логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ВИСТИНАТА ЗА НОВОТО ЧУДО ВО ЛЕСНОВСКИОТ МАНАСТИР

Откако веста за чудото со нашата ќеркичка Лора и без наша волја, со голема брзина се рашири по социјалните мрежи, одлучивме и ние, како нејзини родители, за да нема искривувања, да ја објавиме целата  вистина за големата милост што Бог ја пројави во нашето семејство.

    Нашите проблеми започнаа кон крајот на минатото лето кога ќерка ни го изгуби апетитот. Набрзо потоа доби силни болки и воспаление во зглобовите на прстите на левото стапало, при што три прсти се искривија.

    Уште на третиот ден од отекувањето побаравме лекарска помош. Беа тоа тешки и долги месеци во кои одевме по државни и приватни болници. Дијагноза – немаше. Болките во трите прсти на стапалото од самиот почеток беа неподносливи и не се смируваа со ниту еден лек препорачан од познати и искусни доктори, професори...
    Нашата голгота започна на 28. јануари, на самиот Празник на свети Гаврил Лесновски, кога поради необјаснив напад на кашлица бевме однесени со возило на Брза помош на Детска клиника во Скопје, каде што веднаш бевме примени. Терапијата што ѝ беше дадена ноќта кога нè примија, воопшто не поделува.

    Останавме месец дена на клиника. Секојдневно кај детето доаѓаа доктори од различни области – лекуваа реума, артритис..., некои велеа дека тоа воопшто не е реума, ниту артритис... резултат – немаше. Дијагноза – исто. Следуваа конзилијарни состаноци и договори, што со нашиот случај.  По примена терапија со имуноглобулини детето за првпат се онесвести. Ни го земаа од рацете... Следуваа тешки денови за нашето дете, за сите нас. Денови во кои продолжуваше неизвесноста околу состојбата на нашето дете. Ноќ помината на Карил, а потоа една седмица на одделот за интензивна нега на Детската клиника. Од одделение на одделение, од врата до врата... Која е дијагнозата? Со каква терапија ќе се лекуваат болките во ногата и несвестиците, кои по примањето на имуноглобулините беа многу, многу чести... Некои од лекарите предлагаа да одиме на лекување во странство. Во меѓувреме, стигнуваа резултатите од направените најопсежни анализи на клиниките во Скопје и во Германија. Сите резултати од детето беа одлични. Три направени магнетни резонанци на мозокот, не знаеме колку направени ЕЕГ-еа, пункција и сè што требаше и што можеше во Македонија да се испита и да се направи.

    Докторите и директорката на Детска клиника се ангажираа несебично, но не ни даваа конкретни насоки што и како понатаму. Ние, како родители, се консултиравме секаде каде што ќе слушневме. Лекарите комуницираа во неколку наврати со професорка од позната клиника во Турција. По месец дена поминати низ неколку одделенија и низ многу врати на скопските клиники, се наоѓавме во тешка безизлезна ситуација. Многумина тогаш од нашите блиски и познаници нè упатуваа да побараме помош од бајачи, гледачи...  Лора одлучно кажуваше дека никако не сака да ја носиме по баење и по слични такви луѓе, но затоа пак сакаше често пати, макар и во инвалидска количка, да ја носиме во малата црквичка посветена на Благовештение во кругот на Клиничкиот центар во Скопје.

    Го молев Господ да ни го посочи патот по кој треба да одиме, бидејќи по добиените добри резултати, а влошената здравствена состојба на детето, веќе никој ништо не ни препорачуваше.

    Целото тоа време добивавме неизмерна поддршка од сите доктори на клиниката за Детски болести, од пријателите, од колегите, од наставниците и соучениците на ќерка ни, од луѓе кои слушнале за нашиот проблем и сакаат да ни помогнат. Во порака добивавме многу имиња на доктори, мејлови, телефонски броеви со препорака да пробаме уште таму. Баравме чаре на многу места, но сите ги креваа рамениците со зборовите: „Што можевме, направивме“, „Ова не е до нас.“ Тоа беа најтешките моменти за нас. Немавме одговор на прашањето „Каде ќе го лекуваме детето?“. На хартија имавме дете кое е целосно здраво по сите добиени резултати, а всушност дете кое не може да направи ни чекор без наша помош…

    Донесовме одлука да ја напуштиме болницата на наша одговорност и да пробаме со хомеопатска медицина. Но и покрај првичните сериозни ветувања на докторката дека ќе го среди тоа, резултат немаше. Докторката максимално се ангажираше, даваше сè од себе. Нè испрати во „Славеј“ – Скопје да направиме ортопедско помагало, но прстињата на ногата останаа цврсто искривени во грч. По месец дена поминати во приватната амбуланта кај докторката–хомеопат, резултат – немаше. На крајот и таа призна дека не е моќна да се справи со проблемот. Повторно останавме без надеж... Единствената позитивна работа беше што за тој месец детето не примаше никаква терапија и држеше строга диета – така што се исчисти од долготрајното пиење на секакви лекови, па дури и цитостатици...

    Неподносливите болки во зглобовите на искривените прсти, вртоглавиците, нападите, несвестиците, заматеноста, црнината пред очите - останаа. Состојбата се влоши, и по едно онесвестување кое траеше многу долго, повторно бевме вратени во болница во Скопје. Но, наближуваше Велигден и по само две поминати ноќи во болница, нè пуштија дома за празникот, со договор веднаш после празникот да се вратиме.

    Долги години наназад со семејството го посетуваме манастирот „Свети Гаврил Лесновски“. Решивме да отидеме со детето. Запаливме свеќи за здравје. И покрај големата посетеност на манастирот и големата ангажираност на отец Дамаскин со посетителите, решивме да му ја раскажеме нашата мака. Отецот со задоволство нè покани да испиеме по еден чај. Додека му раскажувавме низ што поминуваме, тој трпеливо нè слушаше. Пиејќи го чајот и разговарајќи со отецот, ќерка ни постојано се онесвестуваше... Отецот нè охрабруваше да не се плашиме, укажувајќи ни дека проблемот и болеста на Лора се од сосема друга, духовна природа. Ни рече да отидеме со него во манастирот. Таму тој ѝ прочита молитва и ја помаза со масло од кандилото на гробот на епископот Гаврил Светогорец. Додека траеше молитвата очекувавме дека ќе се онесвести, бидејќи со месеци наназад не издржала толку време да не добие напад. Но, тоа не се случи. Отецот имаше голема вера дека со девојчето сè ќе биде во ред. Кога заврши молитвата, ќерка ни се исправи пред нас и ни рече: „Мамо, јас сум иста како порано! Повеќе не ве гледам матно! Ве гледам како порано!“ Отецот одеше напред, а детето по него... Само... Првпат после толку месеци без наша помош! Излеговме од манастирот, а таа сама продолжи по отецот кој одеше пред неа. Ја одведе во продавницата за свеќи и икони. И даде крст кој го носи на вратот до денес. И кажуваше што треба понатаму да прави. Ние уште не го осознававме чудото што ни се случи. Се поздравивме со отецот. Детето отиде само до колата која беше паркирана на манастирскиот паркинг. Кога седна во колата започна да ја одврзува патиката. Сакаше да се собуе и да го тргне ортопедското помагало од ногата. Ние во еден глас ѝ рековме дека иако се почувствувала подобро, не треба да брза да го тргне помагалото, но таа не нè слушаше што ѝ зборуваме.

    Моментот на вистинското изненадување за нас беше кога таа ни ја покажа ногата. Прстите кои со месеци беа искривени и згрчени во страшна болка беа исправени! Болката ја немаше! Занемевме... Се плашев да не се разбудам. Да не е сон. Се свртевме кон манастирот. Низ солзи му заблагодаривме на Господ за чудото што ни се случи. За милоста што на тој Велик ден Господ  ја истури врз нас... Заврна...

    Ни требаше време да се соземеме и да си појдеме. По патот сите молчевме. Само ќерка ми брзаше да се слушне со другарките и да закаже излегување во град.
    Ја гледав низ солзи. Ни требаше време да се соземеме и да поверуваме дека нашето дете, кое до пред само неколку минути постојано се онесвестуваше и не можеше само да оди, сега задоволно се смее. На неа немаше никаква трага од долготрајната голгота. Божјата милост избриша сè! Дома се вративме со истото живо, здраво и среќно дете од порано.
    Ова големо чудо придонесе за духовна преобразба на целото наше семејство и за наше уште посилно зацврстување во верата и цврста решеност од сега натаму да не отстапиме ниту чекор од  светлата патека на Исус Христос.
    Слава му на Господ кој ни подари неизмерна љубов и милост!

Причестување на Лора на Источен петок Балаклија во Метохот на Лесновскиот манастир, пет дена после чудото.


Од родителите на Лора: 

Влатко Минов – советник во Министерство за земјоделие, Општина Кочани
Олга Минова – директор на основното училиште „Синиша Стоилов“, Општина Зрновци

Друго:

Православна ризница - отец Дамаскин - чуда Божји и лажни исцелители - 18.05.2015

https://www.youtube.com/watch?v=FJV3lQ23Iyo

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная