логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Бог не не' присилува и не не' обврзува да бидеме верници. Но, ако Он не не' обврзува на тоа, секако не значи дека самите не треба да се обврземе да бидеме барем луѓе


Една од статистички најчитаните и најпродавани книги на земјата е Светото писмо или, како што сме навикнале да го нарекуваме - Библијата. Тука зборувам секако за светски рамки оти не верувам баш дека кај нас статистиката се совпаѓа со светската по однос на ова прашање. Сигурно уште многу години нејзината продаваност ќе каска зад оние режимски, регалски писатели на метро од југословенскиот период кои беа декор на секој дом. А и ако ја достигне продаваноста, пак ќе се сомневам, овој пат во читаноста. И пак ако се вратиме на статистиката, ќе видиме дека во светки рамки имаме над милијарда христијани, кај нас според последниот попис над милион, во светов, особено низ Европа се' повеќе храмови остануваат непосетени и се ставаат на продажба или се рушат, а кај нассе градат и нови, ама сепак процентуално според бројот на декларираните верници посетата е незадоволителна. Освен на големите празници ако во неделите поминеме низ сите цркви низ нашава Татковина се сомневам дека ќе сретнеме 10.000 луѓе, кои отприлика би било 1 отсто од вкупниот број на христијани кај нас. Верувам дека ќе се согласиме со констатацијата оти тоа е навистина незадоволително.Па затоа во кратки црти би сакал да го изложам сижето на оваа книга за оние што ја прочитале да се потсетат, а тие што не ја прочитале да знаат за што станува збор па врз основа на ова да видиме колку од прочитаното спроведуваме и колку со право го носиме името христијани. Ако некој сака да се нарече лекар, ќе се погрижи да го оправда тоа име преку познавање на медицината. Ако некој сака да се нарече музичар, ќе се погрижи да го оправда тоа име и преку познавање на музиката, но и преку нејзиното практикување. Ако некој сака да се нарече теолог, ќе се потруди тоа име да го оправда преку познавањето на теологијата, но и преку нејзиното спроведување во секојдневниот живот.

Значи, откако Бог ги создаде светот и првите луѓе за живот вечен во рајот, и по нивниот престап ги протера од рајот, но и им даде ветување дека преку Христа ќе можеме да се вратиме таму од каде што бевме протерани, ни даде пророци, кои го навестуваа доаѓањето на Спасителот низ Стариот завет, за кога ќе се исполни времето да ни се роди Христос на земјата, ангелите да ни го соопштат неговото раѓање, смирено да поживее меѓу нас луѓето лекувајќи болни, воскреснувајќи мртви, нахранувајќи гладни... и едни го засакаа и го следеа до Крстот, други го замразија, го понижија, го исплукаа, го исмеаја, па на крај и го распнаа, а Он смирено ја прими крсната смрт и славно Воскресна и со тоа ни даде можност и нам за воскресение и за живот вечен.

И сега врз основа на ова ако некој сака да се нарече христијанин, ќе треба да се потруди да ја открие смислата на христијанството преку оваа света книга, да поверува во Бога и да постапува согласно прочитаното и да сфати дека само преку Крст се доаѓа до Воскресение. Ако сево ова се прифати и се одживее, со право ќе можеме да се наречеме христијани.И уште нешто, Бог ни дал слобода да одлучуваме сами дали сакаме да бидеме верници или не. Бог никогаш нема да не' присили да прифатиме вера, ќе ја испочитува нашата слобода до крај. Ако е така, да постапуваме барем во тој случај како што постапува Бог и и ние да не му наметнуваме вера никому, да оставиме секој сам да ја сознае верата и да одлучи на која вера сака да се приклони или сите светски вери и вероисповеди да ги отфрли.

Па затоа можеби е подобро и да не се покажуваме како верници и христијани ако не се согласуваме и со најмал дел од ова што треба да го прифатиме за да можеме со право да го носиме ова славно име, од едноставна причина што ако не сме вистински христијани, може да има сериозни опасности, не само за нас туку и за нашите ближни. Да не би од желба да бидеме христијани да станеме верски фанатици.Сведоци сме последниве две-три децении дека мноштвото од војните што се случуваат по светот, а особено кај нас на Балканот освен тоа што беа национални, беа окарактеризирани и како верски. Беа оценети како верски и верата беше камен на сопнување, а не ги водеа верници. Ова го тврдам бидејќи верникот нема да посегне по оружје , затоа што ниедна вера не не учи ниту на зло, ниту на неморал, ниту на насилство. Ако пак војните се верски, а нејзе ја водат верници тогаш кој ги води? Ги води сурогатот на верата односно верските фанатици. Верски фанатици се пак оние луѓе кои се спремни да умрат за својот Бог и покрај тоа што за својот Бог немаат ни елементарно познавање и се многу лесни за манипулација посебно кога треба да се демонстрира сила. За да бидам појасен би навел еден пример, одењето во војна со подигнати три прста како симбол на православието, а да не се знае ни основната Христијанска молитва, Оче наш. Нели ви заличува на крстоносните војни од средниот век, кои се свеле на обични ограбувања на светињите...  Бог не ни' присилува и не ни' обврзува да бидеме верници. Но ако Он не не' обврзува на тоа, секако не значи дека самите не треба да се обврземе да бидеме барем луѓе.

 Митрополит Европски Пимен

Извор: Дневник

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная