логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Војна и воини

veternica.jpg

Сите ние водиме некаква војна: „едни“ против „други“, против „трети“, против „n-ти“, против сите и против сè. Се води војна за фотелја (парламентарна, судска, епископска...), војна за квадратен метар и километар, за цели територии, војна за име, војна за мир... Војната станува насушна потреба, навика ... страст! Без војна сте анонимни цивили, во војната сте – херои.

Кои се тие „други“, „трети“, „n-ти“? Зарем е тоа важно...  Тоа што во таа острастена воена еуфорија забораваме дури и кои сме самите ние, исто така не е важно. Важно е да се војува, војната да живее, да не замре... Така, војната станува цел сама по себе. Војуваме заради самата војна. Всушност, не сеќаваме дека војната станува воинот, а ние - војната. Дека веќе не ја водиме ние војната, туку дека таа не води нас... Стануваме војна која ја водат некои други воини...

Стратегија или тактика?

Не сум воен стратег ни тактичар, но мислам дека најнепродуктивна војна е – рововската. Седиш во ровот, пиеш Газоза, пушиш, играш карти, читаш или пишуваш пораки на мобилка – и само повремено стануваш, исп(л)укуваш куршум-два (во одредени прилики и цел рафал), и пак се повлекуваш во интимата на ровот... И тоа трае, трае... Мераклиска војна.

Е, да напишал Кафка роман посветен на оваа тема, ќе имавме еден сликовит апсурд: Ја подаваш главата од ровот, нишаниш... кога, таму, во другиот ров – ТИ!  

Ново воено правило 

Не сум оснивач (или еден од оснивачите, ако ги има повеќе) на Премин Порталот, макар што го следам од самиот почеток. Затоа не можам да тврдам категорично кои се вистинските мотиви за отворањето на Порталот. Од досегашниот општ впечаток од содржината на Премин Порталот, меѓутоа, со мирна совест можам да кажам дека барем еден од мотивите бил – ширењето на Радосната Вест. За опасноста од рововска војна на Порталот оснивачот/оснивачите веројатно и не помислувале. (Наук за други: во оснивачкиот тим задолжително вклучете претставник на НАТО). 

Интернет-мисијата на Премин Порталот (презентација на православни вредности) на уредништвото им ги нуди истите радости и „тагости“ коишто со себе ги носеле и некогашните апостолски мисии. Некаде ве дочекуваат со отворено срце, некаде со неблагопријатен поглед... Првите ве поттикнуваат да опстојувате во она што се нарекува „користење на дарот на Духот“ (во овој случај, дарот на поучување!), а вторите ве тераат да се преиспитате – не во смисла да го „вратите дарот на Дародавецот“, туку да одлучите да воведете воено правило: да ја „истресете правта“ од постовите ... и на неблагочестивите посетители да им го ограничите пристапот на Порталот.


Ровонет

Зошто беше потребно да се воспостави воен фер-плеј на Порталов? Сведоци сме дека на Форумот на Премин Портал (а еве сега и на местата предвидени за коментари) се водеше и се води вистинска рововска војна. Само што на овие ровонет-воини им недостасуваат старите добри воени манири. И учесниците во оваа војна го немаат она спокојство што ги одликува вистинските рово-воини. Интернет воинот, што војува по виртуелните ровови на Премин Порталот, има зацрвенето лице, закрвавени очи, пена на устата, забрзано дише... Единствено се успокојува кога противникот ќе го погоди. Тогаш апсурдноста на војната што ја води се губи, зашто, нели, „оној кучкин син“ од противничкиот ров лично го погодил. И тогаш го предозира барутното полнење, ја мачка стрелата со тројна доза „кураре“ отров... долива жолчка во мастилницата, бара сочни термини во својот воинствен речник... Не е важно што и понатаму не го познава противникот... Тој, пес ниеден, да лае по мебе! Ах, само нека ја подаде главата, како ќе му го свирнам куршумот...

 „ТИЕ“

Војната се разгорува, страста се распламтува... Не бираш противник. Мирјанин, атеист, теист, клирик, епископ (обичен и архи-), патријарх... Жива среќа што денес нема Пророци. Каков трофеј би биле тие! Да отсрелиш Пророк – тоа е сон на секој вистински интернет-воин!!!

Пуш-паузите се проретчуваат. Газозата ветрее во чашата. Затоа зачестува поткревањето над ровот. Не дозволуваш противникот да ужива во свирежот на осамен куршум. „Дигни ја главата ако смееш...мамицата твоја“ му довикуваш немо на противникот... и му праќаш летална доза „дум-дум“ куршуми.
  
Воини и војна

Има ли крај на оваа војна? Или, барем, примирје? Затишје? Колку да ја преврземе душата? Кој прв да го крене белото знаме? Кој прв да прати SMS порака: „А, да повикаме олеснувач?“

На оваа војна и нема крај. Не затоа што нема миротворци. Еве, гледаме дека уредниците на Премин Портал ја засилиле Форум-логистиката. Ако е од миротворни причини, во што не се сомневам, „блажени нека се“.
 
Војнава не може да заврши од проста причина што ја водиме самите против себе. Пукаме и плукаме на самите себе. До таа мера сме заслепени, што не гледаме дека се рануваме самите – и тоа смртно! Не чувствуваме болка, внатрешно крварење... Стануваме нечувствителни.

„Признај, за да те признаам“; „само смеј признај ги!“; „не те признавам зашто признав друг“; „тој не те признава, па јас да те признаам!“ – се слушаат рафали од неколку соседни рова. Од друг ров мавтаат со некакво ливче (подоцна разбрав – ливчето било Томос!). „Еретици“ – ечи од два-три рова. Од еден плиток ров испукуваат светлечки канон. За да го (пр)осветлат непријателот. „Така ви треба. Го губите К.....“ извикуваат од еден кривулест ров...

И никако да разбереме и да признаеме дека водиме војна против самите себе. Оние „други“ – тоа сме ние самите. Всушност, сите ние сме во еден ист ров. И нема каде да ја засолниме главата. Испукаш ли куршум во ровот, ќе се одбие и ќе ти се врати – како бумеранг, како ехо.

А вистинските воени стратези и тактичари се – од поднебесјето. Тактички, сигурно, прецизно, непогрешливо – ја водат војната. И таа трае, трае... А кај нив, горе, нема миротворци. Нема блажени...

Тешко нам... без духовно оружје.

Автор : д-р Драган Михајловиќ

Колумната   е публикуван а во ПРЕМИН

 

Посети: {moshits}

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2051
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная