логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Николај Е. Пестов
ПРАВОСЛАВНО ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА 
 Familija.jpg
 
СВЕТИ ТАЈНИ
 
Оставете ги децата да приоѓаат кај  Мене.
Мк. 10,14.
 
 Ние знаеме колку  Господ ги љубеше децата. Тој заповеда  на Своите Апостоли  да не им бранат на децата да доаѓаат при Него. Да не бидеме и ние пречка  нашите деца да добијат вечна  Божја благодат.  Ги носиме што  што е возможно почесто кон Христа.
Според обичајот на црквата  прв пат кон Бога ги принесуваме во осмиот ден после раѓањето.  Во Светата Тајна Крштение Господ ги чисти  од првородниот грев , симнувајќи го од нив проклетството кое што  се заканува  да го истреби паднатиот човечки род.

 Во Светата Тајна  Миропомазание , која што следува непосредно после Крштението, Господ го восиновува детето, дарувајќи му благодат која што според  зборовите на апостолот Петар 
  (1. Пет. 2, 9), ги вбројува во „избраниот род  „царско свештенство, свет народ“. 
Во Стариот Завет  миропомазанието е извршувано само над царевите  и пророците; во Новиот „царско свештенство“ му е дарено  на секој еден Христијанин.
За да опстојува животот потребна му е храна. Таа е потребна и во духовниот живот  на детето  кој што се зачна со крштението.  Таа храна Господ ја дарува  во Светата Тајна Причест.
 Колку често е потребно да го причестуваме детето?  Господ на тоа призива на секоја литургија: „примете, јадете...„ Ако ние возрасните, заради својата недостојност и неподготвеност,  и не се осмелуваме често да се причестуваме  со Телото и Крвта Христови, невините дечиња немаат за тоа никаква пречка.


"Колку што е можно почесто причестувајте ги децата со Светите Христови Тајни“, советува епископот Теофан Затворник. Затоа децата треба да ги причестуваме на секоја  Литургија  на која родителите можат  да присуствуваат и по можност, секоја недела и секој празник.“


  Старецот Партениј Киевски еднаш, во  боговдахната  огнена љубов Божја , долго во себе  ја повторуваше молитвата:
  „Исусе, живеј во мене и дај и јас во Тебе  да живеам!“, кога слушна  тивок и сладок глас :
 „Оној кој го јаде Моето Тело  и ја пие Мојата Крв, во Мене пребива и Јас во него.“

Благодатта на причестувањето  со Телото и Крвта Господова  е сечудесна: таа го крепи и го исцелува детето и  духовно и физички. Затоа, честото причестување на детето  е залог на неговото духовно и телесно здравје.
 
 Како  што сведочеше еден доктор, ретки беа случаите  кога мораше да препише лекови  на оние деца кои редовно се причестувале. Над децата  кои често се причестуваат  нема дејство дури ниту законот на  лошиот наследен фактор.
 Ј. Поселанин  зборува за родителите кои имале  сериозна причина да се плашат  за лошиот наследен фактор на детето.  За да го избегнат, тие, според советот на еден духовен татко, го причестувале своето малечко  секоја недела. И тој пораснал потполно здрав.
 Со Светото Причестување се поврзани и случаите  со чудесното исцелување  на децата.
Така, Свети Андреј  Критски, познатиот учител на Црквата во детството долго не можел да проговори.
 По усрдната молитва на родителите за негово исцелување, уздите на неговиот јазик се разрешиле  за време на Причестувањето со Светите Тајни.


Според забележувањето  на епископот  Теофан Затворник, „оној ден кога детето ќе се причести, тоа тоне во длабок мир... Понекогаш детето  се исполнува со радост  и со разигран дух и спремно  е  секого да прегрне како свој.“
 
По обичајот на Црквата, по седмата година  детето не треба повеќе  наутро да зема храна  или пијалак  пред Светата Причест. Во возраста  од седум до осум години  детето е веќе формирано момче или девојка  и почнува да се смета за одговорно  за своите постапки. Од таа возраст  неговата духовна одежда  почнува да се покрива  со дамки на гревот.


Ние се трудиме детето да го воспитаме да ја одржува телесната чистота. Неспоредливо поголемо значење има воспитувањето во детето на чувството за духовна чистота – на потребата за очистување од секој грев, од секоја дамка на својата духовна одежда преку Светата Тајна Покајание и Исповед, која претходи на Светата Причест.


Добрата навика е духовен капитал од чија што камата може да се живее цел живот. И ако детето уште од детството научи да моли за прошка за вина, најнапред од родителите и блиските, а од седмата година и на исповед, тоа во текот на целиот живот ќе умее да ја чува душата чиста. Од моментот кога детето ќе научи да пишува треба да се навикнува да ги запишува своите гревови за исповедта да биде смислена и содржајна.


Децата уште од возраст на момчиња и девојчиња може да се причестуваат (и исповедаат) поретко, но, ако е тоа можно, не поретко од еднаш месечно, како и на големите празници. Ова правило преподобниот Серафим Саровски им го оставил на дивеевските сестри.


Треба да се сеќаваме на зборовите на преподобниот Макарие Велики, упатени кон една болна жена:
 „Те снашла неволја зашто веќе пет недели не си се причестувала со Светите Тајни“.


 Даденото правило на причестување (еднаш месечно) може да се измени во согласност со духовниот отец на детето во насока на почесто причестување.
Секако, децата кои пристапуваат на Светите Тајни треба да ја разбираат нивната суштина и благодатта која преку нив се предава. За тоа треба со детето да се разговара, и како што расте детето, да се продлабочува неговото разбирање на смислата на Светите Тајни.
Како што пишува о. Валентин Свенцицки:
"Светите Тајни се светло небо на грешната земја. Тие се ветување кое се исполнува.
Тие се она што нашата вера ја облекува во тело и крв, што као оган го грее студенилото на душата наша и ја омекнува скаменетата бесчувствителност на срцето наше.
Тие се онаа "невечерна светлина", која го осветлува мракот што нè засолнува.
Каква ли мудрост е во нив, каква вистина, каква радост!
На нас (преку нив) навистина се симнува Духот Утешител, за Кого што Господ им зборувал на Своите ученици".


Во Светите Тајни на Црквата децата општат со Самиот Господ.
 Ограничувајќи го нивното учество во Светите Тајни, ние ја кршиме Спасителовата заповед. Да се сеќаваме на Неговите зборови: "
 Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене  и не пречете  им, зашто на такви  е Царството Божјо"
(Мк. 10,14).
 
Превод : М. Даниловска Мина
 
Извор: http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Porodica/PravoslavnoVaspitanjeDecePestov/PravoslavnoVaspitanjeDecePestov05.htm

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2051
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная