логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Епископ Велички Методиј

metodij.3knigi6.jpgПисменоста никогаш не се детерминира како белег на еден цел народ или општество. Таа по правило е одлика на една личност. Сепак, статистиката која преку вешто собирање и делење по процент знае да ги претвора личностите во бројки, ни укажува на тоа дали една заедница или културна група се развива во својата писменост или рудиментира (како впрочем и за сî друго). Не е без основа да бидеме претпазливи па да провериме неколку критериуми според кои односот меѓу квалитетот и квантитетот сериозно можат да ги релативизираат статистичките податоци. Повеќе полуписмени претворени во проценти можат навидум да делуваат по писмено од мала група супер-писмени, или само неколкумина хипер-писмени, што за едно општество може да биде пресудно, на пример. Од таа гледна точка овој аритметички каламбур, колку и да е хипотетичка спекулацијата, може да предизвика фатална дисторзија во објективноста на сликата за себе и за својата словесна состојба. Зарем не е вкоренета нескромната претстава дека нема попаметни од нас, па велиме глупи овие, глупи оние и тоа делува засрамувачки. Во крајна инстанца тој (каламбурот) може да продуцира комплекс на национално или општествено ниво, без претерување.
Од тоа како е формулирано насловното прашање, а што може да се земе сосема како реторичко, иако не без последици, неговата двонасочност секако не може да нî остави рамнодушни. Дали тоа значи дека мислиме дека сме многу паметни, т.е. дека сме генетски предиспонирани за многу ум? Дали прашањето всушност е: колкумина останавме писмени, со оглед на тоа што статистиката вели дека бројот (процентот) на неписмени во Македонија се зголемува? Потоа, можеме ли да се наречеме писмен народ, народ што описменувал, иако тоа им го должиме на конкретни (историски!) личности? Дали е тоа само помпезен (историски!) бек-граунд, автохипноза со која ја компензираме нашата неписменост, туѓи паунови перја со кои ги китиме нашите претенциозни славопојки и академски его-трипови, а тие се заслуга на нашите предци и завештание кое сериозно не сме го исполниле? И така натаму, и така натаму... сî до она есенцијалното прашање: што значи тоа писмени, т.е. што нî прави писмени? И дали тоа "писмени" е денес истиот квалитет што го поседувале нашите славни предци, заради што и им се восхитуваме како на писмени и описменувачи?
Појдовна точка секако ќе ни биде тезата дека прашањето за писменоста е нераскинливо врзано за моралот, и дека односот меѓу етиката и гносеологијата (токму затоа) продуцираат огромно мноштво позиции од типот: писмен, словесен, мудар, паметен, итар, лукав, умен, луциден, интуитивен, рационален, логичен, агностичен, досетлив, елоквентен, начитан итн., и секако аналогни антитези. Од нивните постојано променливи значења, - под влијание на моралната состојба во кој егзистираме, под влијание на развојот на технологиите (што секогаш е добар изговор), под влијание на општествените трендови, на меѓучовечките односи, на отуѓеноста и безброј други фактори, - во голема мера ќе зависи и сериозноста со која ќе му пристапиме на факторот писменост во сопствената реализација како цивилизиран народ.
Во оптек се и такви мислња според кои ние сме "доволно писмени". Мислам дека нема по фашистичка идеја од тоа де се биде доволен во нешто. Доволно писмени. Што значи тоа? Доволно писмени за да не лаеме? Доволно писмени за да можеме да прочитаме каде е влез, а каде излез во автобусите, супермаркетите и слично? Доволно писмени за да стигнеме да ги прочитаме двата реда саб-тајтал на шпанските серии и српските реклами (кои од некои носталгични или метафизички причини немаме доблест да ги надсинхронизираме)? Доволно писмени за да има смисла што постојат (посмртни останики од) библиотеки и тук-там по некоја книжарница (во која се продаваат книги, а не тетратки и моливи).
Проблемот на нашата писменост, или поточно неписменост е систем од поврзани садови. Неписмени сме бидејќи не читаме. Не читаме бидејќи не купуваме книги и некористиме библиотеки. Не купуваме книги бидејќи книгите се скапи, се печатат во мали тиражи, не се преведува квалитетно и доволно. Книгите се скапи, неквалитетно преведени и недостасуваат дури и антологиски наслови зашто нема кој да го прави тоа бесплатно, или од чисто алтруистички побуди. За да не зависи општата писменост од добрата волја на ретките словољубци треба да постои јасна национална програма за развивање на писменоста. А за да има кој да го прави тоа, треба да има вистински писмени луѓе. Цел каталог на недостатоци. А релацијата меѓу умот и зборот е една чудесна работа. Многу што зависи од неа.
Една од доминантните тези на фамозниот "О писменех" на Црноризец Храбар е дека писмените читаат, а неписмените гатаат, т.е. писмените знаат, а неписмените претпоставуваат. Зарем тоа не е дијагнозата на нашто актуелно битисување. Сî е во претпоставка. Политиката, стопанството, судството, економијата, образованието. Сî е просто гатање. Не случајно и меѓу најпопуларните (читај: најпрофитабилните) телевизиски содржини се оние бизарни креатури што гатаат по телефон. Неписменоста привлекува неписменост. Простотијата привлекува простотија. И тоа нема никаква врска со каква диплома или сметка во странска банка е маскирана.
А читањето, т.е. описменувањето, - што првенствено значи обогатување со слова, со логоси, со умови, - ја полни ризницата на личноста која, како што вели Евангелието, ниту молец и 'рѓа ја јадат, ниту крадец ја поткопува, и која е единствениот багаж што ќе го понесеме со нас во оној живот. Затоа описменувањето е подвиг. Подвиг кој не се ограничува на институционално апдејтирање или на некаква Пигмалионовска методологија. Поентата на читањето не е ни во онаа наивна утописка желба да се запамети сето она што ќе се прочита, ниту во мегаломанската амбиција да се прочитаат сите книги на светот, целата Вавилонска библиотека според Борхес. Од времето пред да биде напишан епот за Гилгамеш, пронајден е фрагмент напишан со клинесто писмо во кој е содржана следнава констатација: "...а што уште може да се каже, зарем и онака не е веќе сî кажано и сî напишано...". Станува збор за времето 28 (со букви: дваесет и осум) века пред Христа. Читањето, пак, како и културата на исхраната се состои во селективност и блажена истрајност.
Во еден свој есеј Иван Илин вели: "Според читањето може да се препознае или определи човекот. Зашто, секој од нас е она што го чита; и секој човек е она како чита; и сите ние незабележливо стануваме она што го исчитуваме од прочитаното...". Тоа нî прави помалку или повеќе зрели во писменоста на нашите предци и потомци.

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3204
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7682
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

18/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

Свети Сава Осветен; +Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните маченици Карејски; Преподобните Карион и Захарија;;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная