логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА НА
ПРАВОСЛАВНИТЕ ПОКЛОНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА
ПРЕДВОДЕНИ ОД ОТЕЦ ПРОХОР
ЗА БОЖИК 2009


По молитвите на Нашиот Свет Отец Гаврил, Епископ Велички – Светогорец кој велеше дека барем еднаш во животот православниот христијанин треба да стапне на Светата Земја, Господ дозволи неговото духовно чедо, јеромонахот Отец Прохор, да нè поведе нас на вакво духовно патување за Божик, летото Господово две илјади и деветто. Патувањето насловено како „Божик во Светата Земја – поклоничко патување за православни верници“ за нас мирјаните од Битола, Кочани, Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Скопје, Штип и за сестра Илијана, игуменија на Марковиот Манастир под водство на Отец Прохор, за групата од 43 православни поклоници, започна тивко, во снежните мугри на 4 јануари 2009 пред Соборниот храм „Климент Охридски“ во Скопје, со автобус по заснежените патишта до софискиот аеродром, затворен поради снежно невреме. Авионот за Тел Авив, со доцнење од два часа беше еден од неколкуте кои успеаја да полетаат дента под тие услови! По сите искушенија предизвикани од снежното невреме на балканскиот дел од светот во ноќните часови стапнавме на Светата Земја! Со силни емоции, во тишина во духовно исчекување.
Беспрекорната организација на ова патување со назив „Божик во Светата Земја – поклоничко патување за православни верници“ ја извршија г-ѓа Наталија, сопственичка на туристичката агенција Никекс, со своите соработнички Верица и Наташа, како и неуморната г-ѓа Тамара, православен водич од Израел со руско потекло, која зрачеше со голема духовност и беше непресушен извор на теолошки информации и трпеливиот возач на автобусот Фаузи.

Ден први во Светата Земја, 5 јануари 2009, понеделник

Hram.Grob.Gospodov.jpg

Храмот на Гробот Исусов 

Мугри. Ерусалим низ прозорците . Исчекување. Со молитва во себе, внимавајќи на богатството од информации што ги дава г-ѓа Тамара пеш покрај ѕидините на Стариот Ерусалим низ Портата кон Дамаск по Виа Долороса (Патот на маките) до Храмот на Гробот Исусов  каде што се наоѓаат Каменот на Миропомазанието   и Голгота . Секој се труди да се соживее со она што се случувало пред повеќе од 2000 години по овој пат и на овие места. Во себе молитва за здравје и спасение за себе, за блиските, саканите, пријателите (и непријателите) за спокој на душите на починатите. Емоции и тишина. Сè во беспрекорен ред, што не успеваат да го нарушат дури ни љубопитните туристи, „јабанџии“, дојдени да ја задоволат суетата, да можат да се пофалат каде ги поминале новогодишните празници.
Повторно улиците на Светиот Град, Ерусалим до Сионската Гора. Во тамошните катакомби, сега затворени од безбедносни причини се криеле првите Христијани за вршење на света литургија, се „родила“ првата христијанска црква . Продолжуваме пеш кон местото каде што е извршена Светата Тајна вечера  и потоа кон местото каде се упокоила Пресвета Богородица . На овие места се наоѓале рановизантиски базилики, па потоа биле во муслимански посед, а денеска се католички храмови.

Hram.Grob.Gospodov.jpg Hram.Grob.Gospodov.jpg

 местото на Вознесението на Господ Исус Христос

Hram.Grob.Gospodov.jpg

неговата камбанарија е наречена Свеќата на Ерусалим

Попладне. Со автобус преминуваме отспротива Стариот Ерусалим на Елеонската Гора да се поклониме и да се помолиме на неколку свети места: местото на Вознесението на Господ Исус Христос (кое денеска го имаат во владение  муслиманите)   и во Рускиот Спасо-Вознесенски Манастир (неговата камбанарија е наречена Свеќата на Ерусалим) . На ова место се случило првото и второто пронаоѓање на главата на Св. Јован Крстител .

zazid.Zlatna.Porta.jpg

 На залезот на сонцето гледајќи го Стариот Ерусалим како на дланка г-ѓа Тамара, православниот водич од Израел, сооднесува со просторот пред нас повеќе Старозаветни и Новозаветни случки, како и содржаните пророштва од кои дел се исполниле, а дел претстојат .
Со првиото стемнување,  пеш слегуваме од Елеонската Гора и се искачуваме до ѕидините на Стариот Ерусалим во чија непосредна близина е нашиот во хотел, сопственост на православни Палестинци, што ги има околу 2% од населението во Израел. Во тамошните јазици не постои назив „одам во Ерусалим“ и „се враќам од Ерусалим“ туку „се качувам во Ерусалим“ и „слегувам од Ерусалим“. Тешко ни успева да ги средиме впечатоците и се обидуваме да го примиме сето што сме го читале или слушале, а што е тука пред нас, што во моментов сме дел од него. Се јавува прашање – дали сум достоен, дали сум доволно подготвен?

Ден втори во Светата Земја БАДНИК, 6 јануари 2009, вторник

Hram.Grob.Gospodov.jpg Hram.Grob.Gospodov.jpg

Гробот на Пресвета Богородица - влез                      Манастирот на Св. Марија Магдалена    


Ден први во Светата Земја, 5 јануари 2009, понеделник

Нашите активности повторно почнуваат рано, рано наутро. Пеш, во тишина со молитва во себе кон Гробот на Пресвета Богородица . Во полумракот светлина од стотици кандила. Поклонување, молитви, прекрасната чудотворна икона на Пресвета Богородица – Ерусалимска  која ќе ги услиши сите наши молитви, желби, покајанија, која ќе ни даде утеха и сила за понатаму.
Излегуваме на дневна светлина, утрото во Светата Земја го земало својот замав –  жешко сонце. Отспротива, недалеку Маслиновата градина – Гетсиманиската градина  и каменот каде се молел Господ Исус Христос  кога заспале неговите ученици, Светите Апостоли – денеска во рамките на католички храм познат како Црква на сите нации. Тивко и достоинствено се пробиваме низ многубројните групи верници за да и ние се поклониме. Градинари вршат сезонско средување на добро обезбедените маслинови дрва од кои некои,  се стари над 2 000 години па секој од нас може да си земе маслинови гранчиња.
Патот нè носи повторно нагоре на Елеонската Гора, некаде на половина, до Манастирот на Св. Марија Магдалена  каде се наоѓаат моштите на Св. Елисавета, која е заслужна за подигањето на манастирот со прекрасните пет златни куполи и на нејзината ќелијница Св. Варвара. Во дворот се поклонуваме на сочуваната Патека по која врвел Исус Христос кон Ерусалим на Цветници .
 Рано попладне слегуваме од Елеонската Гора „се качуваме“ во Ерусалим низ Лавјата Порта и одиме во родната куќа на Пресвета Богородица . Недалеку е Овчата Бања, Витезда, каде се случило чудото, каде Господ Исус Христус го излекувал оној што бил неподвижен 38 години. Во молк се чита Светото Евангелие.

zazid.Zlatna.Porta.jpg

На патотдо Неговото Распнување
 Следат местата каде се случиле настаните од Страдната Недела. Се обидуваме да се соживееме со она што тука станало кога Господ Исус Христос бил во судницата, па го преминал прагот на Пилатовата Судница – денеска голема Руска Црква во која се поклонуваме и се молиме . Околу нас пазар, но сепак со напор се задржуваме на она што е нашата цел овде – низ молитва и читање на Евангелието да се доближиме до Бога на секоја од одделните станици до десеттата, до Неговото распнување.  Па молкум, приквечер со измешани чувства се враќаме до хотелот да се подготвиме за Божикната богослужба во Црквата на Христовото Рождество. За некои од нас долгоисчекуван момент, пред Светата Причест во Светата Земја.

zazid.Zlatna.Porta.jpg

Пред храмот на Рождество на Господ исус Христос
 Ноќ. Палестинска територија – судир на сегашноста со вечноста. Витлеем. Море од православни верници од целиот свет. Мешани чувства предизвикани од стварноста и неизбежноста. Море од луѓе се провира низ отворчето низ кое се поклонува и царот и просјакот на родното место на Царот на Вселената – Храмот на Христовото Рождество, отпрвин Византиска Црква, единствена која не била целосно разрушена низ вековите. И на крајот успеваме во тоа. Светлина од стотици кандила. Чувствата се величествени, наплив на емоции. ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ! Причест очи во очи со Пресвета Богородица, Чудотворна Витлеемска Икона .
Мугри Витлеем. Тишина во автобусот кон Ерусалим. Ни запирањето по контролните пунктови не успева да нè врати во сегашноста.

zazid.Zlatna.Porta.jpg

zazid.Zlatna.Porta.jpg


Ден трети во Светата Земја, БОЖИЌ, 7 јануари 2009, среда

zazid.Zlatna.Porta.jpg

манастирот на Св. Сава Освештен

По неколку часа одмор се враќаме во Витлеем. Да се поклониме. Повторно река од поклоници. Долу, во малата црква, под главниот олтар се поклонуваме на штотуку родениот Младенец .
Продолжуваме кон манастирот на Св. Сава Освештен во срцето на Јудејската Пустина. На камен маслинка, од камен билка –  како ли живеат?  Некои од нас жалиме што се враќаме, но доцна попладне е и брзаме кон манастирот на Св. Теодосие Велики каде што се наоѓа неговиот гроб и костурницата на многу пострадани во маки монаси, да се поклониме и помолиме .

(Продожува)

Извор: http://www.nikex.com.mk/

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2765
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7214
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7040
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

03/07/2024 - сабота

Светиот пророк Езекил; Преподобните Симеон и Јован;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Маченици свети Христови,вие браќа по вера постанавте,напоени и закрилени од благодатта,мачењата за ништо не ги сметавте,

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Христос, Кој поради насОд Дева се роди,го следеше чесна Марие Магдалино,чувајќи ги Неговите заповеди и закони:затоа денес го празнуваме  

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Свет е нашиот Бог,да се исполни целото небо и земја со Неговата слава,повикуваше о ти Езекиле Божји помазаниче и пророче,мачениче...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная