логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


Архимандрит Тихон (Шевкунов): «За мене не постои прашањето, за кого да гласам»
Што значат претседателските избори за православниот човек
 


Што значат претседателските избори за православниот човек? За тоа ќе разговараме со намесникот на Сретенскиот манастир, архимандритот Тихон (Шевкунов)
 

— Отец Тихон, зарем не е продобро наместо на избори да се отиде во храм, зашто во политиката и без нас ќе се снајдат, зар не?
— Навистина, има таква позиција, која ја имаат не малку православни луѓе, иако не повеќето. „Тоа извинете, не е наша работа, ние – треба само да се молиме. А во граѓанскиот живот, и посебно во предстојните избори, ние воопшто не треба да учествуваме“. Но најпрвин, ајде да си спомниме на Светото Писмо. Господ Иисус Христос рекол потполно определено : На Бога – Божјото, на кесарот – кесаревото. И кога требало да плати данок, платил. И во пописите на населението учествувал со родителите уште како Младенец. Така да граѓанскиот живот на христијаните не е забранет. А плус, доаѓаат и времиња, во кои моментот на изборот е особено важен за народот.
— Баш сега е тој момент?
— Што се однесува на денешната ситуација, ајде да гледаме и од црковна погледна точка.
Кога уште друг пат, во историјата на Русија власта ù давало таква слобода и самоопределение  на Црквата? Да кажеме чесно, никогаш. Дури во најдобрите години на власта на православниот цар, Црквата не била толку слободна. Имало државен чиновник – обер-прокуратор (набљудател) на Светиот Синод, кој практично раководел со надворешната дејност на Црквата, и потполно ја контролирал. Јас веќе не зборувам за советските години, кога местото на обер-прокураторот го зазел Советот за работите на религиите.
Денеска нема ништо подобно. Затоа има реална помош на власта за востановување на храмови, манастири, во издигање на нови храмови. Тоа се однесува и на црковното образование. Од следната учебна година, во сите училишта ќе можат да ги изучуваат основите на Православието тие, што ќе го изберат тој предмет. Секако, би сакал сето тоа да биде подобро, подлабко Но, мислам дека тоа е прашање на време, ако сè се одвива во тие тенденции. Но тие треба да се сочуваат, развијат.
— И како тоа ќе зависи од нашето гласање?
— Многумина денеска прашуваат: како да гласаат, за кого да гласаат, да гласаат ли воопшто?
Секако, и безусловно – најпрвин тоа е решение на секој конкретен човек.
Можам да кажам само за себе. За мене лично такво прашање сега не постои. Јас во советско време никогаш не учествував во избори. Не гласав ни за време на Елцин. А веќе од 2000, кога бев веќе многу постар од 18 години, станав реален избирач. И веќе ќе гласам. Зашто во овој случај јас знам, дека има кандидат верник, православен. И него сакам да го поддржам.
Има и други причини, зошто би сакал, прецедател да биде Путин. Тоа не е сврзано само со црковниот живот. Сега ни претстои да поминеме сложена временска етапа. На јужните граници на нашата земја, може во секој момент да започне војна, најтежок воен конфликт, сврзан со ситуацијата околу Иран. Каков човек ќе може да ја задржи земјата и достојно да ја претставува не меѓународен степен во периотд на тој повеќе од веројатен воен конфликт? Јас познавам само еден таков. Имено кај него има и многу сериозни напредоци во областа на економијата, што исто така ќе биде неопходно за најблиската иднина. Зашто кај нас, тука, и не малку веќе е направено. Мене само ми е потполно нејасно, зошто за тоа малку ни раскажуваат?
— Што сакате да кажете?
— Еднаш разговарав со еден крупен чиновник и му раскажав, дека еден од моите познати неодамна во Башкортостан отворил две огромни фабрики за тешко машиностроителство. Џиновски фабрики, кои „Сименс“ беше спремен да ги купи, уште веднаш од корен. Но за отворањето на тие фабрики речиси никој не знае, и дури не покажаа ни на телевизија. И така, тој чиновник снисходително на моите зборови, се насмевна и ми рече: „Батјушка, зарем вие мислите, дека отворањето на фабрика може да биде новост за на телевизија“? Јас не знам дури ни како да ја прокоментирам таквата позиција.
И како резултат излегува, дека ние сме лишени од објективните информации за тоа, што се случува во земјата. А исклучок се, подробни информации по сите канали за несреќи, катастрофи, и особено, за најкошмарни престапи. А кај нас започнуваат со работа фабрики, џиновски електро-станици, нашата атомска енергетика – прва во светот. Научниците прават откритија, благородни луѓе себежртвено им помагаат на ближните, ги носат на себе „тепкотиите еден на друг“. Но, сето тоа, излегува, „не е интересно за на телевизија“. Од една крајност – на советското време, кога темата за производството наметливо не слегувала од екраните, ние се насочувме во друга крајност – кај нас има само раздори, тотална деградација и бескраен криминал.
Има сајт «Сделано у нас» (Направено кај нас). Моите студенти неодамна ми го покажаа. Таму луѓе самостојно го собираат тоа, што не ни го покажува телевизијата, тоа што денеска реално се случува во домостројот, земјоделството, науката. И тие кои ќе го погледнат тој сајт, ќе бидат навистина поразени: какви претпријатија стапуваат во работа, какви технологии се разработуваат, започнувајќи од воена и завршувајќи со земјоделско-сточарска техника. Со чие решение таа информација за повеќето останува непознатаискрено да кажам, совршено не можам да разберам.
А нашата земја денеска, без секакво преувеличување, се наоѓа во готовност пред најкрупен прорив за сета своја историја. И јас длабоко сум убеден, дека таа група на единомисленици, која што го спрема тој пробив, и веќе многу направила за тоа, треба да добие можност да ја заврши таа програма.Тоа ќе биде необично интересно.

Извор:

http://www.pravoslavie.ru/smi/51600.htm

Подготви: Златко Дивјаковски

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4033
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3416
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3249
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…