Берово, 13-ти октомври 2016 год.
- манастир на Архангел Михаил
Последниот мозаик во моментов , кој со многу љубов и талент го изработува сестра Синклитикија, посветен е на Покровот на Пресвета Богородица.
Сочинувајќи го мозаикот на нашата Пресвета Богородица, од длабочината на камчињата
се излева молитвата Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј...
Камче по камче...и молитва по молитва... така се стигнува до она Вечното и Вистинитото.
Да се направи една шара или да се претстави ликот на Пресвета Богородица е вистинска радост. Но не е се така едноставно. Има многубројни пречки кои треба да ги истрпиме...да истраеме низ битките за да стигнеме до целта, однапред поставена. А таа е толку едноставна и јасна... Потребни се само љубов, верба и надеж за да останеме доследни Христови војници, кои храбро чекорат по патот на послушанието на духовниот Отец.
Заштитени под крилјата на Архангелите и сплотени под Покровот на Пресветата Наша Богородица, камче по камче, и молитва по молитва никогаш да не престанеме да го градиме Царството Небесно во нашите срца.
Пресвета Богородице, чувај не!
Друго:
Монахиња Синклитикија, замонашена е во 1997 година.
На 23 јуни 2010 година, во Скопје, магистрираше на Институтот за социлошки и политичко-правни истражувања .
Целта на магистерската работа е прикажување на организацијата и структурата на монашкиот живот во манастирите во Македонија, со што би се добиле јасни, конкретни и доследни информации за тоа што всушност претставува монаштвото во својата целина и што претставува манастирот воопшто.
Со изработка на мозаици се бави веќе десетина години
Преминпортал (с.с/к.т)