНАШ КАЖИ БЛАГОДАРАМ!
(писмо на еден монах до своето духовно чедо)

„Престани да бидеш постојано незадоволен, престани да се жалиш и да преживуваш „неправда„, и да се однесуваш како некој постојано да ти е виновен. Секој смета дека неговиот проблем е најголем и најтежок. Но, Бог ни зборува: Јас доаѓам во твојот живот не да те избавам од тешкотиите, туку да го преобразам твојот однос кон нив. И тогаш ќе почнеш да гледаш на своите проблеми повеќе оптимистички, со повеќе смирение, трпение и храброст.

Отфрли го од себе очајот кој ти зборува дека секогаш ќе ти биде тешко. Дете мое, тогаш проблемот ќе исчезне, немој да го преувеличуваш. Ти, толку многу ги преувеличуваш своите тешкотии со тоа што постојано размислуваш за нив, чувствуваш ужас и имаш панични напади и постојано си депресивен. А, тоа не е правилно, не е добро. Навистина, можно ли е човекот да биде така устроен?

Тоа е веќе одреден вид на способност, одреден знак. Некои луѓе дури и кога им предложуваш решение, не можат да го прифатат и да се успокојат. Не! Тие повторно ќе цвикаат и ќе роптаат. Им даваш совет, тие на момент малку ќе се поднасмеат, а потоа зборуваат: Не, не можам, таков сум се родил, карактерно сум таков. Еј, гледај, ти реков на својот проблем да погледнеш отстрана и тој ќе се реши. Не, тие луѓе повторно мислат исто, на истата грижа на која се навикнале. Глупа навика. Човекот самиот себе се гуши со грижата на совест наместо да ја исповеда, и се обеспокојува со чувството на вина иако со исповедта му е простено.

Дури, Господи... понекогаш чувствуваме загриженост и неудобност во даден момент и кога сме среќни. Колку глупаво од нас. И мислиш дека многу арно не е на арно, т.е. ако си многу среќен ќе ти се случи нешто лошо. Не, јас не можам да бидам среќен! За неколку дена ќе се случи нешто. И повторно и повторно вителот на помислите ќе не однесе во темнина. Ќе го слушаме шепотот на демоните: Ти едноставно не можеш да се насладуваш и да се радуваш! А, навистина погледни добро, и на се` добро во твојот живот, и се`како ни заповедал Христос. Погледни со оптимизам, со надеж и изговори: Благодарам! Престани веќе само да ропташ и цимолиш! Престани да бидеш постојано незадоволен, престани да се жалиш, да преживуваш „неправди„ и да се однесуваш дека секој ти е лично виновен.

Неодамна ми се јави еден човек и ми рече: Утре изутрина ќе одам в болница, ќерка ми ќе се оперира. Дали ти чедо мое си седел во болница во исчекување на новости за твојот ближен? Покрај тебе да ти поминуваат доктори и сестри, а ти при умот да не можеш да дојдеш од вознемиреност? И ти тука ме моташ дека имаш некој проблем. Дај те молам да бидеме сериозни мажи (жени), постојано ли ќе бидеме едноставно неблагодарни. Дај барем еднаш кажи, простум, благодарам!“

Избор од ФБ профилот на: о.Горан Стојчевски

27.07.2018 лето Господово

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4265
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4075
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3525
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…