логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Миртополит Американско- канадски г. Методиј

mitropolitmetodij.jpg Човечкито ум е украсен со многу способности и сили. Една од најважните меѓу нив е заборавањето. И кога велам заборавање, не мислам само на бледнеењето или губитокот на релативно трајните промени во структурата на мисловните искуства - на позитивистичката верзија со која се објаснува овој процес, сведен само на неговата психофизиолошка конотација, туку првенствено на природната селективност во односот кон знаењето, која заборавањето ни го открива како моќно оружје со онтолошка, односно есхатолошка функција. Што тоа всушност значи?

ите елементи и процеси во човечката природа се совршено хармонични и во нив се исчитува присуството и дејствувањето на божествениот Логос. Тоа ја раскрива нивната богоизворност и богологичност, но и упатува на промислата и сведоштвото Божјо дека сето создание и човекот како негово нон-плус-ултра е навистина мошне добро. Човекот е обдарен со разум кој може да ги созерцува и божествените нешта. Нештата кои ги надминуваат границите на неговата создадена природа. Со тоа тој, во гносеолошки контекст, исчекорува од светот на сетилното (телесното) познание кон височините и длабочините на духовното знаење. Предмет на неговото внимание, на неговата љубопитност, на неговата “тхеориа” станува безмерниот “простор” на мудроста Божја. Во книгата на Мудроста на Исус синот Сирахов среќаваме вакво размислување: “Кој законот го држи - мудрост ќе придобие. Ќе го пречека како мајка, ќе го прими како мудра невеста. Со лебот на разумот ќе го нахрани; ќе го напои со водата на мудроста. На неа ќе се потпре и нема да се поколеба; на неа ќе се надева и нема да се посрами. Таа ќе го издигне над неговите ближни; сред собир народен ќе му ја отвори устата. Тој ќе наследи веселба, и венец на радост и име вечно” (15, 1-6). Држењето на законот за кое зборува Сираховиот син, како услов за стекнување на премудрост, е всушност живеењето и расудувањето според природниот морален закон. Според дарот на образот Божји - дарот на слободата на волјата, човекот има власт да ја воскресне во благодатна бесмртност својата смртна природа, или истат да ја погуби осудувајќи ја на вечни маки преку горделивото одбивање или негирање на премудроста Божја. Прифаќајќи го совршениот образец на морално живеење човекот станува не само послушно битие, изразувајќи ја довербата кон Логосот Божји, туку, низ светотаинскиот принос на слободата која му дарувана, тој станува исто така и мудро битие.

Човекот е создаден (и обдарен) да биде слободен. Гревот како негација на неговата слобода се остварува и во првородниот Адамов грев, како и во секој личен човечки грев потоа, имено како злоупотреба и делумно (или потполно) отфрлање на слободниот призив: да Му се содејствува на Бога во неговиот Домострој. Оној кој живее во грев, роб му е на гревот. Оној, пак, кој е роб на човечките слабости тој ја ислклучил слободата од својот живот. Зашто, Адамовиот грев не се состоеше во непослушноста кон едно правило, кон една заповед. Адам не згреши со тоа што ја пречекори слободата која, божествена по својот происход, всушност беше безгранична, а со тоа и непречекорлива, - туку во ограничувањето, злоупотребата на таа слобода и нејзино сведување до рамките на создадената и оттаму смртна човечка природа. Во рамките на анималниот аспект на битието. Адамовиот грев и секој грев потоа е доброволно ропство. Наместо да биде добар домостроител и господар на Божјото создание и литургиски, себе си и светот, на Бога да Му ги принесува, човекот, ова наследство, со секој свој грев, го жртвува на олтарот на себеобожувањето, станувајќи грабливец, а оттаму и непријател, подеднакво и на светот кој го опкружува и на самиот себе си. Светот стана место на прогонство и проклетство, сеисториско прогонство за човејкот. И умот човечки стана место на прогонство и проклетство. Губејќи го здравиот критериум за заедничарење со Бога, со Неговите созданија и со самиот себе, огревовениот човек низ невоздржание и секоја неодмереност се опогани со злострастие, зловерие, злоумие, зломислие и со секое зло кое може да се докосне до неговото битие, станувајќи на тој начин туѓ и несличен на својот Создател. Оттуѓен од мудроста, оттуѓен од животот, оттуѓен од благодатната бесмртност.

Целата историја на човечките науки заради тоа се претвори во нескротлива агонија од надежи, наѕирања, пусти желби, сомнежи и спекулации. Неумсно и неумерено оптеретувајќи се со знаењето својсвено на неговата богоотуѓеност, како компензација за жедта по божествената мудрост, човекот се извешти во создавањето методи и средства да сочувување и систематизирање на знаењето. Библиотеките, енциклопедиите, семејните албуми со фотографии, визуелните и вербалните записи од секаков вид, спомениците и надгобните записи, хрестоматиските зборници и историските учебници, архивите и складиштата, вистински силоси на целулоза и пластика, сето тоа треба да му помогне на човекот да ја додржи тежината на човечкото знаење или поточно само-човечкото, т.е. премногу-човечко “знаење”. Но човечкиот ум и понатаму останува заробен од злото. Зашто мудроста значи чување и исполнување на законот Божји. Закон без кој нема слобода, ни венец на радоста на умот, ни вечно име. Тоа ни го открива и Сократовата теза дека злото е незнаење, злото е негација на знаењето. Затоа човек треба да биде храбар и да проштева, зашто љубовта, во која е восредоточен севкупниот добродетелен живот на човекот, сî проштева, со сî пребива во мир. Да се измолкне од под самарот на злопамтењето и како заблудениот син од евангелската парабола, кој си дојде на себе си, да го прими прстенот на мудроста од својот небесен Родител. Човекот требада биде храбар и да заборава.

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3204
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7681
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

18/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

Свети Сава Осветен; +Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните маченици Карејски; Преподобните Карион и Захарија;;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная