логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 
g.Goran.jpg

 

Просветата, образованието и воспитанието не можат да се одделат од верата, тие се родени заедно на ова поднебје и неприродно е да ги спортиставуваме кога самите не се исклучуваат едни со други

Повторно по 2002 година една тема на себе го презеде интересот и вниманието на луѓе од различни профили, професии и општествени слоеви. Веронаука, да или не? Тоа што за оваа тема коментираат или расправаат луѓето за или против, сведочи од православна гледна точка дека Богочовекот Христос се воплоти, се роди, пострада и Воскресна за сите нас, за сиот свет без разлика дали сме за или против! Да, токму за сите и за се! И сето тоа за да му го врати на човекот достоинството односно образот на човек, и не само тоа туку и да го приведе кон живот со вечни вредности и неисцрпни благодатни потенцијали, а на светот да му го врати сјајот преку обожениот човек кој се грижи за тој свет.

Бидејќи станува збор за тема актуелна во Македонија и по 17 години плуралистичко и демократско уредување ќе укажам на историските факти од Македонија, а кои се однесуваат на веронауката. Во Македонија, освен периодот 1950-2001 година, и 2003 година, односно од волјата на Уставниот суд до измените во Законот за образование, денес, а со кои се овозможува веронауката, постои соврШен синергизам помеЃу науката и теологијата. ПочнувајЌи од првиот македонски универзитет на свети Климент во Охрид, каде писменоста, уметноста и културата се пренесуваа на тогаШните ученици и на сиот народ заедно со просветата од Евангелието на Христос Спасителот. За време, пак, на османлиското владеење во келијните училиШта на македонските манастири културната и образовната преродба повторно започна и течеше заедно со живиот и исихастички опит на просветителите во верата. Во 19 век, во црковно-училишните општини кои се зачетоци на современото системско образование во Македонија, повторно веронауката беше носител на воспитниот процес. Со формирањето на македонската државност во 1944 година и неколку години подоцна (кога се предваше и Дарвиновата теорија), поучувањето во верата стана дел од модерната педагогија на образовните институции, во основните училишта и гимназиите. Ако не веруваме на фактите, да веруваме на почитуваните професори-вероучители по II Светска војна кои сега се академици во МАНУ. За сиот овој историски период, ниту науката и попречувала на теологијата, ниту теологијата на науката, значи во Македонија тоа бил природен процес, кои постоел неколку години дури и во време на идеолошкиот систем, кој пак само од идеолошки причини го прекинал тој  синергизам. За историјата толку, бидејќи и од неа слабо учиме, а сега да се вратам на етимолошкото значење на зборовите кои ги подвлеков погоре. Сите оние погоре подвлечени термини во македонскиот јазик означуваат работи повразани со еден процес кој барем во современото живеење се случува од министерство до градинки, училишта, гимназии, факулети, институти, а се однесува на стекнување на знаење, искуство, култура итн.  заради напредок на човекот  и остварување на целта, која Ќе биде полезна за него и за целото општество. Сите овие зборови кои што го означуват овој процес богомудро ни се предадени од светите Методиј и Кирил, а и тогаш овие зборови означувале она што и денес, односно дека образованието е процес во кој човекот се изградува себе си, а изграден е според образот на Својот Творец и Создател, па затоа и човекот е битие кое твори и создава, понатаму тој во процесот на своето образување се воспитува односно храни (воспитатИ-да се нахрани) со вредностите кои му се нудат, а кои ги избира по својата слободна волја бидејЌи е создаден како слободна личност. Ако се храни со добродетели, култура, етика, чесност, почит, љубов, вистина, скромност, верност, милост тогаш ќе се просвети, ќе ја постигне својата цел која ќе биде вечна придобивка - живот за него, но и за сите и за се околу него. Сите овие термини за нашите просветители имаа само еден именител, Христос Богочовекот. Просветата, образованието и воспитанието не можат да се одделат од верата, тие се родени заедно на ова поднебје и неприродно е да ги спортиставуваме кога самите не се исклучуваат едни со други.

Веронауката нема да значи вовед во теократско општество кое историски, а и во некои земји и денес, носи свои многу негативни последици, туку ќе значи избор, а моментот на избор е момент кога човекот ја изразува својата слобода на личноста во сета своја полнота, таа слобода не смееме да му ја одземеме на никој, ниту на најмладите.

Нова Македонија 22.07. 2008

Посети:{moshits}

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2050
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная