логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Сликата на дете со „паметен“ телефон или таблет в рака веќе стана секојдневие, и тоа до таа мера, што нивните родители се гордеат за способностите на пребарување што ги поседува нивното дете, а најверојатно го забораваат шокантното во целиот овој случај.

Душевното здравје на детето е во опасност од практикување на такви работи, согласно со новите истражувања.

Специјалистите веќе почнаа да ги предупредуваат родителите коишто им дозволуваат на своите деца да си играат со таблети и смартфони повеќе часови во денот, дека сето тоа може да создаде опасност од долгорочни несакани ефекти врз душевното здравје на младите.

Во Англија забележан е првиот случај со едно четиригодишно девојче кое е хоспитализирано, бидејќи станувала премногу депресивна и неутешлива кога ќе ѝ го земеле  таблетот од рацете.

Малечката го употребувала таблетот на нејзините родители речиси една година, по четири часови дневно, нешто што предизвикало зависност.

Согласно со доктор Ричард Грахам, којшто пред три години ја отвори првата клиника за зависности од технологија, постојат многу слични случаи, но едноставно родителите се двоумат каде да се обратат за помош.

Доктор Грахам, изјавувајќи за Telegraph, анализираше дека симптомите на лишување на зависните деца од работите од кои се зависни, се исти со оние кои се појавуваат кај алкохоличарите или консуматорите на наркотични супстанци.

„Децата ги гледаат своите родители како се занимаваат, или си играат со нивните таблети и мобилни телефони, па сакаат и тие да го прават истото, но не можат да се справат на исто ниво, па затоа завршуваат во зависност од употребата на овие уреди“ – забележува Грахам.

Психијатрите проценуваат дека бројот на луѓето кои стануваат зависни од технолошките уреди на технологијата се има покачено за 30% последните неколку години, додека, последното истражување покажува дека еден од седуммина родители го остава своето дете да си игра со гаџет за најмалку четири часа дневно.

И уште и ова: 81% од оние кои зеле дел во истражувањето, признале дека децата денес премногу се занимаваат со паметните уреди.

 

Извор: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2858
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2665
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…