логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Раушенбах Б.В.

svetatroica.jpg
Догмата за Пресвета Троица е централна догма во христијанството. Како што е познато, нејзиното востановување било поврзано со борбата меѓу различни богословски гледишта, која на крајот резултирала со единствен став. Богословите успеале да го формулираат овој став во вид на догма, којашто својот израз го нашла во никејско-цариградскиот Символ на верата.

Меѓутоа, дури и овој символ на верата во себе содржи траги од споровите и од недоразбирањата. Тоа се гледа од осмиот член на Символот на верата, во кој третото Лице на Троица е наречено Господ, а не Бог. Можно е дека тука се работи за внимателност и дипломатичност на св. Василиј Велики, кој не сакал со невнимателна формулација повторно да го разгори однот на сè уште незгаснатите спорови. Господ и Бог не се синоними, но во историјата на Црквата е познато дека некогаш на синонимите им се давале различни значења. Така, на грчките термини усија (суштина) и ипостас (лице), коишто порано се сметале за синоними, од страна на отците на Црквата им се дадени различни значења. Наведената специфичност во текстот на Символот на верата, којашто недоволно зацврстените во православието почнуваат да го толкуваат по свое, довела до потреба од дополнителни уточнувања. На шестиот Вселенски собор било одобрено посланието на Софрониј, Ерусалимскиот патријарх, во кое се говори дека Светиот Дух вечно исходи од Бога и Отецот и дека се признава за Свет и за Бог. Бидејќи во вториот член на Символот за предвечното раѓање на Синот од Отецот се вели: „Светлина од светлината, Бог вистински од Бога вистински“, се формира строга слика на едносушноста на трите Лица на Троица, според која секое од нив е Светлина и Бог. Спомнатото уточнување на Софрониј, меѓутоа, не можело да биде внесено во Символот, зашто уште на третиот Вселенски собор (седмо правило) било забрането внесување измени во текстот на никејско-цариградскиот Символ на верата.

Во учењето за Троица, отците на Црквата дале догматски беспрекорно решение на проблемот за истовремено искажување на монадата и на тријадата во Бога. Оваа тиединост мошне концизно и јасно е изскажана во првото послание на апостол Јован: „Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно“ (1 Јован 5:7). Не е ни чудно што таа триединост не престанале да ја истакнуваат и отците на Црквата. Свети Григориј Богослов во своето Слово за крштавањето пишува: „Уште не ни почнав да мислам за Единицам, а Троица веќе ме осветлуваат со Својата Светлина. Само што сум почнал да мислам за Троица, а Единица повторно ме обзема“. Во овие реченици треба да се обрне внимание на зборот „мислам“. Во тоа време Триединоста била поим кој не им бил познат на класиците на философијата, и биле потребни сериозни напори на умот за да се долови нејзината суштина, ако тоа воопшто е можно кога се зборува за принципијелно недостижното, за Бога.

Размислувањата за триединоста покренале низа недоразбирања, сомневања и ереси. Човечкиот ум секогаш се стреми да го разбере искажаното тврдење. Да се „разбере“ значи да се вклучи тоа тврдење во севкупноста на вистините потврдени со секојдневната човекова практика, а во крајна смисла да се усогласи со рационалната формална логика. Привидната неусогласеност на догмата со формалната логика многумина ги навела на еретички конструкции.

Тука не е место да се анализираат недоразбирањата и ересите што се појавиле во текот на вековите. Сето тоа е дадено во историјата на Црквата. Ќе се задржиме само на состојбата со проблемот во текот на XX век. Пред сè, треба да се обрне внимание дека својствата на Троица може да се поделат на две категории: оние што може да се опфатат со логиката, и оние што се надвор од доменот на логиката. Од првите може да се споменат својствата како што се триединство, едносушност итн., а од вторите животоначалство, светост. Подолу ќе ги разгледаме само логичките својства на Троица, не затоа што се поважни, туку затоа што токму тие довеле до недоразбирања и до ереси. И тоа е сосема природно. Кога говориме за светоста на Троица, неа не можеме да ја споредуваме со ништо од секојдневниот живот: светоста е својствена само за божественото. Но кога станува збор за триединоста, човечкиот ум несвесно ја бара аналогијата во секојдневниот живот, сака да го поврзе тој поим со формалната логика. Враќајќи се кон искажаната желба да се окарактеризира проблемот во почетокот на XX век, природно е да се свртиме кон анализата на разногласието што се јавило меѓу П. А. Флоренски и Е. Н. Трубецкој во врска со толкувањето на поимот „триединство“ коешто отец Павел Флоренски го дал во својата книга „Столб и тврдина на вистината“. Нивното разногласие е мошне карактеристично – и денес постојат такви две гледишта.

Спорот се јавил во врска со тоа дали тезата за постоењето на три Лица, коишто го сочинуваат единиот Бог, може да се усогласи со обичната формална логика. Позцијата на Флоренски е јасна од неговите зборови: „Троица во Единица и Единица во Троица не значат ништо за разумот“. Оваа состојба тој ја смета за антиномична (противречна по форма) и не гледа ништо лошо во тоа, сметајќи дека таа противречност и не треба да се разрешува, туку да се надмине со подвигот на верата. Антиномичноста тука станува своеобразна неизбежност, според Флоренски. „Тезата и антитезата заедно ја изразуваат вистината. Со други зборови, вистината е антиномија и не може да биде поинаква.“ Според о. Павел, на формално-логичките „апсурди“ едноставно не треба да се обрнува внимание, нивното присуство попрво ја потврдува вистинитоста на исказот, одошто ја побива.

Е. Н. Трубецкој застапува сосема спротивно гледиште. Еве што тој вели во еден текст од 1914 година, во врска со тезата на о. Павел. „Со сиот респект кон почитуваниот автор, догмата за света Троица воопшто не е антиномична, зашто никаква внатрешна противречност не постои во неа... во црковната догма „единството“ се однесува на Суштината, а „троичноста“ на Лицата.“ И понатаму: „Кога грубото човечко поимање трите Лица ги преведува во три Бога, догмата навистина се претвора во антиномија, зашто тезата дека Бог е еден никако не може да се усогласи со антитезата дека постојат три Бога.“

Како што беше спомнато, слично гледиште се јавува и денес. Во современото излагање на основите на православната вера се вели: „Лицата на Троица се неслеани, но сочинуваат едно Божество во Кое секоја Ипостас има еднакво божествено достоинство со секоја друга. Ипостасите во света Троица не претставуваат три Бога, туку еден Бог.“

При сета надворешна убедливост на последното тврдење, паѓа во очи отстапувањето од Символот на верата. Зашто, во Символот јасно се зборува за тоа дека секое Лице претставува Бог. За ова сведочи и практиката на молитвата. Секако, секогаш е можно да се расправа на соодветен начин за Символот и за молитвите, но сепак, подобро е да не се занимаваме со трактати, туку со разбирањето на текстовите во нивната вистинска смисла. Веројатно дека ова влијаело на тоа дека отец Павел попрво ја претпочитал антиномијата, одошто и најмалото отстапување од Символот на верата. 
Подолу ќе се обидам да покажам како тврдењето дека „Бог е еден“ при одредени услови може да се усогласи со тврдењето дека се „три Бога“, без притоа да се појави каква било антиномија. Ова овозможува учењето за Троица да не дојде дури ни во најмала формална противречност со Символот на верата. Пред тоа, ќе разјасниме во што се состои формално-логичката грешка на Е. Н. Трубецкој, кога тој говори дека триединоста, ако секое Лице се смета за Бог, води до антиномија. За поголема очигледност, да разгледаме два едноставни примера.

Тврдењето: три цвета сочинуваат еден букет, логички е непротивречно, зашто „цвет“ и „букет“ се различни поими. Но, ако тврдењето гласи: „Три цвета сочинуваат еден цвет“, веднаш се јавува антиномија. Расудувајќи според оваа шема, тврдењето дека „три Лица сочинуваат еден Бог“ е наполно дозволено сè додека се смета дека Лицето не е Бог. Ваквиот тек на мислите е карактеристичен за Трубецкој. Да разгледаме сега еден посложен пример – три капки вода. Под капка ќе подразбираме мал волумен вода опкружен од сите страни со воздух. Тврдењето: „Три капки сочинуваат една капка“ може да се покаже исправно ако се дозволи дека капките може да се слеваат во една поголема капка. Притоа може да се дозволи и дека почетните капки се разликуваат по боја, дека по слевањето не се мешаат, туку ја задржуваат својата индивидуалност, односно – по можност да се приближи примерот до општоприфатената логичка претстава за Троица. Во што е разликата меѓу разгледаните примери со цветовите и со капките? Основната логичка разлика е во тоа што трите цветови не взаемодејствувале меѓу себе, додека трите капки взаемодејствувале – тие се слеале во една. Значи, елементарното расудување на Трубецки може да се покаже како неприменливо за објекти што взаемодејствуваат. Се работи за тоа што расудувањето за цветовите се базира на логичкиот закон за идентитет, според кој во процесот на расудувањето за секој предмет треба да се расудува како за еден и ист, со неизменета содржина на негови признаци. Во случајот со цветовите навистина е постапено така, но тоа не може да се каже и за примерот со капките. Во последниот случај во процесот на расудувањето содржината на признаците е изменета: во почетокот се говорело за капки вода опкружени од сите страни со воздух, а на крајот овие капки на некои места се граничеле со воздух, а на други – една со друга. Оттука се гледа дека низата на логичките заклучоци на Трубецкој во конкретниот случај не е применлива, зашто се нарушува законот на идентитетот. Ако не се дозволи взаемодејството на капките (слевањето), секоја капка би останала и понатаму опкружена со воздух, односно во процесот на расудувањето не би го менувала тој суштински признак, и веднаш би се појавила антиномија. Наведените примери сликовито сведочат за тоа дека при разгледувањето на взаемодејствувачки објекти треба да се посвети поголемо внимание за да не се доведеме во логички грешки.

Враќајќи се кон Троица, треба веднаш да се каже дека Лицата во Троица не се Лица што едноставно постојат, туку и взаемодејствуваат – Синот и Светиот Дух се поврзани со Отецот преку раѓањето и исходењето, и со самото тоа елементарните расудувања на Трубецкој може да се покажат како погрешни. При обидот да се разреши логичкиот проблем со примерот со капките, веднаш се јавува несовладлива тешкотија поврзана со тоа што треба да се уточни карактерот на взаемодејството на трите Лица на Троица, што, секако, е невозможно. Затоа може да се искористи друга метода: да побараме во математиката објект кој ги има сите логички својства на Троица, и ако се најде таков објект, со самото тоа ќе се докаже можноста за логичката непротивречност на структурата на Троица (отсуство на какви било антиномии), и во тој случај секое Лице ќе може да се смета за Бог. Ова е поврзано со фактот дека математиката е изградена на законите на формалната логика, а предложената метода се состои во тоа да се докаже изоморфноста на Троица со некој математички објект.

Математички објект кој во целост соодветствува на својствата на Троица навистина постои и широко се користи во математиката, механиката, физиката и во другите аналитички науки. Тоа е добро познатиот вектор, со своите три ортогонални компоненти. Да видиме колку неговите логички својства соодветствуваат со истоимените својства на Троица.

1. Триединост. Ова својство е речиси очигледно, зашто самиот вектор, од една страна, и неговите три компоненти, од друга, се едно и исто. На пример, да разгледаме некое физичко тело на кое дејствува некоја некоја сила, претставена со вектор. Како резултат на тоа дејство, во телото се јавуваат деформации и напрегања коишто може да се измерат. Ако се замени векторот на силата со негови три компоненти, чии нападни точки се доведени во истат точка во која дејствуваше векторот на силата, нема да дојде до промена на деформациите и на напрегањата во телото. Набљудувач кој врши мерење на состојбата на телото никогаш нема да може да определи дали на телото дејствува векторот или неговите компоненети. Нивното дејство е апсолутно еквивалентно. За оние на кои им е блиска векторската алгебра, ќе напоменам дека во посочениот пример не се корсти сума на вектори: при определувањето на триединоста, таа не е неопходна.

2. Едносушност. И ова е речиси очигледно својство, зашто трите компоненти на векторот и самите претставуваа вектори. Полезно е да се истакне дека никој никогаш не изјавил дека оваа својство води до антиномија.

3. Неразделност. Секоја компонента на векторот апсолутно е поврзана со самиот вектор, зашто претставува негова проекција на соодветна оска. Компонените се апсолутно поврзани и една со друга, што всушност и ја определува неразделноста.

4. Совечност. Ова исто така е очигледно својство, зашто компонентите на векторот секогаш постојат истовремено и заедно, зашто во спротивно не би сочинувале систем на вектори кој во секој момент на времето е наполно еквивалентен на изворниот вектор.  

5. Специфичност. Ова бара малку поподробно разгледување. Кога се однесува на Троица, во врска со ова својство секое Лице ја извршува својата „задача“. Овој поим, кој инаку е неумесен кога се работи за Троица, тука е сосема адекватен. Нека, на пример, разгледуваниот вектор претставува сила којашто го поместува телото (односно, материјалната точка којашто го претставува телото) за извесно растојание. Разбирливо е дека секоја компонента на векторот може да го помести телото само долж „својата“ оска, и никако не може да го направи тоа долж „туѓите“ оски. Ова покажува дека трите компоненти на векторот во принцип не можат да се заменат една со друга, што зборува за нивната специфичност.

6. Взаемодејство. Взаемодејството на компонентите се сведува на тоа дека тие се сумираат по правилата на векторската алгебра.

Како што може да се види од анализата, логичките структури на Троица и на векторот со неговите три ортогонални проекции во целост се совпаѓаат, што ја докажува нивната изоморфност. Следствено, бидејќи во случајот со векторот не се јавува никаква антиномија, аналогно може да се заклучи и за Троица. Но тогаш разногласието меѓу Трубецкој и Флоренски ја губи смислата – и двајцата тргнувале од тоа дека тезата „Бог е еден“ не е во согласност со антитезата дека „има три Бога“ без да се нарушат законите на логиката. Сега може да се заклучи дека тоа не е така. Навистина, за векторот сета извршена анализа е совршено „прозрачна“, што, меѓутоа, не треба да се бара при обидот да се достигне Троица – Бог во принцип е неспознатлив: тука централен проблем е карактерот на взаемодејството меѓу трите Лица во Бога, коешто е бесконечно посложено од простото геометриско сумирање. Меѓутоа, Символот на верата, со кој секое лице се нарекува Бог, ни дава основа да сметаме дека взаемодејствата го имаат карактерот потребен тоа да се оствари.

Анализата на векторскиот модел на триединството покажува дека севкупноста на шесте својста, наведени погоре, е доволна за воспоставување логичка непротивречност. Доволно е да се измени макар и едно од својствата, па да дојде до нарушување на структурата на триединството.       

Многу богослови предупредувале дека секој обид за рационализација на догмата за Троица е мошне опасен, и дека води до појава на различни ереси. Затоа е потребно да се истакне дека векторскито модел, за кој стана збор, нема никаква врска со богословието и со догмата, туку единствено со формалната логика. Целта беше да се покаже дека формалната логика дозволува постоење на триедини објекти кои по својата структура се аналогни на Троица и дека при тоа не се појавува никаква антиномија.   

 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3142
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная