логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stefan.V.CHetvtok.jpg

СИМБОЛ ИЛИ СИМУЛАКРУМ
- Ми се чини потполно бесмислено тоа што секаде по светот се занимаваат со правото на една држава какви споменици ќе постави во сопствениот двор. Наеднаш сите стануваат зналци на етногенезата на современите Македонци и поставувањето на споменик на Александар Велики станува проблематично затоа што директно се поврзува со етногенезата: по генеза вие сте Словени. – Пријателу, за мене поставувањето на споменици е Бодријаровска ситуација, нашиот плоштад е како Дизниленд, ние се движиме низ симулакруми. Спомениците не упатуваат на историската личност којашто е претставена со нив, ами се поставени за да симулираат политичка реалност на постоење на еден народ, треба да создадат модел на вистина која што треба да функционира како институционална вистина. Спомениците реферираат еден кон друг создавајќи систем на означување, тие просто би требало да ги заменат институциите на државата. Вистината на овој народ не произлегува од неговата самосвест која што извира од институциите на државата како реализиран ум, ами сега ќе произлегува од систем на означувачки споменици. Во тој систем повторно ќе има врховен означител, споменик-фалус оној на Александар, кој како таков ќе им ја дава смислата на сите во системот: Делчев ја добива сопствената смисла реферирајќи кон Александар. Потполно е ирелевантно дали историски Делчев реферирал кон античката историја, во симулираната стварност имаме нова реалност на ниво на убедлива хиперреалност. Историските институциите се мртви, нека ни е жив симулакрумот! – Те разбирам кога се повикуваш на Бодријар, мил мој. Но ми се чини дека кај Бодријар не постои разлика помеѓу симбол и симулакрум, сети се само на неговата теорија за иконите, за него тие не се симболи ами симулакруми, дестилација на симулакрумот. Се работи за прашањето дали може да се говори за онтологија на уметноста или таа има работа само со симулација? Дали таа симулира стварност или симболички се однесува кон стварност отаде неа? Имено врската на уметноста со трансцендентната вистина е дел од онтологијата на самата вистина. Вистината не е едно а симболот кој на неа се однесува да е друго од неа, ами симболот е дел од вистината, тој е епистемолошка компонента, тој е можност за свест, можност онтологијата да се познае себеси. Потребата за симболи е потреба за прочистување на самосвеста и произлегува од секогаш парцијалната позиција на историцизмот, во историјата секогаш отвараш нови прозорци кон вистината. Моделот на автореферентност на симболот е земен од автореферентните јазички игри на Витгенштајн, јазикот е граница на светот, симболот е јазик, симболот е граница на светот, во симболот имаме проекција на стварноста без однос кон стварноста, симболот е симулакрум. – Прости, но сега претеруваш! Не разговараме за уметност, освен ако не си доволно луд да сметаш дека тоа што се случува на плоштадот во Скопје е уметност?! – Тоа на плоштадот е идеја, а нејзината реализација е беден дилетантски политички упад во сферата на уметноста. Но тоа го тргаме на страна разговарајќи онака платоновски за суштини. Имено, она што за мене е битно е следново. Правото да ја симболизирам Македонија. И тоа правејќи споменик на една личност за која што сметам дека најдобро ја симболизира Македонија. Во една колумна пред 20 години, философот и професор Ферид Мухиќ напиша дека “Македонија е исклучително успешно дело на една петмилениумска духовна и културна осмоза”, а во неговата монографија за Македонија расветлувајќи ја идејата на Александар Македонски како еден чист метафизички копнеж за крајот на светот, која би се реализирала со создавање на еден народ … - Да, да и Хитлер тоа го сонувал! – Не ги мешај работите. Моделот на сопствениот народ како ариевска раса Хитлер го применил врз целиот свет и тоа резултирало со систематско ништење на народи како понижи раси. Не постои систематско требење на народите кои Александар ги освоил и покрај методот на војна, не постои ни систематско уништување на нивната култура, (оти ми се чини дека само идејата за култура го интересирало), ами мешање на културите, обид за создавање на една култура, и народ не како последица на генеза ами како слобода на прифаќање на една култура. Мешањето на старогрчката култура со варварските (за Грците понижи култури) е апсолутно не-грчка идеја, и токму таа идеја мене ме интересира, не ме интересира неговата материјалната генетика. Да се вратиме кон тезата на философот дека Македонија веќе повеќе од 20 века го живее еросот на Александар без разлика на народите што живееле на нејзиното тло, таа никогаш не престанала да ги спојува културите и нивните народи, како низ стихот на Петре Андреевски дека Македонија е “чаша вода што ги зближува народите”. Истата теза низ еден исто така префинет дискурс за идентификациона идеја можеш да го прочиташ и кај струмичкиот митрополит Наум. Имено, не ја прават Македонците Македонија, па колку и да се генетски чисти (антички или словенски), само во тој случај би добил симулакрум, мил мој, туку Македонија ги прави оние што решиле да се нејзини еротици, Македонци. Самата земја не создава генетика, таа создава култура а културата создава можност себеси да се определиш како Македонец. Самосвеста не е производ на генетика ами на естетски, естетички и културен рафинман. Само онтологијата на слободата е вистински антрополошки супстрат. Кажи ми, мил мој, зарем постојаното вриштење за тоа како ние немаме ништо ами само еден спасоносен копнеж за ЕУ не е вистински симулакрум? Да поставевме споменик-фалус како врховен означител токму на ЕУ, веројатно тоа ќе ги задоволеше сите. Споменик кој ќе ја симболизираше нашата вера во тоа дека постојат повисоки и понижи култури, повисоки и пониски раси, нашата вера во тоа дека сме пониска култура која очајно сака да биде дел од ариевската раса. – Сега си циник пријателу, но нека ти е. Не сум баш најсигурен дека ме убеди во поглед на споменикот на Александар како симбол кој ја рекапитулира сета култура како историја на оваа земја, сепак решавам да останам на своето. А за споменик на ЕУ? Па нели е цела држава веќе само тоа?

Ристо Солунчев

Преземено од магазин “Форум”



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная