логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Забава за „широкоградни“

    Многу нешта се кажаа за „ноќта на вештерките (halloween)“. Во тој контекст беа цитирани и светители од Црквата. Но, и покрај тоа, „празничната“ треска која обзеде некои „широкоградни луѓе“, добива се повеќе на сила. Веќе неколку денови порано, започнуваат подготовките во училиштата и градинките. Родителите како луди ги посетуваат продавниците, за да ги најдат најплашливите и најужасните костуми за нивните деца. За продавачите на тикви, настапува моментот наречен „ден кој храни цела година“.
    Решив да се вклучам и јас во темата. Не зашто е кажано малку... просто посакав да дадам некој предлози, за да биде забавата потполна и целосна. На крајот, штом децата се радуваат, зошто пак да е забава само за еден ден?! Задоволството да се забавуваат со черепи, коски и секакви други слични нешта може да биде овозможено на далеку подолго време.
    Драги пријатели, ако сме „широкоградни“, да бидеме до крај. Земете ги своите деца и повелете со мене во некој од „лунапарковите“, кои ми е наложено често да ги посетувам. Ќе бидам ваш водич. А екскурзијата ќе биде потполно безплатна. Посетувам највеќе три „забавни“ места - Централните и Малашевските гробишта, како и тие во Бакарната фабрика. Таму вашите мили чеда ќе можат да се насладат не од вештачки и лажни черепи и коски, но од сосема реални. Сепак едно е фалсификат, а друго е оргинал. Дајте им го вистинското, а не фалшливото. Речиси секој ден се случува гробарите да раскопат стар гроб, за да може да биде погребен во него некој нов мртовец. Така вистински ќе можете да им покажете „забавување“ 2 во 1. Нов труп, плус коски од стар. А ако имате среќа, стариот труп може да бил обвиткан во најлон и да останало нераспадната нога со обувка или пак ракав со нешто што штрчи од внатре... Великолепно, зарем не?
    Но, можеби вие и вашите деца сакате поавтентични доживувања? О, да, парковите го овозможуваат и тоа! Секогаш можете да дојдете на Опело... Или пак на световно опростување. Ќе имате можност да ги видите во живо, дури и да ги снимите со смартфонот, викотниците на ожалостените. Да си направите селфи со труп. Ако успеете да го фанете моментот, можеби некој нема да издржи и ќе колабира или пак ќе има нервни испади. Во други пак случаи, покојните крварат. Малецките ќе ви бидат вистински среќни... И колку се помали, толку повеќе ќе им биде забавно, зарем не? Не заборавајте да им дадете и бонбони, оти идат со глетката! Фенерот од тиква не земајте го со вас - колку и страшен да сте го направиле, бледнее пред лицето на смртта.


    Претпоставувам, ми ја разбравте логиката, и можете и сами да продолжите со инвентивноста во „забавувањето“. На пример, ќе биде јако да ги научите да стрелаат со ракетен фрлач. Или пак да им залепите брада и во нивните раце да ставите нож и црно знаме со арапски букви на него. Сега тоа е нај модерно. Само внимавајте да не ги маскирате како христијани. Не е безопасно! Од некоја невладина организација може ги означат како фундаменталисти, додека да разберат дека е на божем.
    Некој ќе каже дека сум брутален... Дека не треба така да се зборува. Да, така е! Не треба... Но, зошто сум брутален? Едноставно ја доведувам логиката на „празникот“ до крај. Не ги праќам јас децата да си играат со бесови. Ѓаволот понекогаш носи и весела маска. Понекогаш изгледа како голем забавувач. Но, всушност, неговата цел е да ги вовлече нашите души во вечна мака. Тој е началник и вдахновител на сите нарко дилери, убијци, силувачи, педофили и секакви богоборци. И во тоа нема ништо, ама баш ништо (!) забавно. Тешко им на учителите и родителите, кои не ја изобличуваат таа појава. Тие спијат во сон на прелест, додека нивните деца се забавуваат со самите им уништувачи - духовни и телесни.
    Но, има и уште нешто. Зарем во нас не остана елементарен срам? Елементарна скромност? Добро, веќе јасно е, дека во оваа држава неможе да се живее нормално. Но, неможе ли, да се умре достојно? Зарем доликува некој да се подигрува со смртта и сето кое ја придружува? Кога правам Опело, понекогаш ги прашувам блиските: „Каде се децата“? Тие одговараат: „Ги оставивме дома, за да не се плашат“. Во овој случај бабите ги штедат внуците. Ги пазат за да не разберат како стојат работите во животот. Никаде не оди овој свет... Но во ноќта спроти 1-ви ноември тогаш е друго. Тогаш смртта езабавна. Лишена е од конкретност... Тоа е ужасна, погибелна лага. Смртта секогаш е лична. И секогаш, секогаш е болна! Никогаш не е смешна. Верувајте ми, се имам судрено со неа доволно и во секакви варијанти. И никогаш не ми доаѓало на ум да јадам бонбони. Но, често ми се случувало да плачам!
    И на крајот ќе ве прашам, драги мои „широкоградни“ учители и родители: Зарем заборавивте, оти 1-ви ноември е наречен од нашите предци „ден на отецот“? Ден на нашиот небесен закрилник, св. Јован Рилски. А освен него и на сите кои се разбудиле за духовен живот? Со што ви здосадија тие? Од вас ли започнува светот? Пред вас, ништо ли немаше? Зошто да ги оставиме децата да се навикнат на тој туѓ и очевидно сатански „празник“? А истовремено со тоа се срамиме да ги доведеме во Црква? Во таа Црква, која што не сочува како народ и се стреми да не направи од луѓе - ангели? Зошто го заборавивме Бога, Кој се понижи  за нас до смрт на крст? И тој ли ни здосади? Не ли ни ги даде како храна  и пиење сопственото Тело и Крв, та преку тоа да достигнеме живот вечен и неискажливо блажен живот со Него во Царството Негово? Која е причината да ги презреме Телото и Крвта Христови и да ги замениме со лакомствата на ѓаволот?
    Треба да си одговориме итно на тие прашања, пред да дојде вечерта!
    Пред навистина да дојде вечерта!

Автор: отец Владимир Дојчев, БПЦ - БП
http://outsideri.org/archives/1561

 Превод: о. Дејан Апостоловски

„Всушност, современиот Halloween е еден вид на бизнис проект, во којшто плитките и нечестиви трговци заработуваат на лекомислениот интерес на најмладите. Но најстрашното е во тоа што некои повисоки инстанции заработуваат на сигурната демонизација на детската свест, зашто ова собитие се восприема како пример за подражавање. Оваа антикултурна и аморална појава ја уништува психата на детето, кое доколку ја поддржува, неминовно ќе ги вкуси горките плодови на ноќните кошмари, немотивираната и неконтролирана агресија и „чувај Боже“ – самоубиствата. Да, бизнис проект во кој децата трошат пари за ѓаволските маски, а возрасните сѐ повеќе се заинтересирани за комерцијалната страна на празнувањето на Halloween. Тоа е цела трговска индустрија. Но тоа е трговија, во која топ производ е детската душа. Како врв на празнувањето на овој ден е прикажувањето на филмот „Ноќта на вештерките“, во кој едно момче, во пресрет на празникот ја убива својата шест годишна сестра и како резултат на тоа станува крвав манијакален убиец. И голема е веројатноста во иднина, многу млади луѓе, привлечени од демонската психологија на ваквиот тип филмови, да направат некој сличен потег.

Затоа образованието безусловно треба да се залага да ги воспитува децата во духот на конструктивната религиозна традиција. Спроведувањето на „невини и забавни“, а во својата суштина деструктивни школски активности во пресрет на празникот, се спротивни на основните културно образовни традиции кои грижливо биле негувани од страна на нашите предци. Кога тие би можеле да проговорат, а говорат во разумот и срцето на сите оние кои го почитуваат нивното дело, тоа вака би звучело: Нормалната религиозност исчезнува, а на нејзино место доаѓа комерцијалниот ужас, од каде што заклучуваме дека светот отстапува од Христа и почнува да му служи на мракот.“

Halloween (31-ви Октомври) е празник кој има длабоки пагански корени и е тесно поврзан со прославување на Непријателот на овој свет – Сатаната. Тоа е празник со кој се величаат мрачните нешта на овој свет, отколку cветлината на Исус Христос, Вистината.

•    На 31-ви Октомври кога ќе одлучите да не учествувате во прославувањето на овој пагански празник, НЕМОЈТЕ да седите дома во темнина. Како што знаете нашата Православна Црква е благословена со многу светители -  вистински светилници кои ги дале своите животи за доброто на нашата вера, и повеќе од сигурно заслужуваат да се присетиме и да ги прославиме на нивниот ден, како и да им се заблагодариме за тоа што не водат по правиот пат кон спасението. Ова се само некои од тие светители за кои може да си спомнеме и да им оддадеме почит во деновите на нивната слава со одржување на Бдение или Света Литургија, наместо да го славиме паганскиот празник Halloween:

apostolLuka.jpg

  • На 31-ви Октомври кога ќе одлучите да не учествувате во прославувањето на овој пагански празник, НЕМОЈТЕ да седите дома во темнина. Како што знаете нашата Православна Црква е благословена со многу светители -  вистински светилници кои ги дале своите животи за доброто на нашата вера, и повеќе од сигурно заслужуваат да се присетиме и да ги прославиме на нивниот ден, како и да им се заблагодариме за тоа што не водат по правиот пат кон спасението. Ова се само некои од тие светители за кои може да си спомнеме и да им оддадеме почит во деновите на нивната слава со одржување на Бдение или Света Литургија, наместо да го славиме паганскиот празник Halloween:

 31.1.2017 год.

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2987
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2832
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…