логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 VSELENA.jpg

АПСОЛУТНА РЕЛАТИВНОСТ

или

МИЗЕРИЈАТА ВО СВОЕТО АПСОЛУТНО ИЗДАНИЕ

Од времето на Ајнштајн, сите нешта - освен апсолутните, се разбира - станаа релативни. Така, на пр., стана релативна тежината на гревот (оти масата – т.е., тежината, онаа на гревот – зависи од брзината со којашто напредува - се движи). Потоа, стана релативна верата, зашто таа, т.е., верата, зависи од референтниот систем од кој се мери – гледана од „нашиот“ систем има една вредност, а гледана од „друг“ или „трет“ систем, има сосема друга вредност. Па, се релативизира поимот црква (не - Црква, зашто тој поим е од оние другите, апсолутните), оти таа – црквата – не морала да биде од камен, можела и од метална конструкција да  биде. [Сиротиот пастир Ерма (или Јерма, оти е се релативно), кога сега би имал видение, би видел како ѕидарите наместо несвидни камења, при градењето црква отфрлаат метални профили и винкли]. И така, наместо да си живееме во апсолутно паднат свет, во кој нема место за релативизирање, ете, благодарение на виолинистот Алберт А., принудени сме да живееме во релативно паднат свет во кој, за утеха или за среќа, се провлекоа и некои апсолутни нешта.

На пр., о(п)стана апсолутната мизерија... Колку ова апсолутно звучи! Силно, енергично, цврсто како најцврста метална конструкција... и мизеријата ништо не може да ја релативизира. Во овој релативен свет, нема место за мала мизерија. Мизеријата ги содржи во себе сите други бедотии, долнотии, празнотии... Мизеријата не зависи од брзината со која се гради, не зависи од аголот од кој ја гледаме... таа си останува мизерија во сето свое апсолутно величие. Не зависи од тоа дали ја гледаме дење или навечер, дали ја гледаме отаде риверот или одоваде, дали ја гледаме качени на метална констуркција или од пристојно растојание – качени на камен бедем. Кога мизеријата би била макар и малку релативна, за неа би можело да се дискутира, таа би можела да се проценува, па дури би можеле и да ја менуваме... Вака, таа останува недопирливо апсолутна, неподатлива за тематски разговор.

Или, една друга апсолутност – асполутна нетрпеливост... Човек не може ни гол (фудбалски) да даде без да предизвика манифестација на апсолутна нетрпеливост од страна на поддржувачите на противничкиот табор. Не е човек ни споменик да спомене (интересно: спомен-ик – спомен-ува!), веднаш ќе се најде некој нетрпелив, кој бара сличен таков (само јунакот да бил на кобила, наместо на коњ), ама од друг вид бронза... Божем бронзата не си е бронза уште од дамнешни, нерелативистички алхемиски времиња. Е, Albertus Einsteinius, како не ти тека да создадеш теорија за релативност на реципроцитетот... Јас тебе гол, ти мене гол... Јас споменик ваму, ти споменик таму... И сите би си соживееле релативно задоволни ...

Потем, апсолутен хаос. Хаосот, инаку, е античка категорија, и значи отсуство на ред, поредок. Овој термин е создаден во времето кога владеел ред. Како ли воопшто му текнало на Елинот да го осмисли, во такви редни времиња, не ми е јасно. А тоа што хаосот дури сега се манифестира, тоа ми е јасно. (Вината за ова не можам веднаш да ја припишам на неколкупати споменатиот А. А., зашто не сум ја читал неговата „Специјална теорија на релативноста“. Можеби таму ја објаснува релативитетот на хаосот. Ех, колку би ми било полесно кога би знаел дека хаосот е релативен... вака, се плашам дека – барем овој, нашиот – станал апсолутна категорија.) Еве, неодамна бевме сведоци на апсолутен хаос: Среде старовремски град, од кој останале само ѕидини, летаа камења на сите страни, не знаеш од која страна на светот доаѓаат: од север ли, од југ ли... Не би ме зачудило ако наскоро се организира Macedoniаn Idol – Stone-фрлач. Натпреварувањето би можело да се одржи на некој од нашите артефактични локалитети, по можност со амфитеатар – заради публиката и жирито... А фрлачите би морале да фрлаат камења во два стила: античко-македонски и англосаксонски. Па, кој ќе фрли подалеку... Масата на каменот не е важна. Нели видовме дека масата е релативна работа... барем од Ајнштајна наваму.

Нешто ме прободе во мислите! А, да не е, можеби, мизеријата апсолутно релативна? Во таков случај – тешко мене. Ќе мора да го преправам текстот...

 Преминпортал-

д-р Драган Михајловиќ

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3219
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7711
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная