логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TVITer655

 

Скици за човекот

Ајде малку полабаво во оваа предновогодишна колумна, иако сите очекуваат некакво резиме. Целава измината година не заслужува ниту еден сериозен збор, најмалку некаква сериозна анализа. Оваа година беше, најблаго речено, инцидент: крах. И приватно, за мене, годинава беше крах. Сите идеи и проекти што ги предложив, од најниски до највисоки „општествени инстанци“ – пропаднаа. Не ги прифатија. Но не сум тажен: сѐ стои, како и космосот да е уморен веќе од глупоста. А тоа е добра вест. Затоа, целава година ја сведувам на четири утешни кратки приказни, без дејство (зашто и тие приказни „стојат“). Приказна 1 (ја преземам од една беседа на владиката Наум, кој, пак, ја презема од еден американски писател): Си беше еднаш еден човек, кој рече: „Тешките времиња раѓаат силни луѓе. Силните луѓе прават добри времиња. Добрите времиња раѓаат слаби луѓе. Слабите луѓе прават тешки времиња.“
Со тоа, кругот е затворен, а кругот секогаш има седативно дејство: доброто заминува, ама и лошото заминува. Ми останува само нејасно, што замина оваа година? Беа ли ова тешки или лесни времиња? Ако беа тешки, каде се силните луѓе што треба да донесат убави времиња? Колку што јас почувствував, силните луѓе беа исмејувани и жигосувани од слабите луѓе. А ако пак главно доминирале слаби луѓе годинава, на кои добри времиња се производ тие слабаци? Јас не помнам некои скорешни добри времиња со кои би се објаснила поплавата од слабаци денес. Да не била сепак оваа година хибридна – за едни тешки, а за другите одлични времиња? Ако е така, тогаш приказната 1 е и тажна и лажна и се сведува само на: вечна сиромаштија наспроти вечни капиталисти. Кој како ќе си ја нареди, вели нашиот народ.

Приказна 2: Си беше еднаш еден човек што рече: „Порано големи луѓе живееја во мали куќи, а сега мали луѓе живеат во големи куќи“.
Оваа приказна, како и горната е социјална, речиси рациновска. Ама за разлика од претходната, е и целосно вредносно изместена: укажува на тоа дека изминатава година неспособните уживаа, а способните се мачеа и бореа. Тоа значи дека НЕНОРМАЛНОТО веќе го прифаќаме за НОРМАЛНО. Јас одамна тврдам дека не ни требаат толку специјалисти – политички аналитичари (секој втор говорник денес на ТВ е политички аналитичар), колку психијатри. Зошто на државата не ѝ одговара да вработи на буџет повеќе психијатри? Затоа што тие психијатри ќе станат и социолози: ќе произлезе дека општеството е претворено во психијатриска клиника. Без лекови и вакцини против бесови. Приказна број 3: Еден човек рече: „Знаете ли како пропаѓаат и како воскреснуваат универзитетите? Па вака: секој професор, за да не биде загрозен, за асистент ќе си земе поглупав од него. И овој асистент, кога ќе стане професор, бидејќи е суетен, ќе си избере за асистент поглупав од него. И третиот, исто така. И кога конечно мислиме дека универзитетот пропаднал, последниот професор (некогашен најглупав асистент) ќе биде толку глупав, што ќе избере за асистент попаметен од него. И тогаш работите ќе тргнат напред“.

Што да се каже? Оваа година беше во знакот на „пластични операции“ и ботоксирање на историјата, но и на реформите во образованието. Многу умни и компетентни луѓе си го кажаа своето мислење. Сум кажал (мислејќи посебно на идиотизмот наречен „Болоњска декларација“) и пак ќе кажам: како што тече времето, избираме полоши образовни модели од претходните. Продолжуваме да фабрикуваме „табеларна“ интелигенција, наместо да создаваме мислечки млади луѓе. Фабрикуваме такви што ништо не знаат (просто да поверува човек дека намерно го правиме тоа), а сега веќе НЕМА НИ ДА ЗНААТ ДЕКА НИШТО НЕ ЗНААТ. Се надевам дека на крајот ќе дојдеме до толку глупав модел, што конечно, што и да избереме, ќе биде попаметно од него.
Приказна 4: Во еден воз, во едно купе, патувале татко и син со уште тројца патници. Синот, кој имал осумнаесет години, на секој нов видик низ прозорецот прашувал: „Тато, што е она белоно?“ А таткото велел „Снег, сине“. „А она зеленото под снегот?“ „Трева сине“. „А што е она што кружи на небото, тато?“ „Птица, сине“. И кога момчето излегло од купето до тоалет, тројцата патници му рекле на таткото: „Човеку, води го синот на лекар! Осумнаесет години има, а поставува прашања како тригодишно дете!“ Човекот весело им рекол: „Добри луѓе, од лекар и доаѓаме. Син ми прогледа пред три часа. Пред тоа само од книги со Брајова азбука знаеше што е што“.

Приказнава е шлаканица за сите оние што им судат на други, а не знаат ништо за нив. И оваа година ни се случуваше постојано оваа приказна, особено на социјалните мрежи. Па зошто овој направил вака, па зошто оној направил онака, кога си беше верен на идејата и партијата… Можеби некои прогледале, па тоа ни изгледа како нешто што заслужува осуда. Можеби некој друг, пак, се заслепил од златници и слава (слепило од блесок), ама можеби на трет крвници му ги ископале очите од омраза зашто мисли поинаку, па и не му се зборува веќе! Затоа, не судете кога не знаете ама баш ништо за некого.

Се враќам сега на првата приказна: онаа за кругот на вечната смена на тешките со лесните времиња и обратно. И на онаа како пропаѓаат универзитетите: исто така пропаѓаат и царствата, и пак се враќаат. Во Светото писмо постои онаа прочуена „Книга еклизијаст“ („Проповедник“), надалеку позната по тоа што повторува дека сѐ на минливиов свет е само суета. Но таму стои, уште тогаш запишано, и нашето денешно чувство дека добиваме сѐ полоши и полоши ученици, но и полоши владетели; тоа е она нашето „Го пцуевме Х како лош, ама сега со борина го бараме, оти дојде полош“. Еве го тоа место што може да им се стави во уста на сите што биле претходни владетели, борци и учители (Гоце Делчев, на пример): „18. И го замразив сето она, за кое се бев трудел под сонцето, затоа што треба да го оставам на човек што ќе дојде по мене. 19. И кој знае: мудар ли ќе биде тој или глупав? А тој ќе располага со сиот мој труд, со кој сум се трудел и со кој сум се покажувал мудар под сонцето.“

Има во таа книга и нешто за оние меѓу нас што не сфаќаат дека и она што ни се чини најново (Европа, на пример) не е ново: „9. Она што било, пак ќе биде, и она што се правело пак ќе се прави – нема ништо ново под сонцето.“ 10. И ако за нешто се рече: „види, ете, тоа е ново“, но тоа веќе било во текот на вековите, што биле пред нас“. Па така, мислам дека не е добро Европа да им се претставува на младите како нова идеја. Понекогаш дури мислам дека и Европа сфаќа дека „веќе постоела“: можеби е апокрифна оваа идеја, ама мислам дека СФРЈ веќе беше мала Европа (без Бугарија) и Европа го знае тоа. Затоа, корифеи на новото, внимателно со терминот „ново“. Новото веќе било. А еден славен гениј уште и ја закомплицира работата со старото и новото, кога рече – „Она што во новото е добро – не е ново, а она што во новото е навистина ново – не е добро.“

И за крај: не е чесно ни да ни се претставува Европа како некој наш ХРАБРО НАПРАВЕН избор. Кој е искрен, ќе признае дека друг избор и немаме: па кој друг нѐ сака? Немањето избор во филозофијата на Аристотел се вика ананкаион, нужност. А нужноста нема врска со храброст, туку напротив, со помирување. Кога сум болен, пијам лекови зашто немам избор, а не затоа што сум храбар или затоа што сакам. Затоа, ум и разум, и чисто срце и душа за помирување ви посакувам во новата година и за Божиќ!

Извор:

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE-%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8/

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная