логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

    Христос нè повикува да излеземе решително, онака како што излегол Закхеј, од таа неизменлива состојба, која го води човештвото во тотален пад, кон Иерихон, Содом и Гомор. Се знае дека таму во Содом и Гомор, се вршеле противприродни гревови-гревови, кои денеска се обидуваат да ги озаконат. Ние многу добро знаеме, дека на манифестациите во Букурешт пратениците на западните земји дефилираат на чело на оние, кои извршуваат противприродни гревови и дека тие со измама се трудат да воведат сексуално воспитание во училиште. Но, многумина сèуште не знаат, дека тоа всушност е измама. Им велат, дека ќе ги учат децата да се сочуваат од грев, а всушност тоа е нешто друго т.е. пропаганда на гревот. Таа пропаганда на секакви начини настојува да проникне во нашите домови,  во душата на детето.

    Да се грижиме за децата, зашто денес тие имаат телефони. Претходно тие телефони немаа интернет... Тоа е уште едно искушение, сврзано со таа технологија. На почеток кажуваа, дека телефон ќе има оној, кој сака: сакаш да имаш-молам, несакаш-во ред  но, денес тој стана задолжителен. Ако немаш телефон, неможеш да имаш ни работа. Истото е со интернет. Кој нè задржуваше уште на почеток да го имаме? Но, после тоа веќе сè стана друго.

    Истото е со картичките-кој сака, нека земе-никој не те задолжува. Но, само ако имаш картичка, можеш да ползуваш намаленија и разлчни отстапки, веќе не плаќаш за втора стока, имаш многу привилегии, ако си «клиент». Но, сето тоа е лага. Така што луѓето, кои го претпочитаат удопството или го бројат секој денар, или пак сакаат да штедат време, односно да не стојат во редови, туку  плаќаат он-лајн, се подаваат на таа измама. Ние живееме во векот на лагата, кога управувачите на овој свет, се збогатуваат од војните: воената индустрија станала за нив извор на печалба. Тие се збогатуваат и како резултат на болестите-исто и болестите станале извор на печалење. Да не зборуваме за порнографијата, која носи огромни доходи во САД или на некој друг на друго место и сето тоа се распространува по цел свет.

    Но, тие луѓе ни говорат друго, дека ни го сакаат доброто, дека ни помагаат и ни даваат на заем, за да можеме и ние да станеме демократични и цивилизирани. Но, знаете ли како во пракса стојат нештата со тие кредити? Ќе ви дадам еден пример.
Ако некој сака да продаде крава, а вие сакате да ја купите и тој ја дава за 1000 евра, вие му велите:
    -Но, јас немам толу пари!
(понагледен ќе биде примерот со крава, која веќе е заклана и месото скоро ќе се одвои.)
    Тој вели:
-Немаш пари да ја купиш? Добро, јас на заем ќе ти дадам 1000 евра.
    Ти ја продава стоката, а после ти кажува:
    -Ќе ми вратиш 1300!
На таков начин, тој ја продава стоката и си ги враќа парите но, со лихва. Ете какви се оние кои ни сакаат добро: парите се враќаат кај  нив, а нашата индустрија е мртва, зашто сè купуваме од нив. Оди човек во супермаркет, а таму речиси целата стока е вносна и парите се враќаат кај нив.
Тоа не може да доведе до ништо друго, освен до колапс: земаш на заем, враќаш, им ја купуваш стоката и им даваш дополнително и лихва. Што може да нè спаси? Само нашето бедно селско стoпонство.
И уште нешто. Не е доволно што ја купуваш кравата и му ги враќаш парите со лихва, тој сака уште нешто-да воведува ред во твојот дом. Така започнува со постојана контрола: ти влегува дома, за да види што имаш во фрижидерот, како си го раководиш семејството, како ги воспитуваш своите деца? Тоа е «цивилизацијата», кон која се движиме.
Јас реков дека ќе не спаси селското стопанаство, и покрај тоа што беше разрушено, што сите иригациони системи беа запоставени. Сепак Бог ќе нѝ праќа по малку дожд, додека го заслужуваме. Ние, се разбира дека не го заслужуваме но, верувам, дека Тој бидејќи се сожали на малечките на нашите животни-ќе се сожали и на селското стопонаство и ќе ја извлече нашата економија.
Ние би можеле да бидеме земја која цвета и би заработиле многу, ако бевме независни, ако бевме стопани на на својата земја и на својата вера. Кога излегуваме со Светите Дарови, ние велиме: «За заштитниците на земјата и вера». Кога си стопанин во земјата, ти можеш да  носиш закони во училиште и никој нема да смее да ти натрапува сексуално воспитание и закрила на детето, за ти ги земат децата од твојот дом или да прават уште којзнае што.

    Христос не повiкува да се воздигнеме повисоко, отколку што сме, а денес светот е исполнет со разврат. Секој ден слушаш дека се распаднало ова или она семејство. Жената го остава својот маж, зашто нашла друг, побогат, кој и предлaга нешто: но, се случува и обратното, не е добро да се фрла сета вина на жените-нели тие не грешат сами, туку со мажите. И човек, наместо да се поклони на Бог, се поклонува на идолот на парите, на благосостојбата, на блудот и тогаш веќе не можеме да се промениме: помислите стануваат нечисти.

    Христос вели;
-Остави се и следи Ме.
Но, што се случува? На човек му станува некако тажно. Така се натажило и богатото момче, кога Христос му рекол:
-Раздади се на сиромашните, па дојди и следи Ме. (Мат. 19:21)
Тој се натажил. Так и современиот човек не може да го остави овој свет и да Го следи, затоа што навикнал со телевизорот, со гревот, со пијанството...Оттука тој го црпе својот допамин, хормонот на среќата, од таа лага, која иако сосема малку, сепак му носи некаква наслада.

    Па Бог вели:
-Ноќеска ќе ти ја земем душата (Лука 12:20)
Што означува «ноќеска»? Тоа означува,дека во она зло, во кое живееш, во блудот, во кој  живееш, ќе си ја загубиш душата. Човек не мисли на тоа но, секој ден може да се покаже како последен за него. Дали си помагал на сиромашните, дали си давал милостиња, дали си вршел добри дела? Дали си ги сикупил гревовите? А твоите блудни помисли-со нив што правиме?

    Во житието на свети Јован Милостив, патријархот Александриски, се вели, дела тој заповедал  да му го ископаат гробот до половина и да го остават така. И распоредил така што на секој празник, кога по протокол кај него доаѓале видни гости, да доаѓа служителот и да му кажува:
    -Владико, заповедај да ти го завршат горобот, зашто секој ден може да се покаже како последен.

    Смртта доаѓа како крадец. Кога сите се веселат, добро е да се замислиме, дека тие минути можат да бидат последни за нас.
Таква мудрост имале и светителите и паметењето на смртта не треба да нè натажува, затоа што таа е средба со Христос, со вистинскиот Живот. Само да се подготвуваме за неа. Да бидеме будни секој миг. Евангелието кажува, дека ќе дадеме одговор за секој збор, за сè што вршиме, за сите свои дела (види Мат. 12:36). Ние сме призвани кон почист живот, затоа да го водиме идното поколение, децата кои ги воспитувате и на кои се трудиме да помогнеме, по патот на Христос, по најдобриот пат.

    Во житието на свети Њагое Бесараб, војвода  на Романското кнежевство, се раскажува, дека тој ги испраќал своите деца да живеат во сиромашни семејства. Еден од синовите тој го испратил да живее во многудетно семејство, за да научи што значи да живееш во труд, затоа што во реалноста, трудот носи радост.

    Постои една ваква приказна. Живееел некогаш некој имотен човек, кој можел да купи се на децата, што сакаат (колку грешиме и ние денес, што на децата им даваме сè на готово: телефони, кола, дом; и тие веќе не се учат да го ценат тоа и не распознаваат дека радоста е од трудот). Тој богаташ го испратил синот во едно пусто место, кај што имал земја, за да направи околу неа ограда. Така тој започнал да копа-копал, копал, забивал колови и малку по малку ја изградил оградата. Неднаш во еден момент, го обзела голeма радост од тој труд. Треба да ги научиме децата да се радуваат на својот труд и на добрите дела, а не шопингот  и потребите.

    Тоа е радостта кон која треба да ги водиме децата-нека се учат да се радуваат на тоа, што го прават, на доброто дело, што го вршат; нека се радуваат да го средуваат домот, да си подредуваат своите работи, нека се радуваат на тоа, како од семчето израснува растение, да се радуваат на плодот на дрвото, за кое се грижеле.
Радост од труд и едноставност. Гледате ли колку сме се оддалечиле од тие нешта?

    Порано во семејството беше обичај мајката да е занимава со домаќинството, а мажот да оди на работа. Што станува сега? Треба да работат и мажите и жените, инаку нема да можеме да ги покриеме расходите. Тоа е многу тажно; порано не беше така. Порано жената остануваше дома и можеше да се грижи за децата. Сега пак, ниту сака да има деца-таа работи, и има најразлични задолженија. Затоа одлага заради различни причини, така што доаѓа до тоа, да раѓа едно, максимум две деца. Порано имаше многу предности: секогаш си со децата, дома; можеш да одгледуваш и некои домашни животни. А ако мама не е дома кој ќе се гижи за нив. Старците? Но, тие веќе не се со нас.
Така си имаш животинчиња, градина, од која собираш полезни продукти и ги даваш на децата-тоа си е домашно, а не процесуирано и со хормони. Мажот го носеше дома својот доход и тој беше доволен; парите се разбира беа помалку но, тогаш сè беше поедноставно. Сега пак, неможе да се живее така, затоа што се случи «бум» на потрошувачката епоха и на децата треба да им се купува сѐ, затоа што бараат на училиште: треба да имаат телефони, таблети, интернет. Сето тоа е многу скапо но, мора да биде купено и затоа треба да работат и таткото и мајката.

    Гледате ли каде се движи нашето општество? Ние дури не сакаме веќе да раѓаме деца. Се чуваме од нив, огорчувајќи го Бог на тој начин и живееме во праска, во блуд. Ние веќе не сме до своите деца, тие тоа го чувствуваат и душата им страда многу. Дури на здрава храна веќе не можеме да им дадеме-нели работиме! Како резултат на сето тоа, нашето општество деградира. Детето неможе да биде ниту здраво, ниту воспитано. Во пракса тоа е оставено на милост и немилост на технологиите-на телевизорот, на интернетот.

    Христос не повикува да се промениме кон подобро и ние знаеме, дека тоа не може да стане, додека го осудуваме другиот. Како што фарисеите имале лукави помисли и ги осудувале другите, така и ние неможеме да се промениме, додека ги осудуваме. Знаеме дека Адам ја префрлил вината на Ева, а Ева на змијата. Така бидува и со нас. Ние ја префрламе вината на околностите, на ѓаволот, ако се случи да паднеме во грев, или на Бог, што тој нѐ создал така слаби и неможеме да преуспееме. Кога ќе започнеме да пиеме или да пушиме, ја возлагаме вината на некој друг, на некаква ситуација и така не се менувама никогаш. Од таа причина и фарисеите не се менувале, а од истата причина и ние не се менуваме.

    Христос не повикува  да имаме смирение, да ја гледаме вината во себе, независно од тоа, што се случило во конкретната ситуација. Да го прифатиме својот дел од вината: «Да јас така не бев во право. Макар што другиот ми прави зло, јас исто така сум виновен. Пред Бог сум како фрлен партал. Ќе се обидам да станам подобар». Во тој миг, кога ќе покажеме смирение, ние се менуваме. Имено, кон тоа нè повикува Бог-да се вратиме кон првоначланото човечко достоинство: да живееме без грев, како што било во рајот и дури и нешто повеќе-да се удостоиме да живееме во Царството на Бог.

    Да се учиме да живееме убаво, да се научиме да живееме со Христос! Амин.

Автор : прот. Йоан Булига

 

http://pravoslaven-sviat.org/2017/06/08/izgubenite-radosti/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=izgubenite-radosti


подготви: М. Б.

Јуни 2017 лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная