логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 
 monahinja.Antonija.jpg
 

 


Псковска монахинка  Антонија   го видела адот  и Господ ја врати на земјата.
Таа го видела своето тело од страна  -  лежело на операционата маса. Наоколу се собрале докторите. Кон  градите принесувале прибор сличен на пегла.


 
Празнење – извикал Професорот Псахес.
Телото се  згрчило. Но таа не осетила болка.
Празнење!
Срцето не реагира!
Празнење! Уште! Уште!


 
Докторите се обидувале  да „го оживат“ нејзиното срце  речиси половина час. Таа видела како младиот асистент ја ставил раката  врз рамото  на професорот:
- Борисе Исаковиќ, оставете. Пациентката е мртва.
 
Професорот ги  извадил ракавиците и  ја тргнал маската . Таа го видела неговото несреќно лице – челото во капки пот.
 
Колку жалосно – рече Борис Исаковиќ. Таква операција, шест саати се трудевме...
 
Ја сум тука докторе! Јас сум жива! – извикала таа.
 Но, докторите не го слушнаа нејзиниот глас.
Таа се обидувала да го фати Псахес  за мантилот,  но ткаенината не се ни помрднала.
 
Професорот отишол, а таа стоела  покрај опрационата маса  и гледала како маѓепсана  во своето тело. Болничарите го преместиле во количка , го прекриле со чаршав. Таа ги слушнала како говорат:
Пак главоболка : доаѓајки од Јакупи , почина...

- Роднините ќе ја погребат. Зашто таа никого нема , освен малолетниот син...
 
Таа одела покрај количката и извикувала:
-Јас  не сум умрела! Јас не сум умрена! Но никој не ги слушаше нејзините зборови.

Монахинката Антинија се потсетува  со трепет на својата смрт...


Господ е милозлив! Он нас сите не љуби, дури и последниот грешник...
Антонија непрестајно ја врти  бројаницата. Нејзините тенки  палци треперат. Помеѓу палецот и кажипрстот  се гледа стара тетоважа – едвај забележлива буква „А“.
Мајка Антонија го фаќа мојот поглед. Јас се збунив, како да видов нешто забрането.

- Тоа е сеќавање на минатото во затворот – рече монахинката. Првата буква на името мое. Според пасошот, јас сум Ангелина. Од младоста непослушност...

Раскажете ни нам!
 
Мајка Антонија испитувачки гледа во мене. Имам таков  впечаток, како целосно да ме гледа. Минутата изгледа како вечност. Одеднаш замолче, одеднаш тишина!
 
 Нашата средба не беше случајна. Во Пеќор –Псковската област, каде што во близина  на познатиот Свето – Успениски манастир , живее 73 – годишната  мајка Антонија, допатував добивајќи вести од познаник верник:
„Имаме чудесна монахиња“ ! Била на многу места. Мајка Антонија, како што се покажа, во не така минато време, била неимарка  и  игуманија  на женскиот манастир  во  Вртаските Пољани на Кировските области.
 
После третиот инфаркт, со слабо здравје, требало да биде погребана. Се соглсила да се сретне  со новинарот на листот „Живот“ , откако добила препорака од духовникот. Ми се чини дека мојата молба ја упати некаде наугоре. И добива одговор. Мене ми застанува здивот. На крајот таа изнесува:

- Ќе раскажам.
Не го знам моето минато, не го сфаќам тоа  што се случи со мене после смртта. Што било – било...
 
Мајка Антонија  го става крсниот знак на себе . Едвај чујно, само со усните ја шепоти молитвата. Чувствувајќи дека враќањето во минатото бара од неа не мали  душевни и физички напори, слично  на пливачот кој што треба да  се нурне во бучниот водопад.


 Детство

Се родив во Чистопоље. Тоа е мал град на Ками во Татарија. Татко ми , Василиј Рукабиников  отишол на фронт  како доброволец. Загина на Брјанчини , во партизани. Мама, Екатерина, повторно се премажи за постар – тој  30 години бил  постар од неа. Јас го замразив, така што бегав од куќата.


Се најдов во детски дом како сираче. На крајот од војната  ме обучија  заедно со другарките за машинец и ме испратија во рудникот  во Свердловската област.
 
Првите дена се побунивме – заради....Ние сме малолетни, а рударите таму дошле. Првиот ден  незграпно не прегрнуваа...Но, јас побегнав во Москва, кај другарот Вороилов, жалејќи се.  Дофаќајки ги висечките скали од вагонот , бевме очајни, храбри. Ноќевавме во паркот  Горки,  во  грмушките , тискајќи се еден во друг...

Вороилов


Утроро, јас како најмала, иако ми даваа 12 години, појдов во  извидување. Го избрав дуќанот на  еден постар чичко. Пријдов. И запрашав , како да го најдам Вороилов. Дедото одговори дека уписот за прием се врши во пријавницата  на Врховниот Совет во Моховата улица. Ја пронајдовме таа приемница.

Тука имаше толпа луѓе.
 
-„Каде?“ – не запраша милиционерот на вратата.
- „Кај  Вороилов“.
-Зошто?“
- Тоа само нему ќе му кажеме.
Милиционерот не доведе до некој кабинет.  На масата седеше дебел началник.
Викна на нас строго:
„ Кажувајте“!
А јас вреснав:
 „Бегајте девојчиња,!  Тоа не е Вороилов!“
 
Таков звук чувме, што сите се разбегавме, И тогаш видов како Вороилов влегува. Го знаев врз основа на фотографија. Не внесе со себе. Нареди да се донесе леб, чај. Сослуша и запраша:
„Сакате да учите?“
-Да.“
- Кажете, кој смер да напишам“.
Јас избрав геологија во келировската област. А таму оделе сиромасите – се поврзувале  со  крадците. Заради глупости и заради глад. 
Ми се бендиса како живеат: ризично и убаво.
Направив тетоважа како сите би виделе дека сум...
Само не траеше долго: нашата дружина ја фатија. Во затворот  не ми се допадна.
 

Син


Кога излегов на слобода,  се заколнав во  себе си  дека никогаш нема да стигнам зад решетки.
Се омажив, отидов во Јакута – во селцето Њизниј Куран.
Работев таму  во „Јакутзолот“, дури добив и орден – Работник на Црвениот знак.... Во почетокот во семејството сè  беше нормално, го родив синот, Сашењка. Потоа, мажот ми почна да пие. И да ме тепа заради љубомора.
Потоа се фрли.
Не страдав – толку многу со него се намачив!  А уште и болеста ме совлада.
 
 Во почетокот не ѝ придавав значење, а подоцна, кога почна да притиска (неколку пати среде бел ден сум останувала без свест), почнав по лекари.
 Ме испитуваа и ми пронајдоа тумор во главата.
Ме упатија итно во Краснојарск, на клиниката на Медицинскиот институт.
 Јас плачам:
„Спасете ме! Имам еден син, уште оди во училиште, ќе остане сам...“


Професорот Псахес започна да оперира...Знаев дека операцијата е опасна, се плашев страшно! Тогаш се сетив на Бога. Претходно  бев атеист, богохулничка, но, одеднаш молитвата ми дојде на ум.
Поточно,  духовниот стих  на  кого еднаш во детството, една жена ме научи.
Се вика: „Сонот на Богородица“.
За Исуса, со сите Негови страдања, речиси целото Евангелие во тие стихови  е прераскажано... Ме поведоа на операција , а јас треперам и само „Сонот на Богородица“ го шепотам...


Дадоа анестезија, почнаа да  го дупчат черепот....Не чувствував болка , но, се` слушам – што со мојата глава прават.
Долго оперираа. Потоа како низ сон  слушнав како ме плескаат по образот.
Се` си преспала – ми велат.
Се разбудив од анестезијата, се помрднав, сакав да станам, се подигнав... и тука, срцето застана.
А мене нешто од телото  како да ми истече – може да биде од фустанот, се лизна...

 

Смртта

Количкaта со безживотното тело ја однесоа во една студена соба без прозорци. Ангелина стоеше отстрана. Виде дека нејзиното тело беше преместено на железна клупа. Во просторијата стана мрачно.
Ангелина се восхити: таа можеше да гледа!

 Десно од моето тело лежеше жена со  набрзина сошиен рез на стомакот, се сеќава монахинката. Бев поразена: претходно не ја познавав.
Но, ја чувствував како да ми е речиси роднина. И дека јас знам од што таа починала - се случило извртување на цревата.
 
Мене ми стана страшно со мртвата. Ја удрив вратата и поминав низ неа!
Излезгов на улица - и се запрепастив. Тревата, сонцето - се` исчезна!
Трчам напред, и нема пат. Како врзана за болницата. Се вратив назад.
 
 Ги гледам докторите и пациентите во болничките соби и ходниците. И тие мене не ме забележуваат. Глупава мисла ми падна на памет:
 "Јас сум сега невидлив човек''! Ми стана смешно. Почнав да се кикотам, но никој не ме слуша. Требаше низ ѕидот да поминам - успеав во тоа!


Се вратив во мртовечницата. Повторно го видов своето тело. Се прегрнав (телото), почнав да  се тресам и да плачам.
А телото не се мрднуваше.
И јас заплакав, како никогаш во животот - ниту порано ниту подоцна, јас никогаш така немам плачено...


Адот

Раскажува понатаму мајка Антонија:
-Одеднаш, до мене, како од воздух, се појавија фигури. Јас за себе ги нареков - војски. Во облека како Св. Георгиј Победоносец на иконите.

Некако знаев дека тие одеа по мене. Почнав да се прпелкам.
Викам: "Не ме допирајте, фашисти!“.
Тие буквално ме фатија под рака.
И внатре во мене чув глас: "Сега ќе дознаеш каде се наоѓаш''!.
 
Мене ми се сврте во главата, ми се стемни. И така навали - ужас!
Болка и жалост неописливи!
Јас викам, се карам, а мене се`повеќе ме боли. За тие мачења не можам да зборувам - нема такви зборови за тоа да го опишам ... И одеднаш на десното уво некој нешто тивко ми шепоти
 
,,Рабо Божја Ангелина, престани да се караш, помалку ќе те мачат ... Јас замолчив. И зад мене буквално почувствував крилја.
Полетав некаде. Гледам: пламенче што тлее некаде напред ... Пламенчето исто така лета, и јас се плашам и се оддалечувам од него.
И чувствувам дека десно од мене, како мала пчела, исто така, некој лета.
 
Поледнав долу, кога, таму видов многу мажи со црни лица. Ги креваат рацете угоре и ги слушам нивните гласови:
"Помоли се за нас''!
А јас пред тоа не бев во верата. Како дете бев крстена, а потоа во Црква не одев. Јас пораснав во дом за деца, таму сите атеистички не` воспитуваа.Непосредно пред операцијата се сетив на Бога.
Таа  „пчеличката'' од десно не ја гледам, но ја слушам. И знам дека не е зла. Ја прашувам за луѓето:
"Кој е тоа и што е тоа?''
И умилниот глас одговара:  "Тоа е тартар, место на темнината ...''. Сфатив дека тоа е адот.


Рајот

- Одеднаш почувствував како да сум на земјата. Но, се` е многу поубаво, цути како пролет. И мирисот е чуден, сè е благоухано.
 
 И уште ме запрепасти: на дрвјата истовремено има и цвеќиња и овошје - па тоа го нема. Видов огромна, изрезбарена маса, а околу неа тројца мажи со исти многу убави лица, како на иконата „Троица''.
И околу нив многу - многу луѓе.
Стојам јас и не знам што да правам. Долетаа до мене тие војски, кои доаѓаа во мртовечницата и ме поставија на колена.
Јас се поклонив до земјата, но војската ме крена и со гест ми покажа дека не треба така, туку рамењата треба да бидат прави, а главата на градите.
 
И почна разговорот со тие, што седеа на трпезата. Се изненадив: тие знаеја се` за мене, сите мои мисли. И нивните зборови за мене буквално течеа: "Кутра душа, колку гревови насобрала''!

И јас бев ужасно засрамена: одеднаш се сетив јасно на секоја моја лоша  постапка, секоја лоша мисла, дури и на оние што ги имав одамна заборавено.
И одеднаш почнав самата себе да се жалам.
 
Сфатив дека така сум живеела, но никого не го обвинував - самата својата душа ја погубив ...


Господ

Одеднаш сфатив како да Го наречам Тој Кој седи во средината и реков:
 „Господи''
Тој одговори - во душата веќе се создаде такво рајско блаженство.

Господ праша: „Сакаш на Земјата?“
 „Да, Господи!''
 „А погледни наоколу, колку е овде добро!'', ги крена рацете нагоре.

Погледнав наоколу - сè сјаеше, толку  беше необично убаво! А внатре во мене одеднаш се роди бесконечна љубов, радост, среќа - се`по ред.
И` реков:
,,Прости, Господи, јас сум недостојна!'' И одеднаш  ми дојде мисла за  синот; и реков: 'Господи, имам син Сашењка, тој ќе пропадне без мене!
 
Кутрата сама од затвор не се спасив. Сакам тој да не пропадне!''

Господ одговора: „Ќе се вратиш, но поправи го својот живот!''
„Но не знам како!“
„Ќе дознаеш. На твојот пат ќе се најдат луѓе кои ќе ти кажат. Моли се!''
„Но како?''
„Со срцето и умот!''


Иднината

И одеднаш ми ја открија иднината:
„Ќе се омажиш за друг човек.''
„Кој мене ќе ме земе ваква?“
„Тој самиот ќе те најде''.
„Не ми треба повеќе маж, со претходниот пијаница се намачив за цел живот!''

„Новиот ќе биде добар човек, но, исто така, не без грев.
Од север не заминувај додека синот во армија не го испратиш.
Тогаш ќе го сретнеш новиот маж и ќе  се омажиш. А потоа ти е судено да го најдеш  братот.
„Зарем тој е жив? Јас од војната за Николај немам вести!''
„Инвалид е, во инвалидска количка. Ќе го најдеш во Татарија и самата со сопругот таму ќе се преселиш.
Многу ќе му бидеш потребна на брат ти, ќе го негуваш и сама ќе го чуваш.“
„Ќе биде ли синот се` во ред?“
„За него не се грижи. Тој, кога ќе порасне, ќе се одвои од тебе.
Но, ти не очајувај.
Сети се на Господа и раскажувај им на луѓето за она што тука го имаш видено!
 И сети се - ти вети дека ќе го поправиш својот живот!''

 

Враќање

Веќе се најдов во моето тело. Почувствував дека ми е многу студено: многу се смрзнав. Се помолив: "Студено ми е!“
И слушам глас на десното уво:
Стрпи се, веднаш ќе дојдам по тебе!“
И точно се отвора вратата, влегуваат две жени со мала количка - тие сакаа да ме возат на сецирање. Дојдоа до мене, а јас го ортфрлив чаршавот. Тие - вреснаа и избегаа!
 
Професор Псахес, кој ме оперираше, доаѓа со лекови.
Вели: "Невозможно е да е жива!“
Свети со некоја ламба. И јас се` гледам, чувствувам, и се заврши така што не можев да кажам ништо,  само му намигнав.
 
Ме одвезоа до болничката соба, ме обложија со термофори, ме замотаа во облека. Кога се загреав, раскажав што се случило со мене. Борис Исаковиќ Псахес ме сослуша внимателно. Рече дека по мојата смрт поминале три дена.


Продолжување

- Уште во болницата - вели мајка Антонија - јас имам напишано за тоа што се случи со мене во весникот :  „Наука и религија“. Не знам дали печатеа. Професор Псахес го нарече мојот случај уникатен. По три месеци убаво напишаа.


Очај

- Се вратив назад во Јакутија – говори мајка Антонија. Пак, во Јакузолото, каде што бев на добра позиција.
Работам, го прехранувам синот.
Почнав да одам и во Црква и да се молам. Се се случуваше така, како што на оној свет ми беше претскажано.
 
Се омажив, а подоцна го оженив и синот. И постариот брат Николај, изгубениот во војната го пронајдов -  во Татарија. Тој беше  сосема сам , инвалид во количка , веќе многу болен.
Се преселивме во Низњекамск, близу до братот. Ни дадоа таму стан , како на северци. Јас во тоа време веќе бев во пензија. Го негував братот се` до  смртта.
 Го погребав, оплакав.
 
А потоа и сама се разболев. Ме прободуваше во крстот , во устата ми стана кисело. Трпев, долго.  Во споредба со адските маки сите земни болести се како убод од игла.
Синот и мажот  ме наговараа да одам во болница. Од поликлиниката  ме упатија  на испитување во Казањ. И таму ми пронајдоа рак на јетрата. Рекоа, дека сум закаснила со операција , дека метастазирањето веќе започнало.
 
  И таква тага ме обзеде – да се предадам. Ми дојде грешна мисла:
 
 „Кому сум потребна ваква, само сум на терет!“ 
Отидов на мостот – за да скокнам.
 
Но, пред што се фрлив во вода , одлучив со небото да се простам. Ги спуштив очите и видов крстови и купола. Храм.
Мислам: ќе се помолам за последен пат  пред да се удавам.

Дојдов во Соборната Црква. Стојам пред иконата на Богородица и плачам.
 Одеднаш, жената што собираше во храмот, ги забележа моите солзи, ми пријде и ме запраша што ми се случило.
И раскажав за ракот , за тоа дека мажот почна да пие,  дека никому не сум му потребна, дека синот си има семејство и дека јас сум му само товар, дека сакав рака врз себе да подигнам.
А жената ми вели:
 „Ти треба само да одиш во Набережније чељни. Таму дошол чудесен баќушка , архимандритот Кирил од Рига. Тој се` на светот лекува!“
 

Архимандрит

Мајка Антонија ја покажува фотографијата на свештеникот која  што виси во нејзината ќелија.
На снимката  со благо лице, стасит баќушка со два крста на одеждата.
 
-Тоа е мојот духовен татко – умилно говори монахињата – Архимандрит Кирил Бородин.
Чудотворец и праведник.
Страдаше за верата за време на советските власти. Тој е лекар по образование и многу луѓе исцели.
 Во 1998  година отиде при Господа. Тој не само што животот ми го спаси, туку и душата ми ја исцели.
 
Дојдов тогаш во Набережније челни на кажаната адреса во Црквата, дури во куќата во Низњекамск не свратив.
Редот во станот во кој што отец Кирил примаше , се одолжи. Мислам, треба цела ноќ да се чека.
 Одеднаш. Вратата се отвара, излегува свештеникот и мене ми мавта со раката:
„Мајко, дојди!“
Ме повика кај себе. Ми ја стави дланката врз главата: 
„Ах, колку си ти болна!“.
И одеднаш ме обзеде радост , како тогаш, во оној свет, пред Господа...
Сакав да му раскажам се` за мене на отец Кирил, за тоа дека и на оној свет сум била, но, тој ме запре:
„Јас се` за тебе знам.“

 

Манастир

 

-Одеднаш, баќушка ми рече;
„Патувај во Елабуту, таму се наоѓа мнастирот.
Ќе му речеш на мајка Евгенија, дека јас те испратив, говори мајка Антонија.
Јас се збунив: „Што ви е вам баќушка? Имам маж и син.“
 
Одеднаш отец Кирил изрече чудни зборови:
 „Немаш ти никого!“
Јас роптам
: „Веќе е ноќ“!, а тој строго:
 „Те благословувам, оди!“
 
Каде да појдам? Отидов на раскрсницата. Сите патнички автобуси веќе си отидоа. Одеднаш некој маж закочува:
 „Кој е за Елабуга?“
Ме доведе  до самиот манастир. Таму веќе ме чекаа. Започнав да живеам во манастир и да се молам. А силите  ми понедостасуваа. Веќе малку што  можев; јетрата  сосема откажуваше....Еднаш сонувам ваков сон.
 
Гледам четворица мажи , облечени во бело. Тие се околу мене. Јас лежам, а еден од нив вели;
„Тебе, сега ќе те боли. Истрпи, ракот ќе пројде“.
 
Утредента се разбудив , а јетрата не боли. Се појави апетитот – навалив на храната. Јадам се` што порано отфрлав – земичка, супа.
Барем еднаш во крстот да прободе! Одеднаш, отец Кирил допатува. Му раскажав за страшниот сон.
Прашувам:
 „ Кој во сонот ме исцели?“
А баќушка одговара:
„Зарем тоа се случило? Тоа е милоста Божја!“


Син

 

- Отец Кирил ме благослови да отпатувам во куќата во Низњекамск да ги земам работите и да средам со документите – раскажува мајка Антонија.
 
Допатував, а синот и мажот ме заборавиле. Мислеле дека веќе сум умрела.
На мажот му објаснив  дека треба да се разведеме, дека јас сакам во манастир, душата бара на Бога да Му служам.
Тој се смири.
Но синот – никако:
 „Не те пуштам!“
 
Ми стави кучешки ланец. Три дена така ме држеше, дури и во тоалет ме водеше на ланец. Се молев Господ да го вразуми син ми.  Ми допушти сега да одам во манастир. Зад грбот ми довикна:
 „Синот од тебе се одрекува.“

Добив постриг  за монахиња , по име Антонија. Во превод на грчки тоа значи „добиено место“.  Во манастирот го променив својот живот, како што тогаш на Господа му ветив.


Потоа ме благословија да градам нов манастир во Вјатски Пољани, ме поставија  за игуманија. Служев таму. А по инфарктот , се молев Бог да ме земе.
Допатував во Псков, потоа се најдов во Печори. Овде, покрај светите места последно е да се молиш и да дишеш...


Дар

За мајката Антонија во печори, зборуваат со љубов. Велат, дека покрај големиот дар да ги утеши луѓето, таа има дар и да види со духовните очи.
 
Имаше времиња кога неверојатно „гледав“ – говори мајка Антонија.
Потоа го замолив Бога да ми го одземе тој дар. Така е тоа...
 
Ми рекоа дека сте виделе чудо во храмот : тајната на претворањето  на лебот и виното во Тело и Крв Христови?


Тоа беше на Пасха, кога Царската Врата, која што го затвара влезот во олтарот е отворена. Стојам јас покрај Царската Врата, ја чекам Причеста. И посматрам како  свештениците во олтарот  го сотворуваат таинството, вадат од просфората честица ...
 
Си мислам, како лебот ќе постанел Тело Христово?
 И одеднаш на Олтарот блесна како сонце .
 
Гледам – наместо просфора, Младенецот лежи .
Преубав,  сиот  во светлина.
 
А свештениците  Него....во градите!
 Повикав:
„Не го прободувајте Младенецот!“
 
Луѓето ме гледаат, не сфаќаат во што е работата.
 А јас гледам:
чашата  златна, за Причест, изгледа проѕирно, скоро како стаклена да е.
 
 И самата се полни со Крв. По Службата со страв му раскажував за се` на мојот духовник.
Тој ме смири:
„Господ ти покажа чудо, радувај се!“.
 
Ете, живеам во радост.


 Сакам на сите да им кажам:
 
 Нема смрт, постои живот вечен!

Треба само да се љубат ближните и да се биде верен на Господа.

А иднината ја претскажувате?
 
Не.


 Едно знам:
 Русија ја чекаат тешки искушенија.
Но, ако станеме подобри, Господ ќе ни прости...

 

Превод: М. Даниловска - Мина
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная