логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Optina.novomachenici5.jpg

Во Рано Пасхално утро, на 18 април 1993 г, во Оптинската Пустина, маченичка смрт примиле тројца населеници на обителта – јеромонах Василиј, инок Трофим и инок Терапонт.

 

Optina.novomachenici.jpg

Јеромонах Василиј – Игор Росљаков ( 1960 г .р.) дошол во Оптина  на 17 Октомври 1988 год. 23 августа, 1990 г . бил пострижен во монашетво, а после 3 месеци ракоположен во јеромонах.

Инок Трофим - Леонид Татарников ( 1954 г .р.) дошол во Оптина во август 1990 год. и го нашоч тука тоа, што долго го барала неговата душа. После половина година бил примен во бројот на браќата, а на 25 септември, 1991г. Бил пострижен во иночество (расофорен).

Инок Терапонт - Владимир Пушкарев ( 1955 г .р.) мечтаел за монаштво. Во  Оптина дошол пешки летото 1990 г . На Кириапасха (Неделата после Велигден) 1991 г . бил облечен во подрасник, а после половина година - на Покров на Пресвета Богородица - пострижен в иночество.

Optina.novomachenici3.jpg

Чудно е тоа место во кое многумина и многу векови наоѓале свое духовно засолниште и спокојство за својата душа. Достоевски, Тургењев, Толстој, Чехов... и на сите Оптина и нејзиниот боговдахновен живот оставиле големо влијание. Во годините на богоборството, кога ѓаволот со сите сили се обидувал да го сотре не само старчеството, туку и самата вера, наспроти очигледното уништување, старците им ветиле на своите духовни чеда дека тие ќе го дочекаат возобновувањето на оптина. И навистина, кога среде урнатините се отслужила првата Литургија, баба Устја низ солзи прошептила: „Доживеав“! (извадок од Пасха Краснаја).

Возобновувањето на манастирот, најпрвин било проследено со голем прилив на монаси „молитвеници“, но наскоро останале само оние кои биле духовно пораснати и закрепени и утврдени со манастирот. Според сеќавањата на некои поклоници ќе приведам уште еден извадок од истата книга: „Во времето кога се возобновувал манастирот, луѓе имало многу, работа уште повеќе, а луѓе кои работат – воопшто немало. Тогаш игуменот се нашалил: цел манастир полн со луѓе, а за работа никој. Сите станале „исихасти“.“  Но на крај останале вистинските исихасти.

Доаѓањето на тројцата навидум обични, но од Бога избрани младенци во Оптина било сосема различно. Јеромонах Василиј, бил кандидат по математички науки, и капетан по ватерполо, меѓународен првенец. Неговиот повик и желба кон манастирот постепено се откривале, тајно од светот.

Инок Трофим, секогаш весел и насмеан, бил исклучителен во неговата љубов кон монаштвото. Во манастирот ги работел најтешките работи, резбал, бил звонар, тракторист... И што е најважно, на сите утешител.

А инок Терапонт, секогаш тивок, така и се појавил во манастирот. Пешки среде ноќ дошол во Оптина, и не затропал на вратите туку клекнал на колена пред манастирот. Стражарот го видел ноќта, но ништо не направил. Другиот ден го нашле на истото место, цела ноќ не помрднувајќи се. И така бил примен во братството. Инаку тој долго време бил војник, кој прекрасно ги имал изучено јапонските воени вештини, и имал црн појас.

Моево кратко опишување, секако не ќе биде доволно, за да може да се претстави нивната личност, но ќе опфатам некои елементи кои мислам дека ќе ни го доловат она што ни е потребно за да ја примиме нивната љубов. Дури и нивните родители тоа го сфатиле откако тие ја отпразнувале својата пасха.

 

Трудејќи се секој на своето послушание во манастирот, тие благодарно и тајно го носеле својот крст. Многумина од луѓето дури не ги ни знаеле. И постепено наближила нивната Пасха во 1993. На Страсната Седмица се случиле неколку интересни детали. Тивкиот монах Терапонт, одненадеж заблескал – неговата насмевка ги осветлувале и расположувала сите наоколу. Тој им раздавал на луѓето благослови од неговата келија (сето она што го имал), како повеќе да не му е потребно. О. Василиј, имал еден крст кој му го подариле од Голгота (за кој верувал дека е чудотворен) и на именденот на некој негов собрат, отишол во работилницата и му рекол: Ајде да му најдеме место!“ И местото било погодено. Од другата страна на зидот, о. Василиј ја доживеал својата лична Голгота. Нивната подготвеност за смртта не мора да ја опишуваме, зашто знаеме дека за христијаните смртта е придобивка. Но, би ја опишал нивната љубов повторно. Вечерта после Воскресението Господово, инок Трофим се упатил на своето послушание да звони на камбаните. И за среќа го видел својот собрак, другиот најдобар звонар во манастирот инок Терапонт и го повикал заедно да ја разгласуваат радосната вест. Но, нивната благовест звучела поинаку во ушите на човекоубиецот, и тоа станало место и на нивниот заеднички полет кон Господа. Првин бил убиен инок Терапонт, тивко, нечујно, а потоа и Трофим, кој откако го прободиле, уште неколку пати зазвонил тревожно со цел да ги предупреди другите. Според сведоштвото на очевидци, тие кога чуле дека камбаната чудно звони, и го виделе Трофим како паѓа, виделе некој поклоник како бега, па си помислиле: колку добар човек, веднаш оди да побара помош. Никој не можел ни да претпостави дека некој ќе се осмели на такво нешто на Велигден. Бегајќи, убиецот го сретнал отец Василиј. Се знае само дека тие кратко разговарале, мислејќи дека е поклоник, и само што се разминале, о. Василиј бил расечен во грбот. И така се завршила Црвената Пасха за браќата. Утрото камбаните кои требало да го објавуваат Христовото воскресение замреле, и тажната вест се проширила. Никој не можел да поверува, а браќата во манастирот се спремале за погреб. Недалеку од оградата на манастирот ги нашле алиштата од убиецот маскиран во поклоник, и нож на кој било изгравирано 666. Причините за убиството биле јасни. Во манастирот пристигнале членовите од екипата на о. Василиј и тие огромни мажишта, плачеле како деца. Не било возможно Терапонт, кој бил искусен воин да не го почуствува убиецот, или о. Трофим да не слушне дека огромните камбани престанале да звонат, а бил најдобар звонар. А и о. Василиј кој умрел после час од убодот, можел многу лесно да го собори убиецот. Но, тие судот му го препуштиле на Христос, со надеж на покајание.

Optina.novomachenici2.jpg  Optina.novomachenici4.jpg

Optina.novomachenici1.jpg

Околните весници веднаш напишале дека се испијаниле монасите на Пасха и се заклале помеѓу себе... Богоборечката власт не избирала средства за оцрнување. А кога наскоро убиецот бил фатен, тој признал дека убиството го планирал долго, и планирал да убие било кого, од познатите причини, и притоа воопшто не се каел. И весниците повторно напишале дека убиецот бил жртва на војната (во која никогаш не се ни борел), и не за долго бил ослободен.

Но, гледајќи го животот и благодарноста со која овие маченици пренесувале се во животот, можат многу да не поткрепат и научат како треба да се однесуваме во сите ситуации во животот, зашто радоста на Воскресението, е над секоја радост. Да се помолиме, Господ да ни даде достојно да го доносиме и нашиот крст, за откако ќе не симнат од него, и положат во гроб, да можеме и да воскреснеме со Него, по молитвите  на Пресвета Богородица, и на сите новомаченици и исповедници Негови. Амин+

 

 

 

 

 

 Подготви: Златко Дивјаковски

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная