логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




 Atanasij..jpg

Јеромонах Атанасиј Арсоски

БЛУДОТ – РАЗОРУВАЧ НА ЧОВЕКОВАТА ЛИЧНОСТ

Насловот на овој текст во очите на современиот свет, во најдобар случај, би изгледал смешен, а не би се зачудиле и на директен бунт против ваквата формулација. Дури и самиот термин „блуд“ веќе е исфрлен од масовна употреба, и може спорадично да се сретне само понекаде во световниот начин на изразување. Тоа е и една од причините поради која светот ја смета Црквата за конзервативна, антипрогресивна и анахрона. Под блуд ја подразбираме злоупотребата на сексуалната енергија што ја поседува човекот. Сè до половината на минатиот век сексуалноста била речиси табу тема, и за неа немало простор во јавноста. Таа била сведена на дел од најдлабоката приватност на поединецот и секој вид на нејзина манифестација се третирал како срамен чин и нарушување на интимата на човекот. Но токму Црквата (старозаветна и новозаветна), а преку неа и Самиот Бог, низ сите изминати векови била таа која отворено, најтранспарентно говорела и изнесувала став за сексуалноста на човекот. Впрочем, од аспект на изминатите епохи, сè до 20 век, во тој поглед денешната цивилизација би изгледала назадна и деструктивна, а Црквата современа и модерна. Но Црквата не го променила својот став и пристап, имајќи длабоко познавање на структурата на човековото битие и на целта поради која тој постои на овој свет. Значи, проблемот не е во транспарентноста, туку во сфаќањето за употребата на сексуалната енергија. Доколку ја ставиме Црквата на една страна, а цивилизацијата што е надвор од неа на друга страна, тогаш барем во денешно време можеме да потврдиме дека и кај двете страни не постои недостаток на отвореност. Конфликтот настанува поради поимањето на сексуалноста.
Причините, поради кои злоупотребата на сексуалната енергија претставува гревовна страст, не лежат едноставно во некаков морален кодекс на христијанството. Моралните кодекси се разликуваат соодветно на средината во која се составуваат, согласно менталитетот на одредена група луѓе или народи. Според тоа, и самиот поим на моралот е релативен, па затоа и не може да претставува универзален критериум. Христијанството нема за цел да го регулира поведението на припадниците на одредени општества, туку да му овозможи на секој човек да ја надмине смртта и уште од сега да влезе во радоста на воскресението. Но, за да го прими тој дар од Бога, најнапред треба да ја изрази подготвеноста на својата волја за преобразување на страстите, кои не се ништо друго освен енергии на човекот насочени спротивно на својата намена и цел.
Човекот е психофизичко битие, па затоа енергиите и способностите што ги поседува не можат да бидат класифицирани како исклучиво душевни или телесни. Секоја енергија е составен дел на целиот човек. Кога тие енергии функционираат во согласност со својата цел, тогаш човекот е потполно исполнет, имајќи истовремено и душевно и телесно здравје. Но кога се злоупотребени, односно насочени спротивно на намената, тогаш човекот страда и душевно и телесно. Затоа злоупотребената енергија се нарекува страст, што во превод од словенски јазик значи страдање. Помеѓу тие човекови енергии една од најсилните е токму сексуалната, затоа што нејзината намена е возвишена и свештена. Преку неа човекот станува Божји соработник во раѓањето на нов живот, на нова единствена и неповторлива личност. Но поради тоа што ние сме претерано наклонети кон егоизмот, оваа возвишена енергија е силно врзана за телесно, но не помалку и душевно, задоволство. Според зборовите на мудриот современ духовен старец, архимандрит Епифаниј Теодоропулос, прашање е колку и дали човештвото би се размножувало доколку не би постоело тоа задоволство. Кога со нас ќе завладее себељубието, тогаш сакаме сè што имаме да биде само за нас и не чувствуваме потреба за споделување со друг. Токму тоа изразено задоволство, што го предизвикува сексуалната енергија, претставува камен од кој се сопнуваме при обидот за нејзино разбирање и прифаќање.
Сега доаѓаме до клучното прашање: дали задоволувањето на сексуалниот нагон се изедначува со вообичаените физиолошки потреби на човекот? При реализирањето на сексуалната желба и потреба имаме излачување на материи кои, со Божјо вдахновение, стануваат животворни. Значи, не станува збор за исфрлање на некаков вишок или, пак, на некои непотребни супстанции. При извршувањето на обичните физиолошки потреби имаме исфрлање од организмот на непотребни или штетни за него материи. Според ова, очигледно е дека не може сексуалниот однос да биде вброен во обична физиолошка потреба. Неточно ќе биде и ако сексот го класифицираме во чисто физиолошка категорија, затоа што во голема мера при неговото реализирање учествува и душата. Имајќи предвид дека тука станува збор содејство со Бога во создавање на нов човек, тогаш не претеруваме кога оваа човечка енергија ја нарекуваме свештена.
Но зошто и како злоупотребената сексуална енергија ја разорува човековата личност? Поради возвишеноста на нејзината намена таа има голема сила и огромно влијание врз целото наше битие. Нешто слично како со атомската енергија. Кога истата ќе се (зло)употреби за оружје, нејзината моќ станува катастрофално разорна. При благословената употреба на енергијата и дарот за размножување, човекот чувствува мир, спокој и радост, бидејќи во тој случај не само што се реализира творечката соработка со Бога, туку се изразува и љубовната блискост на двајцата брачни сопатници и другари. Меѓутоа, проблемот настанува кога свештената сексуална енергија почнува да се расфрла, растура и понижува. Тогаш човекот ја брка Божјата благодат од своето срце и во неговото битие се случува нуклеарна експлозија. Последиците се разнообразни. Најнапред, кога блудот ќе го обземе човекот, тој веќе не е во состојба да ги гледа другите како личности, туку прво потсвесно, а подоцна и сосема свесно, ги гледа само како предмет за задоволување на својата страст. Значи, на сцената главна улога игра егоизмот. Таквата состојба, доколку продолжи, се интензивира сѐ повеќе, и конкретниот човек ги губи сите основни ориентири за живот во заедница. Толку е силна зависноста од блудот, така што човекот не може да се задоволи само со една или две „дози“ дневно. Сигурен сум и тврдам дека оваа зависност и ова ропство се многу посериозни и потешко излечиви и од наркоманијата. Една од последиците на оваа заробеност е и неверојатното слабеење на волјата. Утврдениот блудник ја губи секоја цврстина на волјата и речиси не е способен да донесе никаква посериозна и сигурна одлука. Тој можеби и ќе се свести, ќе размисли и ќе ја донесе одлуката, но силата на волјата за нејзино реализирање е во голема мера ослабната. На емотивен план се случува тотален хаос. Неразјаснети се одредени чувства, па дури и оние кои се неопходни за живеење во заедница со другите луѓе стануваат или пренагласени или, пак, премногу ослабнати и извитоперени. Значи, емотивната рамнотежа е потполно разнишана и, навистина, во таква ситуација човекот го чувствува претвкусот на пеколот. Кога зборуваме за силно интензивиран блуд, тогаш не можеме да ги заобиколиме и разновидните девијации што произлегуваат од тоа. Од злопотребата на сексуалната енергија, не ретко, произлегуваат такви изопачености и противприродни состојби, така што мислам дека и ѓаволот останува фрапиран гледајќи го сето тоа.  Во овој контекст свети апостол Павле тврди дека „ни блудниците, ни идолопоклониците, ни ракоблудците, ни мажеложниците... нема да го наследат царството Божјо“ (1. Кор. 6, 9 –10). Ова не е така затоа што Бог некого казнува поради одредено прекрување на некаков закон. Рековме дека такво нешто не постои. Причината лежи токму во разорвањето на личноста, за коешто зборуваме. Самиот човек си одлучува дали ќе се реализира себеси како личност, ползувајќи ги своите енергии во правилна насока, или, пак, ќе се разорува  со злоупотребата на истите тие енергии. Значи, проблемот не е јуридички и етички, туку е егзистенцијален.
Сето ова што тука во кратки црти го изложувам, во никој случај, не е со намера да дадам поттик за судење и осудување на некоја категорија луѓе. Да не даде Господ такво нешто! Меѓутоа, неопходно е да бидеме реални и свесни, бидејќи оваа опасност нѐ демне сите нас. Никој не е имун на овој вид зависност, а и тенка е границата, па затоа лесно може да се премине. Секогаш на гревот и на страста треба да гледаме како на слабост и болест, па затоа, како и за секоја болест, добро е и полезно доколку ги знаеме причините за нејзино појавување и ширење. Тоа во голема мера може да ни помогне во превенцијата и во зајакнување на нашиот духовен имунолошки систем. А доколку се случи да се разболиме, тогаш лекот го бараме во Бога и во непрекинатото учество во светите тајни на Црквата. Од наша страна е потребно само да изразиме смирение, коешто како магнет ќе ја привлече Божјата благодат која „секогаш ги исцелува слабостите и ги дополнува недостатоците“ (сп. молитва на чинот на хиротонија на клирик). 

ПРАВОСЛАВЕН ПАТ

19-ти ноември, лето Господово 2014



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная