логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (17.04.2009)

Колумна на Митрополитот Струмички г. Наум во весникот „Дневник“


Ништо ново под сонцето, само што овој пат малку поотворено ќе проговорам. Истиот дух што војува да Го тргне Господ од средиштето на нашето срце, да Го тргне Господ од фокусот на нашиот живот, да ја направи Црквата само погребално претпријатие, да го тргне храмот Негов од центарот на градот - односно од пред нашите очи (по принципот далеку од очи, далеку од срце), истиот дух што, со еден збор, се обидува да Го помести Господ од центарот на маргините од нашето севкупно битисување, истиот дух - велам - се обидува да Го тргне Господ и од образованието и воспитанието на нашите деца. Нормално, маргините се фазата пред конечното замислено отстранување. Одговорете си сами на прашањето: кој е тој дух што се противи на Господовиот Дух? - и потоа слободно одлучете се чија страна ќе фатите и по кој пат ќе тргнете. Сигурен сум дека сте свесни дека со тоа ја одбирате и содржината, а евентуално и крајот на вашиот живот. Затоа што и едниот дух и другиот Дух најпосле ќе дојдат да го пожнеат и соберат тоа што го посеале. Секој во својот амбар.

Затоа, втор пат во последно време опоменувам дека за нас православните христијани, номинални или реални, Црквата е единствената сила која може да нè собере и обедини во доброто и во љубовта. Зборувам и за национално обединување и единство и за градење на мултикултурно и толерантно граѓанско општество. Црквата не може и не смее да биде поле за партиски пресметки и поделби! Таква ситуација е само сведоштво на ретроградноста, неинвентивноста и неспособноста на политичарите. Ова веднаш треба да престане затоа што на крајот сите ќе загубиме. Отсекогаш сум се чудел, од каде таа спремност кај некои од нив заради остварување на своите партиски (читај, лични) цели да пуштат сè што е вредно низ вода, па било тоа Македонска Православна Црква, било македонска нација, било македонски идентитет, било македонска држава. Сите партии треба да се блиски со Црквата, како и таа со нив, и сите треба да ѝ помагаат, и обратно. Православниот духовен живот е сепак трајна и заедничка вредност која доколку ја прифатиме, нè прави доследни наследници, носители и сведоци на нашето општо духовно и културно наследство и идентитет, и тоа не треба да биде спорно за ниту една партија во Р. Македонија.

Но, на какво поместување и претумбување на вредностите сме сведоци денес? До само пред стотина години Црквата и црковните училишта беа основен едукативен центар на народот. Но, што зборувам за пред стотина години, кога векови наназад се во прашање?! Што беа нашите први просветители, светите браќа Методиј и Кирил и нивните свети ученици Климент и Наум, со кои постојано и насекаде се фалиме? Нели беа пред сè монаси и свештени лица? Што беа нивните училишта, ако не пред сè црковни? Што беше првиот, Охридскиот универзитет, ако не пред сè црковен? Некогаш Црквата беше основоположник на училиштето, некогаш Црквата беше училиште, а сега некој сака да ја отстрани Црквата од училиштето. Луѓе, тоа е најмал проблем. Црквата носи многувековно искуство во себе, таа може и вака и онака, и со тоа и без тоа. Црквата претрпела многу пострашни прогони. Но, наместо празниот триумфализам, да се запрашаме самите себеси заради самите нас и заради иднината на нашите деца - што правиме и каде сме тргнале?

Не гледате ли дека динамиката на животот од овој свет и потрошувачкото општество,  засновани на сè поголемо задоволување на нашите страсти, е крајно нездрава духовна средина во којашто растат нашите деца? Ако не ги втемелиме на православниот духовен живот уште во младоста, тие ќе немаат цврста основа како сигурна потпора во современиот бурен живот и голема е можноста да станат негови жртви. Ние ги тешиме луѓето и во затвор, ги посетуваме и во болница, дури и сами направивме центри за лечење на зависници од разни наркотички супстанци како и центар за ресоцијализација, ги советуваме и за проблемите од секојдневниот живот, но зарем не е подобро да го превентираме сето тоа зло со нашето влегување во училиштата? Колку покасно се сретнувате со нас во вашиот живот, со толку пострашни последици сите заедно се соочуваме. Затоа што сите несреќи кои нè снаоѓаат се последица на наталожените и непокајани гревови. Зарем и современите научни откритија не говорат за психосоматски заболувања, односно за нарушената психа и за стресот како основа на сите соматски болести? Средбата со нас, Црквата, вие знаете дека секако ќе се случи; на вас останува да го одберете времето и местото на средбата. Гледајте само тоа место да не бидат гробиштата, а време - времето на вашиот погреб. Односно, денот на Страшниот суд.

Не велам дека духот кој му се спротивставува на Христовиот Дух не делува и преку луѓето на Црквата, без оглед на тоа дали се тие на некои од раководните свештенички функции или се лаици. За тоа ние лично ќе одговараме уште во овој живот а и на Страшниот суд. Подобро во овој живот. Но, дури и да речеме со сигурност дека некои од луѓето на Црквата се виновни за бледото сведочење на Господ Христос или за соблазните помеѓу народот, сепак не смееме и не е нормално, на пример, заради дедо Наум да го мразиме свети Наум. Луѓето на црковната организација се менливи, но Црквата останува вечно место на спасението и вратите на адот нема да ја надвладеат. Кратковиди се самооправдувањата од типот: види го овој поп што прави или види го оној владика што прави, а јас ќе му одам во црква!? Ако мислиме дека што било друго освен самите нас е пречка во нашиот однос со Бог, тогаш ние го напуштаме личниот однос со Него и личниот пат до Него. Ако на тој начин размислуваме и постапуваме, ние не живееме како личности.

Човекот е создаден според образот Божји и треба да го достигне подобието Божјо. Човекот е отворено битие во кое е всаден потенцијалот да стане бог по благодат. Затоа за нас образование пред сè значи да го носиме и сведочиме образот на нашиот Творец. Истовремено тоа значи да ја сочуваме и оствариме нашата личност. Да ја сочуваме од демонот, гревот и смртта, од дезинтеграција и од вечно обезличување. Пред сè вака сфатеното образование воопшто не го запоставува и негувањето на интелектуалниот потенцијал во нас. До ваквото образование стигнуваме со помош на православното воспитание. Основното значење на зборот ‘воспитание’ согласно црковнословенскиот корен значи ‘хранење’. Со цел да го образуваме во себе ликот Божји, ние во Црквата се храниме и заедничариме со Христос и во материјална и во духовна смисла на зборот. Затоа, јас знам дека најпогодно место за веронаука е Литургијата на Црквата. Но, исто така знам дека од многу причини, во многу и заради досегашниот однос на државата кон нас, Црквата како институција моментално не е во можност да го организира тоа. Затоа, погодно е исто така за нас духовната храна да се добива од најрана младост, и тоа во училиштето.

Зошто веронаука во училиштата, а не при црквите - како што сакаат некои политичари? Тоа е исто како да прашаме зошто младите фиданки или садници ги врзуваме и прицврстуваме за нешто цврсто и стабилно додека да пораснат и зајакнат. Тоа е исто како да прашаме што ќе ни е хиерархија и ред и поредок во државните институции, во војската и во полицијата. Токму затоа што на сè што е младо, кревко и незрело му треба хиерархија, ред и поредок до одредена зрелост во растењето. Токму затоа што според законот основното образование е задолжително и затоа што во училиштата владеат хиерархијата, редот и поредокот. Црквата не смее никого да принудува, но зошто за едно докажано добро дело какво што е христијанското образование и етика да не ѝ се овозможи да го искористи веќе воспоставениот образовен систем? Привидната спротивставеност помеѓу слободниот избор и задолжителното се решава со факултативноста на предметот веронаука и со правото на родителите да одлучуваат наместо своите деца (секако имајќи ги предвид и нивните желби) до нивната полнолетност. Нормално, ако политичарите имаа чувство за Црквата и ако претходно се посоветуваа со нас за оваа проблематика, немаше да прават вакви суштински грешки по нашата иднина. Сега само се кријат позади правниот параван на уставната одделеност на државата од Црквата во својата меѓусебна пресметка. Како одговор на горепоставеното прашање, на крај ќе речам дека веронауката во училиштето е и позитивен одговор на нашите обврски и одговорност кон нашето духовно и културно наследство и идентитет. Отфрлањето на веронауката е одрекување од самите себе и сопствениот идентитет.

Како што ви реков и минатиот пат, поставен сум со личен пример да водам и да посочувам, а не да принудувам. Секој човек е слободен, а со тоа и одговорен пред Бог, да го одбере својот пат и последиците од него. Јас нема да го сменам својот љубовен однос кон никого заради неговиот избор. Нашата борба не е против ‘тело и крв’, туку против ‘духовите на злото од поднебесјето’. И затоа, поентата на моево пишување, исто како и минатата сабота, не е пред сè дали ќе има веронаука во училиштата или не, или дали ќе има црква на плоштадот или не, туку ве опоменувам да внимавате дали едниот дух или другиот Дух ќе го изберете, и за вас и за вашите деца. Значи, ме придвижува грижата за вас. И, што е посебно важно за мене, не сакам да Го ожалостам Духот и да Го доведам во ситуација да прошепоти во моето срце - зошто не им кажа?

Христос воскресе!

Митрополит Струмички Наум

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная