логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Патријархот на Руската православна црква, г. Алексиј Втори, со орден „Обединетост“ го одликува Златко Лечевски, амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Вакви одликувања, кои се доделуваат по повод 60-годишнината од Обединетите нации, московскиот патријарх во саботата им додели само на петмина амбасадори од светот. Одликувањето се случи по традиционалниот молебен што го одржа московскиот патријарх заедно со свештенството на Руската православна црква на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Претходно, македонска делегација предводена од амбасадорот Златко Лечевски положи цвеќе на споменикот на словенските просветители на Славјанскиот плоштад во Москва. Годинава првпат меѓу дипломатите што им оддадоа почит на браќата Кирил и Методиј беа и претставниците на Грција и на Кипар. Орденот „Обединетост“ е второ високо одликување за нашиот амбасадор во Руската Федерација. Минатата година, на 24 Мај, на амбасадорот Лечевски му беше врачен медалот „Св. апостоли Кирил и Методиј“, кој се доделува за унапредување на словенската култура. (Б.Ј.)_Утрински весник



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2746
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1924
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…