логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Св. Григориј Богослов

ДОГМАТСКО БОГОСЛОВИЕ

ТВАРНОТО СОЗДАНИЕ

grigorij.bogoslov1.jpgПостои онтолошка разлика помеѓу Бога и тварното битие: на тоа особено  инсистирале отците од IV век во полемиката со аријаните. Сè што е тварно, според зборовите на св. Атанасиј Александриски, „на ниту еден начин не му е подобно на својот Творец по суштина (природа), туку се наоѓа надвор од Него“. Григориј Богослов вели експлицитно: „Ако е Бог, тогаш не е твар... Ако, пак, е твар, тогаш не е Бог, зашто тварта го добила почетокот во времето. А ако го добила почетокот, тогаш постоело [време] кога тварта ја немало“. Според сликовитата споредба на Григориј, онтолошиот амбис меѓу Божеството и тварниот свет наликува на амбисот што постоел во византиската држава меѓу господарите и робовите. Не станува збор за оние социјални разлики коишто се противприродни, нагласува Григориј, ниту за она „што во нас е или со насилство разделено, или со сиромаштво разединето“, туку за она „што природата го разделила“, т.е., она што има онтолошки различна природа – Бог и твар. Во Бога постои „нешто творечко, владетелско (началствено) и непроменливо (неподвижно)“, а во тварниот свет – „нешто создадено, потчинето, нешто што може да се разруши“; Божеството е над времето, а тварното е под власта на времето“.

Меѓутоа, Григориј не е премногу доследен во тврдењето за различноста на тварното битие во однос на Бога. Согласно неговото учење, во хиерархијата на создадение битија се можни различни степени на блискост спрема Бога, така што во таа смисла едно создание надминува друго. Меѓу создадените битија постојат некои коишто Му се мошне блиски на Бога, па дури и Му се „сродни“, а постојат и некои коишто Му се туѓи и крајно далечни од Него. Во првите се вбројуваат ангелите, а во последнинте – несловесните (сетилните) живи суштества, и во уште поголема мера неодушевените предмети. Меѓу овие две крајности се наоѓаат сите можни степени на сродство со Бога или на инородност со Него:    

Бидејќи за добрината (Божја) било недоволно да се движи само во созерцувањето на самата себе, туку на доброто му требало да се разлева и да оди понатаму... (Бог) прво ги замислува ангелските и небесните сили... А бидејќи тие биле добри (во Божјите очи), Тој замислува и друг свет – материјален и видлив: тоа е оној хармоничен состав на небото и земјата и на она што е меѓу нив, достоен за пофалба поради прекрасното место на секој елемент, а уште повосхитувачки поради хармоничноста и складноста (euarmostias kai symphonias) на севкупноста... Со тоа Бог покажал дека е моќен да создаде не само природа сродна на Неговата, туку и природа сосема различна од Неговата. Зашто, на Божеството Му се сродни умствените природи, природи коишто се појмливи единствено со умот, а сосема Му се туѓи оние коишто се под власта на сетилата, а од овие сетилните уште подалеку (од Бога) се целосно неодушевените и неподвижните природи.

Без оглед на поголемата или помалата разлика во природата на создадените битија во однос на Бога, сите создадени битија, бидејќи се Божјо создание, се нераскинливо поврзани со својот Создател. Бог е присутен во двете рамништа на создадените битија – и во духовниот свет, и во материјалниот свет: ангелите, луѓето, сè што е живо, па дури и неодушевените предмети, се способни да се приопштат (да станат учесници) на Божествениот свет и да станат негови носители. Григориј сите создадени битија ги претставува како хиерархија на светлини коишто се издигаат кон првата и врховна Светлина – Бог; втората светлина е ангел – „некакво струење или причастие (учество) на првата светлина“; третата светлина е човек. Хиерархиската структура на создадените битија го овозможува Божјото присуство на сите нивоа. Божествената светлина е позабележлива на повисоките нивоа, во светот на ангелите, но и во материјалниот свет постои сопствена хиерархија на светлините, којашто ја одразува Божествената светлина. 


За Григориј, ангелите се носители на Божествената светлина, со превасходство во тој поглед над сите други созданија. Тој за ангелите говори како за светлоносни духовни природи кои „први пијат од првата Светлина и се просветлуваат со словото на вистината, и самите се светлина и одблесоци на совршената Светлина“. Според Григориј, постојат ангели со различни чинови, осветлувани со Божествената светлина и поставени од Бога за служење на луѓето:

... Постојат ангели, архангели, престоли, господства, началства, власти, светлини, восходења, умни сили или умови, чисти природи, непомешани со ништо, неподвижни или тешко подвижни на зло, коишто постојано ликуваат (choreuousas) околу Првата Причина... Тие или од Неа се осветлуваат со најчисто осветлување, или на друг начин добиваат друго осветлување, во зависност од природата и од чинот. Тие во тој степен го носат во себе отпечатокот на Доброто, што станале други светлини, способни да ги просветлуваат другите со излевање и со раздавање на Првата Светлина. Служители на Божјата волја, тие се силни како според својата природна сила, така и според стекнатата; тие сè обиколуваат, на сите секогаш со драга волја им се ставаат на располагање, благодарение на подготвеноста да служат и на природната леснотија. Секој од нив примил одреден дел од вселената, или е поставен за нешто на некој од световите... Тие сите водат кон Едниот... воспевајќи го Божјото величие, созерцувајќи ја вечната слава...   

На преминот меѓу V и VI век, авторот на Ареопагитскиот корпус создал учење за ангелската хиерархија од девет чинови, групирани во три тријади: 1) престоли, серафими, херувими; 2) госпотства, сили, власти; 3) начала, архангели, ангели. Макар што Григориј Богослов не се обидел да ги систематизира ангелските чинови, во неговата претстава несомнено постои некаква хиерархија на ангели, според која едните добиваат светлина непосредно од Првата Причина, другите – „на друг начин“.  Карактеристично е што Григориј споменува токму девет имиња, при што седум од нив се идентични со ареопагитските; што се однесува до имињата на Херувимите и на Серафимите, во списокот на Григориј наместо нив стојат „светлини“ и „восходења“; тој очигледно им давал предност на грчките термини над еврејските.

Што се однесува до материјалниот свет, во него Григориј го гледа, пред сè, одблесокот на Божествената красота: не случајно во грчката традиција светот бил наречен космос (kosmos, „красота“, „поредок“). Според Григориј, космосот е слика на Божјото величие; Бог управува со космосот според законите на поредокот, мирот (eirēnē) и љубовта:

Небото, земјата, морето и сиот овој свет, голема и прочуена Божја стихија, (свет) во кој се открива Бог, проповедани со молчење, додека (светот) стои цврсто и во мир самиот со себе, останувајќи во рамките на својата природа, додека ниту едно (создание) не станува против друго и не ги раскинува тие врски  на благоразумност со кои сето тоа го сврзал Уметникот – Логосот, затоа тој (свет) е и се нарекува космос и недостапна красота (kallos aprosition) и никој ништо не може себеси да си претстави повеличествено од него...

Восхитот и воодушевувањето пред преубавиот изглед на вселената и пред мудроста на Творецот, којашто (мудрост) се искажува во нејзиното устројство, било карактеристично за голем број христијански автори: доволно е да се споменат „Беседи за шестодневот“ од св. Василиј Велики и „Катихетски беседи“ од св. Кирил Ерусалимски. Во 28. беседа (втора за богословието), во која главната тема е непојмливоста на Бога, Григориј, по побивањето на низа аријански силогизми, преминува на опишување на вселената и на живите битија коишто ја населуваат. Тој спис во кој се чувствува влијанието на споменатите дела на Василиј и на Кирил, а исто така и силната зависност од библиската „Книга Јов“, преминува во химна и на созданието и на неговиот премудар Создател. Животните, рибите, птиците, пајаците и мравките – сите тие преку красотата и разумноста сведочат за големината на Творецот:

Зошто едни животни живеат во стада, други поединечно, едни се тревојадни, други се хранат со месо, едни се ѕверови, други кротки, едни го сакаат човекот и тој ги храни, други се нескротливи и слободољубиви, едни како да се блиску до разумот и до способноста да учат, други се сосема лишени од разум и неспособни се да научат. Уште испитај ја природата на оние што пливаат, се движат по водата и како да летаат по влажната стихија... истражувај ги нивните навики и страсти, соединувања и раѓања, големината и красотата, приврзаност спрема едно место и миграција од место во место, неповрзувања и раздвојувања... Истражувај ги и јатата птици, разновидноста на надворешниот изглед и боите на безгласните птици и на птиците пеачки. Која е причината за мелодичноста на последните и од кого е тоа? Кој на штурецот му закачил харфа на градите? Кој на птиците им ја дал таа песна и црцорењето на гранките, додека движени од сонцето музицираат на пладне, разгласувајќи во шумата и пратејќи ги патниците со звуци? Кој ја компонира песната на лебедот кога тој на ветерот ги шири крилјата и мавтајќи со нив дава ритам? Од каде на пчелите и на пајаците толкава љубов спрема трудот и уметноста, така што кај првите саќето е сложено од шестоаголни клетки, поставени едни наспроти други... а кај вторите, низа од тенки и речиси воздушести нишки распнати во различни насоки ткаат во сложена пајажина?... Ќе премолчам за коморите и магацините на мравките, за нивните залихи храна, за соодветните годишни времиња и за останатото што го дознаваме од раскажувањата за нивните патувања, за водачите и за строгиот поредок во делата.

Подражавајќи го опишувањето на видливиот свет, Григориј говори за мајсторското подредување на листовите на дрвјата, за богатството и за красотата на плодовите, за силата на корењата, за соковите, цветовите, мирисите, за скапоценоста и прозрачноста на камењата: сето тоа како некоја гозба, на која на сите им е дозволен влез, природа му го предложила на човекот, за да Го спознае Бога. Григориј ја опишува земјата, морските заливи, шумите, реките, изворите на пивка вода, а исто така и на топли води, во кои човекот добива „бесплатно лекување“ – топлите бањи. Од каде сето тоа? Разумот за постоењето на ова не наоѓа друга причина освен Божјата волја. Морето го поразува Григориј со својата големина, а напоредо со тоа и со кроткоста, благодарение на која не излегува надвор од своите граници. Реките се влеваат во морето, но тоа не се преполнува. А кој го создал воздухот – тоа изобилно и неискажливо богатство, со кое сите се користат во иста мера? Каде е пребивалиштето на ветровите? Каде се скривалиштата на снегот? Која е причината за молњите или за громовите?

Восхитеноста од создадениот свет е причина за тврдењето на Григориј за неопходноста при анализирањето на вселената повеќе да се раководиме од верата, отколку од разумот. Ограниченоста на човековиот разум, на која Григориј инсистирал во полемиката со гносеолошките гледишта на Евномиј, особено јасно се покажува кога човекот се напрега да проникне во „небесните сфери“ и да ја спознае природата на сонцето, месечината и ѕвездите:

Ако со мислите си го поминал воздухот и сето она што е во воздухот, допри се, заедно со мене, до небото и до небесното. Но сега нека повеќе нè води верата одошто разумот, доколку си ја спознал својата немоќ (во познанието на она) што е поблиску до тебе и ако за разумно си признал дека го познаваш она што е над разумот, за да не останеш целосно земен и приврзан за земјата, не спознавајќи го дури ни сопственото незнаење. Кој го заоблил небото, кој ги раздвоил ѕвездите? Но, пред сè: зошто небото и ѕвездите се такви? Можеш ли да одговориш, високоумен, не познавајќи го дури ни она што е под твоите нозе? Дури и да си ги разбрал циклусите и периодите, приближувањата и оддалечувањата, залезите и изгревите, што се тоа зодијачки знаци и чудни мерења, и сето она поради што ја почитуваш твојата чудна наука – тоа сè уште не е познание на суштината, туку само набљудување на некакво движење, потврдено со долготрајни набљудувања, воедно сумирајќи ги изведувањата на гоем број (луѓе), а потоа пронаоѓајќи го законот и прогласувајќи го за научно (откритие). Така месечевите мени им станале познати на многумина, а основа на тоа знаење е набљудувањето. Но, ако си ти таков познавач на овие нешта и сакаш навистина да ти се восхитуваат, кажи која е причината за таквото уредување и движење?... Но што во почетокот го стави сонцето во движење?... Што значи тоа зголемување и намалување на денот и на ноќта?... Дали си ја спознал природата на месечината, нејзините мени, мерата на нејзината светлина и тоа како сонцето господари со денот, а месечината со ноќта?...


alfeev13.jpg[Од книгата: „Животот и учењето на св. Григориј Богослов“, од епископ Иларион Алфеев.]

 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7591
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная