логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 






  2drva.jpg

Што да им направам на луѓето?


“Се она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; оти тоа се Законот и Пророците”.  (Матеј 7, 12)  

На две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците. Првата: љуби го Господа со сето свое срце, душа и разум. Втората: љуби го својот ближен како себе си. Но, за ова некогаш подоцна ...
Како припадник на човечкиот род кој датира одамна, не направив некој посебен исклучок со кој ќе измамам радост на небото, туку продолжив по стапките на мнозина со карактеристично суетно однесување кое се базираше на моите цврсти убедувања околу дефинирањето на поимот: правда. Имено, обратно од стихот од Писмото, велам обратно бидејќи тоа и се очекува од еден себезаљубен жител во светот, ... им правев нешто на луѓето и верно очекував да ми возвратат во иста мера. Ја љубев сопругата моја на само мене сфатлив начин, кој секако го оценував многу високо, и се надевав на повратна љубов во истата амбалажа и со точност мерена во промили. Секако честите отстапувања ги забележував во колоната наречена предавство и ми беа посебен товар дури и по удолнина. Ги почитував ближните мои од рано наутро па се до црната ноќ која и можеше да ми биде нарушена ако тие го посакаа тоа. Гледајќи во нивните молбени очи лесно се одлучував да дадам заем и половина леб, но потоа бессоно долго чекав да се вратат до последната пара и трошка. И повторно гледајќи во нивните, сега лукави очи, ја отворав душата своја полна со лузни над која плачевме силно како над пресен гроб, додека безнадежно сфаќав за нивните лаги. Суштината на едно постоење бара да се прават грешки кои на овој или оној начин ќе бидат осудени од секој соговорник. Но, моето височество буквален толкувач на Божјата промисла, постапував меко и ненасилнички убедувајќи го ближниот свој во наивноста на неговите постапки кои го доведоа до заблудата. Но, кога јас ќе погрешев, многу малку ми беа двете раце да поставам штит од канонодата на навредливи зборови, понижувања и презир. Дури и се обидував некого да вметнам и во своите молитви, како со силен плач до Милостивиот би побарал малку утеха за нивната неволја. А, потоа наредниот ден па тој ќе ме вметнеше во неговите клетви како козата би ми умрела што поскоро. Многу поводи да се прашувам зошто по се што сум сторил за другите, бумерангот ми вратил само разочарување и горчина? Дали јас очекував премногу од луѓето или тие, онака човечки немоќно, постапија најдобро што умеат?  Или сум го разбрал целосно погрешно она се што им правам на луѓето да сакам да ми го прават и тие?
Се она што сакам да ми го прават луѓето, ќе им го правам и јас. Сакам да ја љубам мојата сопруга на само мене сфатлив начин кој ќе биде доволен сам по себе да ги попречи сите приговори против неговата длабока искреност и обоеност во розов колорит. И не сакам ништо повратно, освен можеби малку солзи радоснички по некој гест направен тајно, романтично. Сакам да земам на заем кога е насушна потреба и долго трпеливо никој да не ме потсети, ниту прекорно погледне до денот на отплатата. Сакам да слушам за бремето нивно и давам надеж без ниедна невистина дека секоја болка на патот е созревање, дека трњата се места на кои се откинува старата облека и крстот само престојувалиште на последниот необновен човек. Сакам да не умеам да толкувам закони, нивните параграфи според кои треба да се процени вината, ниту да бидам решителен за конечниот удар со чеканот кој ќе означи крај на делото и пресуда за ближниот. Ги сакам утринските разговори со Бога кои некогаш траат подолго додека го замолам за оздравување на болните, смирување на вљубените, нахранување на сиромашните, разбудување на подзаспаните ... Сакам уште и птиците да не ме гледаат завидливо кога ги расфрлам трошките од трпезата, а и јас нема да им возвратам кога полетуваат во небото и се поблиску до ангелите. И на крајот сакам целиот универзум да се откаже од намерата да ме попречи во завршувањето на моето патување до дома. А јас нема повеќе да бидам темна точка во изгрејсонцето, сомнеж во напредокот на отпаднатиот род, ниту потенцијален прогонат надвор од портата, таму со кучињата.

  

Meteori.Dr.jpg

 

  • SP Apostol
  • 17-ти август   лето Господово 2014

  Друго:

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2054
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 515
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная