логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Блажен Иперехиј

monah.dr2.jpg41. Собирај си за себе, монаху, богатство на небото (Мт. 6:20), таму се бесконечни вековите на твојот одмор.

42. Созерцанието монахово мора да биде насочено кон Светото Писмо, а благоволението негово кон Господа.

43. Дверите на монаховата (келија) нека не се затвораат со железно резе.

44. Монахот нека не се надева на телесно здравје.

45. Прекрасен е ликот монахов кога е просветлен со воздржание.

46. Душата монахова се исцелува со молитва, а по милостивоста се познава (здравјето) нејзино.

47. Монахот со радосно лице – одмор е за подвижниците и (гледањето на неговото лице) ја очистува (душата нивна) од лукавите помисли.

48. Нека како пример, монаху, ти служи Јован (Крстител), кој носеше облека од камилово влакно (Мк. 1:6), а (пророкот) Илија, облечен во овча кожа, нека те вознесува на Небото.

49. Нека (апостол) Јаков те придржува со рацете свои, учејќи те на трпение во искушенијата кои те снаоѓаат (Јаков. 1:2)

50. А (апостол) Јован нека те води кон беспочетниот Логос.

51. Воздухот на радоста кој го обвива челото монахово, го весели (срцето) на многумина во братството. Дрскиот монах, пак, го разгонува братството кое се собрало заедно.

52. Еднаквоста меѓу браќата го искоренува (гревот) на гордоста и го насадува смиреномудрието.

53. Рамноангелски ќе биде оној монах кој го презира (наситувањето) на својот стомак и кој го мрази пијанството.

54. Кога монахот ја чува својата девственост неизвалкана, душата негова се (озарува) со неискажлива убавина, а кога таа се осквернавува, лицето монахово станува одвратно.

55. Голема погибел е монахот кој живее со „духовна сестра“; тој е сличен на огинот принесен кон сено.

56. Монахот, кој ќе го измами светот, станува собеседник Христов. Оној, пак, монах, кој се впушта во световни дела, не може да Му угоди на Христа, кој собира (Свое) воинство.

57. Несреброљубивиот монах е најсигурниот гласник на Царството Небеско. Оној, пак, монах, кој е обземен со злата страст на среброљубието, ќе го снајде срамна погибел.

58. Украс на младиот монах се целомудреноста и неосквернетото девство.

59. Монаховото богатство е – послушанието. Монахот кој ќе го стекне ќе го услиши (Бог).

60. Порокот не смее да биде засеан во монаховото срце.

Приготви: Б.Ѓ.

 Посети:{moshits}

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4481
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4265
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3749
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…