логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Чудна коалиција

 

 

Прелистувајќи ги деновиве православните сајтови, на еден таков од Македонија наидов на една чудна појава: коалиција меѓу ставовите на православни верници, од една страна, и луѓе, кои покрај тоа што се поборници за човечки нешта (правото на образование за секој човек, против насилството во семејството, правото на некој народ  да се интегрира целосно во општествениот систем итн.), промовираат и нешта што се против природата на човекот и неговата предназначеност  –  се залагаат за хомосексуализмот, еднополовите бракови и правото на абортус како вредности и одлики на човечкото живеење и опстојување воопшто. А згора на сѐ, најгласни се и во извикувањето на девизата: „религијата е опиум на народот“.
Но во случајов не се работи ( можеби да, не знаеме) за поклопување на мислењата врз основа на претходно кажаното, но на нешто ново. Имено, на тој православен сајт осамна текстот на еден наш поборник за човекови права, во кој истиот прави кратка анализа на беседата на Архиепископот,  каде што беше коментирана одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката, и само во неколку реда, односно во неколку точки-причини „докажува“ зошто и кому МПЦ треба да биде благодарна за своето постоење. Според напишаното, МПЦ своето постоење ѝ го должи на поранешната комунистичката власт. А зошто?

Затоа што прогонот против Црквата Христова се состоел во „заштита на црквите и манастирите како културно наследство“. Точно е дека државата се грижеше за црквите и манастирите што се прогласени (многу важен факт, зашто не за сите – некои беа урнати) за културно наследство – за конзервирање на фреските и иконите, вредните градби итн. Ги заштитуваше затоа што тоа е дел од културното наследство на нацијата, преку кое таа се промовира пред светот, го докажува своето постоење и својата култура. Но, тоа не го правеше за да ѝ ги „чува“ на Црквата, туку затоа што умееше да ја прикрие нивната вистинска намена и добро да заработува од нив. Ги заштитуваше, но само како безживотни музеи, не поимајќи ги воопшто како цркви и манастири, зашто секој можеше да влезе и во олтарот и да застане пред престолот, да ги гребе фреските поради народните верувања, да игра хазардни игри и да приредува забави. Ги заштитуваше, но таа заштита значеше во нив воопшто да нема Литургија, монаштво и свештенство, да нема духовен живот. Ги заштитуваше, кажувајќи на посетителите дека тие цркви и манастири биле изградени само за фреските и зданијата, дека, всушност, биле направени само заради тоа – некој да дојде, да плати влезница, да види што има и да си замине со своите импресии, а дека таму се служело на Бога, дека луѓе се молеле на Бога за народот и неговото спасение, дека таму луѓе се спасувале и дека сето тоа во моментот го нема, зашто власта така сакала – тоа не е вредно за споменување. „Докажувачот“, кој имено е универзитетски професор, што самото по себе говори дека е инелектуалец, заборава на процесот на денационализација, кој е одговор на процесот на национализација (чедо на комунистичкиот систем) којшто се коси со неколку регулативи што ги уредуваат човековите права: правото на слобода, правото на сопственост итн. МПЦ водеше и сѐ уште води правна битка за враќање на тие цркви и манастири и нивните имоти на верниот народ (повторувам – на верниот народ, зашто верниот народ е Телото на Црквата, чија глава е Христос), но и за она заради што и од што беа изградени – верата и љубовта кон Бога - од желбата да се слави Бог и за желбата да му се служи на Бога.

Затоа што прогонот против Црквата Христова се состоел во „промовирање на независноста на МПЦ со декрет (кога и стана Македонска Црква) во 1967 година“ и во „отстапување на најпрестижното место за изградба на Соборен храм во 1973 година“. Навистина не знам за каков декрет станува збор, зашто и „докажувачот“ не го посочува, но знам за сестраноста на процесот на возобновување на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква: знам дека тој претставува остварување на неколкувековната волјата на македонскиот народ за возобновување и организирање на Црквата Христова на овие простори (сетете се на неколкуте обиди за возобновување на Охридската архиепископија, на пример оној на митрополитот Теодосиј Гологанов и др.). Знам дека тој процес претставуваше и реализирање на волјата на македонското домородно свештенство, кое не само што се бореше за верата да остане во народот, туку се бореше како логистика и за неговата национала слобода. Знам дека Православната црква на овие простори е заслужна за духовното и културно опстојување на народот – така што таа заслуга ниту една богоборечка идеологија и власт, колку и да посакува, не може да ја избрише. Како можеше некој да помисли дека во времето кога конечно се создадоа услови пред светот да се претстави постоењето, културата и историјата на еден мал народ на овие простори, кој со векови беше угнетуван и присвојуван, да ја прескокне улогата на Православната црква во зачувувањето на неговиот идентитет. Но, повторно треба да нагласиме, зашто се заборава, дека самиот тој верен народ беше Православната црква во Македонија, неговата вера и неговата молитва го оддржаа православието на овие простори. Можеби комунистичката власт не го спречи обновувањето на Охридската архепископија, но и да сакала не можела – како може некој да оди против волјата на народот? Можеби не го спречи возобновувањето, но не се откажа од систематското уништување на Црквата: не ја напушти богоборечката идеологија со која го задои народот, чии последиците се видливи и до ден денес, туку ја промовираше на големо; ги одзема имотите, манастирите и црквите, спречувајќи го на тој начин активниот црковен живот.

Заборава „докажувачот“ да каже и колку години се градеше Соборниот храм и зошто толку време, но и дека тој храм беше волја на самиот народ, што се докажуваше и преку неговото учество во донирањето на средства за градба. Заборава дека истиот тој верен народ беше и во власта, но беше и чедо на Црквата.

Во својата беседа по повод споменот на Жените мироносици и на Никодим и Јосиф од Ариматеја, двајцата потајни Христови ученици, толкувајќи го делото и ликот на овие Христови следбеници, Рускиот патријарх Кирил посочи еден друг сегмент од ова прашање, па зборуваше дека тоа што тие биле тајни ученици и не ја откриле јавно својата вера, не значи дека тие се страшливци, но напротив, дека така повеќе му послужиле на Христа Бога. Па додаде и дека низ целата историја, па и во мрачните времиња за православието во Русија по Револуцијата во 1917 година, но и денес, кога некои права се загарантирани, Бог имал и има свои тајни ученици, а нивната тајност е зашто така повеќе и подобро придонесуваат во остварувањето на домостројот Божји. Не сите што беа дел од власта беа неверници, но никој не зборуваше јавно за верата. Многумина од нив, на пример, признаваат дека ги крштевале своите деца, но како што велат: тајно, за да не ги избркаат од работа или казнат на некој начин.

Затоа што прогонот против Црквата Христова се состоел во „донесувањето на еден од најлибералните закони за верските заедници во светот во 1977 година“. Навистина не ми е позната содржината на тој закон, но покрај веќе посоченото, постојат и некои други околности. Имено, тој закон не го оправдува само постоењето на МПЦ, туку и на Исламската, Католичката и сите други верски заедници. Ќе беше премногу, па и за една тоталитарна власт, да заработи толку непријатели, ако не го дозволи верското организирање. Фактот дека комунизмот во Југославија расчисти со тврдокорниот руски комунизам по Инфо-бирото и реши да се приближува кон Западот, значеше дека за поддршката на западните сили, мора да почне да го модернизира својот систем и да ги внесува демократските придобивки, како на пример Универзалната декларацијата за човекови права на ОН, каде што членуваше и Југославија, во која стои дека треба да се почитуваат верските права и слободи на секој човек. Но „докажувачот“ како да изуми дека многу наши свештени лица лежеа по затворите токму затоа што веруваа во Бога и во создавањето на самостојна македонска држава и Црква, како да заборави дека ним им се нудеше дека ако ја фрлат мантијата ќе бидат наградени со работно место, дека беа исмевани и удирани со предмети кога ќе се појавеа во јавност со своите мантии, дека им се закануваа по животот на нивните деца ако продолжат да го проповедаат воскреснатиот Христос... Не знае „докажувачот“ за блаженоупокоениот архиепископ Михаил, за свештеникот Ѓорѓи Пандиловски од Битола и многу други, не знае за страдањата што ги трпеа заради Бога. А истиот тој, кој е непоколеблив борец за човекови права, никогаш не го кренал својот глас за оваа група на луѓе, ниту, пак, го осудил кршењето на нивните права и слободи. 

Не ме чудат ставовите на „докажувачот“, кој во една емисија пред неколку години, бранејќи го ставот против воведувањето на веронауката, докажуваше пред јавноста дека верува во Отецот, Синот и Светиот Дух, но дека се залага да има православна црква што ќе го носи неговото лично име, односно за тоа секој да може да создаде православна црква и да воспостави јурисдикција на територија каде што веќе има јурисдикција на Православна црква. Ме зачудија нашите браќа и сестри, кои, радувајќи се, веднаш побрзаа на својот сајт да ги стават овие „докази“ и на големо да го промовираат делото и ликот на својот квазиапостол. Заборавија дека поддржуваат човек кој не ѝ мисли добро на Православната црква, човек кој не ја знае природата на Црквата и не го познава црковното право, па расудува по свое, човек кој се залага за неприродни работи, со што докажува дека неговото срце никогаш не било допрено од Христос. Ако „докажувачот“ не знае, тие знаат дека и СПЦ постоеше во Југославија, но не значи дека го должи своето постоење на комунистичката власт, знаат и дека многу светии за време на комуизмот живееја и ја исповедаа верата, на пример во Москва светата Матрона Московска, и многу луѓе доаѓаа кај нив и бараа утеха, но не значи дека комунистичката власт е заслужна за постоењето на Руската црква.  Ме зачудија зашто како православни ја ограничуваат благодата Божја, па забораваат дека Бог го омекна срцето на египетскиот фараон, го премолчуваат покајанието на разбојникот на крстот, не сакаат да кажат дека само по првата средба со Христос гонителот Савле стана апостол Павле, дека разбојникот Мојсеј стана свети Мојсеј Мурин итн., итн. Чудна е оваа коалиција. Но како што некои милуваат да кажат  - „тоа се делата на расколот“.

Бобан Митевски   

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная