логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Неофицијалната статистика вели дека приближно еден од 10 илјади Македонци е монах. Се смета дека во земјата има речиси 200 монаси што живеат во братства и сестринства


 Во Бигорскиот манастир, Дебарско, има над дваесет монаси, а во манастирот во Рајчица живеат 12 монахињи



МПЦ ќе ги обновува манастирите со нови духовници

Најмногу монаси има во струмичката и во дебарско-кичевската епархија. Манастирот во Велјуса и во Хамзали, Струмичко, се полни, а постојано се јавуваат нови искушеници. Во Бигорскиот манастир, Дебарско, има над дваесет монаси, а во манастирот во Рајчица живеат 12 монахињи. Најмалку монаси, пак, има во сега поделената епархија на починатиот владика Кирил, полошко-кумановската. Во Лешочкиот манастир живее само еден монах, исто како и во манастирот Трескавец, Прилепско. Во голем дел од манастирите живеат по три-четири монахињи, како манастирите на Матка и во Љубанци, Скопско.
Во Осоговскиот манастир веќе неколку години нема ниту еден монах. Последната монахиња починала пред три-четири години, а оттогаш никој од монасите не изразил желба да ги насели конаците. Таа епархија сега му припаѓа на кумановскиот владика г. Јосиф, чиј приоритет е да го обнови монаштвото во овој храм, што ќе значи и обнова на верскиот живот во овој дел од земјата. Целта на Македонската православна црква е да го обнови монаштвото и во другите манастири, што ќе придонесе за ширење и сведочење на верата, најмногу преку редовниот богослужбен круг во манастирите. Денес, неофицијалната статистика вели дека приближно еден од 10 илјади Македонци е монах. Се смета дека во Македонија има речиси 200 монаси што живеат во братства и сестринства.

Познато е дека монасите се занимаваат со производство на прехранбени продукти, како мед и слатко, некои произведуваат и ракија, а има и такви што се посветени на уметноста, па прават мозаици и изработуваат фрески и икони.

Се живее во братства и сестринства

Отец Бобан Митевски, од кабинетот на г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ, вели дека монаштвото е крвотокот на црквата, односно еден од нејзините најважни темели.

- Тоа е долготраен процес кој бара особена духовна подготовка и создавање услови. Тоа се создава преку слободната волја на личноста, не е производствен процес -смета отец Митевски.

Според него, манастирот е уточиште на овоземниот свет, во кој монасите се посветуваат на молитва и подвиг во потрага за сопственото спасение и спасението на оние за кои се молат.

Животот на монасите може да биде организиран како општожитијно, што значи заедништво на сите жители. Тогаш монасите се соединуваат во братства и сестринства. Постои и индивидуално монаштво, каде што монасите имаат своја сопственост и се грижат сами за себе. Во Македонија е застапено општожитијното монаштво.

Монасите се млади луѓе

Свештениците од МПЦ велат дека за разлика од другите православни земји, каде што има континуитет во развојот на монаштвото, во Македонија немало такви услови, па затоа тоа активно се развива во 90-тите години на минатиот век. По Втората светска војна, сите српски монаси си заминале и манастирите останале пусти.

- Обновата на црквата во Македонија почна од младите, кои со приклучувањето во активниот живот на црквата донеле нов квалитет во христијанското подвижништво. Најголемиот дел македонски православни монаси се млади луѓе -објаснуваат од МПЦ.

Оттаму додаваат и дека нивната одлука за заминување во манастир придонела многу македонски манастири не само да заживеат, туку и да се избават од руинираноста, а со нивното сведочење на воскреснатиот Христос и многу македонски души да најдат утеха и смисла во нивните животи.
 
     
       
Автор: Радмила Заревска / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.       Фотографија: Ненад Андонов


Извор: Нова Македонија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2964
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2800
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…