логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Korica.Pisma.Valaam.jpg

29. 
1947 г.
Го добив твоето писменце и ти одговарам; само моите совети примај ги не како наредба или закон, туку како обичен совет. Можеш и да не ги прифатиш, ако оцениш дека не се сложуваат со Светото писмо и со поуките на св. отци.
Не возбудувај се, не стреми се предвреме кон возвишеното! Во духовниот живот трката е не¬умесна, потребна е трпелива постапност. Донекаде веќе почна да забележуваш што е некорисно за тебе: световните книги, политиката и без потреба да се мешаш со луѓето. Да, сето тоа му штети на духовното внимание. Твојот начин за борба со страстите е правилен; кои страсти ги забележуваш кај себе, со нив бори се, само не исклучиво со својата сила, туку и со Божја помош. Сепак, повеќе внимание посвети на главната страст што повеќе те мачи. Уште знај, дека наш треба да биде трудот, а успехот зависи од благодатта. Благодатта, пак, се дарува не за вложениот труд, туку сходно на човековото смирение — кој колку ќе се смири, толку благодат му доаѓа; а да се стои во доблеста, не зависи од нас, туку од благодатта.


Уште треба да се знае, дека човекот не може постојано да биде во едно исто расположение. И тој се менува, како и времето. Добро е да се биде на Тавор, но понекогаш мора да се биде и на Голгота; внимателниот и расудлив човек има многу можности тоа да го разбере. Ах, колку добро зборува за тоа Исак Сирин во 46. беседа.
Ти пишуваш: „Мала е надежта јас да достигнам таму каде што сте вие". Повлечи ги зборовите! Божјиот суд не ни е познат, не знаеме кој каде ќе стигне. Добро е што сте се смириле ти и X. Секогаш правете така, па макар и да немало причина за расправија од твоја страна. Оптинските старци се духоносни. Тие се исполнети со светоотечкиот дух, јас многу ги почитувам и пред нив стојам со побожен трепет. Во заклучокот ќе ти речам: „Носете го бремето еден на друг и така ќе го исполните законот Христов". Што не си посакуваш себе си, тоа не го прави ни на други, ова е златно правило. Потсетувај се почесто на смртниот час. Никого за ништо не осудувај. Ако некого во нешто го осудиш и самата во тие гревови ќе паднеш, поинаку не може. Го повикувам на тебе Божјиот благослов.

30. 
5 јануари 1948 г.
...Господ, познавајќи ја нашата слабост, ни дал секојдневно покајание до гроб. Преподобниот Јован Лествичник пишува: „Честопати старите навики мачно ги обземаат и оние кои ги оплакуваат своите гревови, што не е за чудење. Зборот за Божјата промисла и падовите на човекот за нас е неразбирлив и никаков ум не може да го разбере". Уште вели: „Не ужаси се дури и ако паѓаш секој ден; не отстапувај од патот Божји туку стој храбро и без сомневање твојот ангел, кој те чува, ќе го почитува твоето трпение". Преподобниот ава Доротеј вели: „Не е пијаница оној кој еднаш се напил, туку оној кој постојано пие и не е блудник оној кој еднаш направил блуд, туку оној кој постојано блудствува". Според духовното знаење, и казните се различни: кој се стреми кон добродетел (доблест) и паѓа, кон него треба да се пристапи со снисходливост, бидејќи не тежнеел кон грев, туку ненамерно паднал во искушение. А кој не тежнее кон добродетелство, нему му треба строга казна за да се вразуми и да тежнее кон доблест. Така и твојата поединечна слабост заслужува снисходливост; навистина ситница, те вознемирува гордоста: „Како можев јас тоа да го допуштам?"
Господ нека те варди!


31.

Те молат да помагаш во црквата? Бог да те благослови, потруди се. Во древните времиња таквите трудбенички ги нарекувале гакониси. Секако, тие имале и многу други обврски, а за тебе и тоа е доволно. Не вознемирувај се што не можеш да ја слушаш службата. Преподобен Макариј пишува: „Се вложуваат напори за оние кои се молат, а молитви за оние кои се напрегаат". Ете гледаш, се на се се добива целина. Тоа го напишав со свои зборови по сеќавање, ако ја имаш книгата на преп. Макариј, прочитај ја 3. глава.
Добро е што тежнееш кон молитва; молитвата е подрагоцена од се, а на ѓаволот воопшто не му се допаѓа. Ѓаволот поставува многу пречки, но не треба да се плашиме. Господ му дава молитва на оној кој се моли. Бог нека те благослови. Труди се и моли се.

32.

Христос помеѓу нас!
Ти честитам на примањето на светите Христови тајни. Од исповедта кај отец X. те опфатило двоумење. Што да се прави! Истрпи, не очајувај. Свештениците кои живеат во светот, некако постојано бараат строги подвизи од оние што монахуваат: во суштина, монахот се разликува од мирјанинот само по безбрачноста, а во останатото и мирјаните се должни и обврзани да водат ист таков живот, т.е. според заповедите. Божјите заповеди се општи за сите. Монасите се оддалечиле од светот, само за да можат попотполно да ги исполнуваат Божјите заповеди. Во денешно време, манастирскиот живот потекол со инаков тек, секако, поради светските случувања. Оние кои ревнуваат во духовниот живот, мораат да се прилагодат однадвор на тој живот, а најмногу од се треба сиот свој труд да се насочи кон внатрешно усовршување. Св. апостол Павле вели: „Телесното вежбање е корисно за малку, а побожноста е корисна во се" (1. Тим. 4, 8).
Кај св. отци пронајдов три пророштва за последните монаси, а епископот Игнатиј Брјанчанинов тврди дека ние сме последните монаси. „Последните монаси нема да имаат монашки дела, ќе ги стигнат искушенијата и ќе ги нападнат и оние кои ќе ги претрпат, ќе бидат поголеми од нас и од нашите отци". Секако, светот тоа не може да го знае, бидејќи тој ја знае и ја сака само надворешната пријатност.
Прашувате како да постите? За постот може многу да се зборува. Јас ќе напишам кратко. Ние треба да имаме послушност кон Црквата, до ситница да го правиме она што таа ни го заповедала. Ако од слабост, како луѓе, нешто не исполниме, треба да се прекориме самите и да се покаеме. Свети Диодох пишува: „Постот како орудие што добро ги изградува оние кои тежнеат кон целомудрието има цена, но не пред Господа". Светата Црква во поне¬делникот вечерта во првата недела на Великиот пост пее: „Вистинскиот пост е оддалечување од злото, воздржување на јазикот, отфрлување на лутината, отсекување на похотта, озборувањето, лажењето и газењето на дадениот збор. Немањето на сето ова во себе, тоа е вистински и благопријатен пост." Учениот човек и најголемиот аскет, преподобниот Касијан, пишува: „Бидејќи ако ние постиме, според таа основа дека е грев да се прима храна, не само што нема да видиме никаков плод од таквото воздржување, туку, според апостолот, ќе се изложиме уште и на најтешка осуда, бидејќи ќе се оттргнуваме од јадењата што Бог им ги дал на верните и на оние кои ја познале вистината да ги јадат со благодарност, бидејќи секое создание Божјо е добро и ниедно не е за отфрлување, ако се прима со благодарност" (1.Тим. 4, 3). Затоа никој не бил осуден поради земање храна, а ако се осудуваат оние кои јадат, тоа е поради тоа што со земањето храна е поврзано или по него следи нешто што е за осуда.
Што се однесува на богатите луѓе кои не сакаат да ти го вратат долгот, се добиваат сами и одлучувај со Божја помош врз основа на Светото писмо. Господ нека те измудри. Непотребно се тревожиш и мислиш дека имаш некој неисповедан грев. Смртни гревови се само оние за кои си свесна, а не се каеш.
За соновите пишуваш дека си читала кај св. отци: „Ако се повторува, сонот е вистина". На соновите не треба да им се верува. Преп. Варсонуфиј Велики пишува: „Оној кој еднаш ќе се појави лажно, може да се јави уште и три и повеќе пати" (одговор, 415). Ти испраќам извадоци за сновиденија. Поради крстот што си го видела во сонот, не треба да се плашиш или да очекуваш некакви неволји. Верувај дека без Божја волја ништо не може да ни се случи. Ти постојано се плашиш и очекуваш некакви неприлики. Тој твој телесен страв е твој — крст! Господ нека ти помогне стрпливо да го носиш. Добро е што си одбегнала да ја осудиш X. Господ нека и помогне, бидејќи е во години кога човек лесно се лизнува.
(Читањето на акатистот и 600 молитви е добро, само тоа да не оди во ветер, туку да се врши со внимание.
Омразата кон X. и нејзините роднини, потруди се со Божја помош да ја искорениш, тоа е мачно чувство.
Ти ја честитам светлата Четириесетница и Господ нека ти помогне да ја помогнеш во вистинска христијанска побожност.

 Продолжува)

 Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)

Писма на валаамскиот старец (4)

Писма на валаамскиот старец (6)

 


 Korica.Pisma.Valaam.jpg

 I first visited Valaam 50 years ago, when my parents took me on a pilgrimage to the Old Valaam, and I must say that Valaam left a very strong impression on me, a nine-year old boy.

Valaam impressed me by its grandeur and its spiritual life. It was a spiritual archipelago, every inch of its land was hallowed by deeds, prayers, and labour.

The magnificent Transfiguration Cathedral was shining with gold, ornaments, bright colours, for the restoration of the upper church had been just completed, and the cathedral impressed everyone who entered it.

Everything on Valaam was filled with wonder: its numerous sketes, its chapels with the objects of worship, they all attracted pilgrims and kept the spirit of prayer. Everything had a unique character.

I was deeply impressed by the elders, who treated every pilgrim, irrespective of age and status, with special Christian love. I keep in my memory the blessed images of schema-Abbot loann and hiero-schemamonk Jephrem, the confessors of the cloister, ofAbbot Chariton, schemamonk Nikolai, and schemamonk Pamva, of monk luvian who sent me touching instructive letters.

The fate of Valaam was very hard. Not once was it devastated, ravaged and razed to the ground, but again and again it rose from the ruins in all its beauty.

Usually visiting sacred places profaned and devastated by war, time and the ill will of people, leaves a hard and depressing feeling. In 1988, fifty years after my first pilgrimage to Valaam, I visited the Valaam monastery of the Transfiguration of the Saviour once again, and there was already some hope that the Christian candle would be lit again at this site hallowed by the devotion of many generations of Russian people, monks, our predecessors. This hope of reviving the monastery smoothed over all the devastation, all the wounds inflicted on the cloister within the last fifty years.

Thank God, the monastic life in Valaam was resumed six years ago. Again prayer is heard in the cathedrals and sketes, again pilgrims come to the cloister to get the strength to carry their cross and live in virtue. Again brethren, led by Abbot Pankraty, in selfless devotion revive the northern sanctum of our land.

Monasticism is a vocation. A monk can not think only about his own salvation while praying, he must help to save people's souls, save the world.

Patriarch of Moscow and all Russia Aleksy II.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3142
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная