логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Отец Пимен, невообичениот Владика на МПЦ-ОА, како што многумина го оценуваат и годинава што измина остави траги во начинот на кој комуницра со јавноста. Некои го почитуваат, некои го напаѓаат. Во новогодишното и божикното интервју за Прес 24, Отец Пимен зборува за својот начин на комуникација, но и прави анализа на македонското општество и низ општествено-политичкиот контекст, но и низ верскиот.

-Немање капацитет да се решат предизвици ли е, ако оставам ради мојата себичност и мрзливост некој друг понеспособен да биде поставен на позиција да решава предизвици? Проблемот ќе е тогаш во неговата неспособност или во мојата мрзливост јас да направам нешто? Реално, што правиме поголемиот број од нас за државата освен што се препираме на кафанска маса или на социјалните мрежи, носејќи на крај заклучок дека сите се исти и дека ни нема спас? , вели Отец Пимен, Митрополит на Европскат епархија на МПЦ-ОА.

-За иронијата во постовите би рекол дека не ја гледам како зло. Кога е насочена кон конкретна и доволно интелегентна личност сметам дека побрзо и подобро ја тера личноста на размислување за постапката. Затоа ја употребувам и неа и сарказмот како говор кој би потикнал размислување, а не како средство за омаловажување на соговорникот, вели Отец Пимен во интервјуто за Прес 24.


Пандемијате беше еден од предизвиците и оваа година, но и предизвик за Црквата, која почитувајќи ги мерките за заштита се најде на удар и на одредни антиваксерски дрвижења кои своите тези го бранат со некакви религиски догми.


-Не станува збор за изгубена комуникација на црквата со верниците, туку за погрешна виртуелна комуникација на некои верници со оние кои пласираат “пророштва” за последните времиња, за чипови и апели за осудување и непослушност кон свештенството.  Останувањето во контакт и послушност со некои анонимни виртуелни “старци” на сметка на избегнување на личната комуникација со своето парохиско свештенство е сериозна ѓаволска замка. Кому му оди во прилог тој фанатизам? Сериозен проблем е кога верата преминува во фанатизам. Никогаш ништо добро не родила верата претворена во фанатизам, вели Отец Пимен во интервју за Прес24.

Во него зборува и за осовременувањето на Црквата, што и како тоа значи, но и за одност на Валдиците со јавноста и општеството.

ПРЕС24: Календарски замина уште една година, многу предизвици ќе останат и за следната 2022 година, еден од нив е пандемијата. Како ја оцнеувате улогата на Црквата во овој процес?

О. ПИМЕН: Црквата, со мали исклучоци, имаше конструктивна улога за цело време на пандемијата и ќе продолжи во тој правец се до ставањето под контрола на истата. Црквата се придржуваше до медицинските препораки на комисијата за заразни болести со држење дистанца, носење маски, дезинфекција на целивните икони, меѓу првите институции бевме што организирано се вакциниравме.

Секако знаете дека имаше само една препорака што не ја испочитувавме. Причестувањето. На таков компромис не се обврзавме и покрај цел оној притисок од јавноста преку кој нé исмеваа за конзервативност од употребување на една лажичка. Сепак тоа за нас како Црква не може да биде предмет на придржување кон препораки, туку прашање на вера и извор на живот. И тоа вера дека соединувајќи се со Христа преку Телото и Крвта Негови не можеме да бидеме заразени, туку напротив можеме да бидеме исцелени.

Низ сите векови на нејзиното постоење,соочувајќи се со различни пандемии, се потврдило дека Црквата Божја никогаш не станала кластер на зараза со причестувањето. Тоа се покажа и овој пат слава Му на Бога.

Но, сепак кога споменав за исклучоците има и одреден број на свештеници и верен народ кои наслонувајќи се на преголемата милост од Бога одбиваат да слушаат препораки за мерките воопшто, дури и пропагираат антиваксерство поврзувајќи го Ковидот со некој светски заговор за уништување на Православието.

Не би сакал да ги осудувам за слободата на нивното размислување, но би ги потсетил дека и духовници со докажана вера и дела ја загубија битката со оваа опака болест, што потврдува дека станува збор за сериозна болест со фатални последици, а не само фикција за држење на народот во страв.

ПРЕС24:  Пандемијата покрај што беше општествен предизвик, стана и предизвик на верата, црквата, а особено дел свештеници, архиереи кои беа погласни во апелите за општото здравје се најдоа на удар на дел од јавноста, не само овде, речиси насекаде. Зошто, дали причината е во недовербата на луѓето кон институционаланта форма Црква, или некаде во изгубената комуникација на црквта со верниците?


О. ПИМЕН
: Проблемот би го лоцирал во преголемата можност секој што има пристап до интернет да налета на непроверени апели од “светогорските старци” секако не наведувајќи конкретни имиња на тие старци, кои зборуваат за светкиот заговор против Христијаните. Самиот термин светогорски старци наметнува некој авторитет на стравопочит, кој пак ако уште е испратен во “доверба” само кон докажаните во верата, побудува револт кон “маловерните” архиереи и свештеници и им дава слобода јавно да ги исплукаат. Затоа би рекол дека не станува збор за изгубена комуникација на црквата со верниците, туку за погрешна виртуелна комуникација на некои верници со оние кои пласираат “пророштва” за последните времиња, за чипови и апели за осудување и непослушност кон свештенството.

Останувањето во контакт и послушност со некои анонимни виртуелни “старци” на сметка на избегнување на личната комуникација со своето парохиско свештенство е сериозна ѓаволска замка. Кому му оди во прилог тој фанатизам? Сериозен проблем е кога верата преминува во фанатизам. Никогаш ништо добро не родила верата претворена во фанатизам.

Нашиот Господ Бог Исус Христос не е ни тиранин, ни фанатик,туку Господ Бог кој го љуби секого, кој го штити и најслабиот наш брат, Бог кој не нé учи да се фатиме за камен со кој ќе го убиеме грешникот, туку кој нé учи дека камен смее да фрли само оној што нема грев. Од Евангелието гледаме дека на повикот Христов прв да фрли камен кон грешницата оној кој нема грев, не се нашол таков човек, туку сите ги спуштиле камењата. (Јован 8, 1-11) И повикани сме од Христа да не судиме за да не бидеме судени. (Лука 6,37) Сепак денес сме сведоци на секојдневни судења од страна на храбрите и ревносни Христијани кои нé опсипуваат вируелно со лавина на камења.

Нека се живи и здрави. Нивно е да размислат што прават, а наше е безусловно да ги сакаме.

ПРЕС24:  Обично за секоја година што доаѓа се вели дека е со надеж, се прават проценки што и како ќе се случува, најчесто се вели историска година... но, по 365 дена се сумира реалноста, а таа обично е разочарувачка. Во што е проблемот, во преголемиот оптимизам, или во немањето капацитет да се решаваат предизвиците?


О. ПИМЕН: Велат дека песимист е оптимист со искуство. Ете, со оптимизам ја дочекуваме секоја нова, но со разочараност ја испраќаме секоја стара. Во разочараноста има од сé по нешто.

Сметам дека сé би се решавало многу полесно, ако ние како фактор Јас, не се иземаме од фаќањето во костец со предизвиците. На пример: Оптимизам ли е да очекувам некој друг да ми донесе подобри услови за живеење или подобро утро со повисока плата, ако јас не се ни трудам да се вработам негде за плата туку чекам 100 денари од пензијата на баба ми и ден денес? Оптимизам ли е да очекувам добивка на лото, ако не уплатам ливче? Секако дека не е оптимизам, туку е глуп надреализам.

Немање капацитет да се решат предизвици ли е, ако оставам ради мојата себичност и мрзливост некој друг понеспособен да биде поставен на позиција да решава предизвици? Проблемот ќе е тогаш во неговата неспособност или во мојата мрзливост јас да направам нешто?

Реално, што правиме поголемиот број од нас за државата освен што се препираме на кафанска маса или на социјалните мрежи, носејќи на крај заклучок дека сите се исти и дека ни нема спас?

И ушто полошо ја фрламе кривицата на вашите бранејќи ги нашите, без да размислиме дека сериозноста на проблемот е во делење на наши и ваши.

ПРЕС24: Отец Пимен во последните десетина години ја има карактеристиката на невообичаениот Владика. Човек кој не премолчува, но и човек кому иронијата не му е непозната карактеристика, особено во коментарите на социјалните мрежи. Тоа е поради потребата од слава, како што рече еднаш еден премиер, или тоа е успешен модел за приближување на Црквата и до современата младина?

О. ПИМЕН: Веројатно е до карактерот кога се има што да се каже да не се премолчи, да не се остане нем на неправдата, на злоупотребата.

Секако дека не сум имал ни желба, ни потреба да станам славен лик на социјалните мрежи. На почетокот дури и не користев личен ФБ, туку се вклучував од епархискиот. Многумина не ни знаеја кој стои позади профилот Европска епархија, од што произлегува одговорот дека не беше потреба од градење на лична слава.

Би напоменал дека сé започна кога како Црква бевме злоупотребени да излеземе на протест против “рушење” на црква во градба. И покрај тоа што лично бев против изградба на конкретната црква, прикаската дека некој ќе руши храм Божји ме натера да излезам на улица на протест. Кога разбрав дека некој без никаква почит како Црква не насамарил да му бидеме марионети во нековата политичка битка, реагирав на мој начин. Со критика кон оној што нé насамарил. Оној пак што си ја имаше мувата на капата сериозно возврати со цела машинерија. И така сé започна. Понатака некому не му се допадна реакцијата, па ми префрли дека патам за внимание. Некому пак ми се допадна, па ме поддржаа во битката што покажа дека на тој начин ја приближивме Црквата до современата младина.

Потоа некој ми го пријавил профилот за користење на лажно име и морав да го сменам корисничкото име во Отец Пимен кое се уште живее во виртуелниот свет.

Славата на мојот ФБ профил е сосема случајна, а не пропаганден трик.

За иронијата во постовите би рекол дека не ја гледам како зло. Кога е насочена кон конкретна и доволно интелегентна личност сметам дека побрзо и подобро ја тера личноста на размислување за постапката. Затоа ја употребувам и неа и сарказмот како говор кој би потикнал размислување, а не како средство за омаловажување на соговорникот.

ПРЕС24: Многумина ќе речат „не му доликува такво однесување“?

О. ПИМЕН:
Многумина и ќе речат “зошто другите премолчуваат и не реагираат како тебе”. И треба ли сега да бидеме сите исти, унифицирани? Зар не сакаме да знаеме дека нема два идентични начини на спасение? Зар некој мисли дека со глумење на подвигот на некој светител ќе го наследи Царството Божје?

Зарем некој верува дека може да им угоди на сите луѓе? Та нели во Евангелието имаме пример за тоа дека за свети Јован Крстителот кој живеел во пустината во постојан пост, кој не јадел и не пиел велеле дека има бес, а за Синот Човечки за Христа кој седнувал со грешниците и митниците велеле дека е човек ненаситен и пијаница? (Матеј 11, 18-19)

Ако властите и луѓето во Страстна седмица на некогашниот Ерусалим на Христа Кој во истовреме е и совршен Човек и совршен Бог Му “нашле” вина за да Го осудат, проблем ли му е на денешниов свет да ти најде мана за отстрел? (Матеј 27, 1)

ПРЕС24: Што најмногу Ве нервира кога на социјалните мрежи ќе прочитате за Вас... предавник, или еретик?

О. ПИМЕН: Се кажало и многу повеќе од овие две квалификации. Од псовки до клетви.

Но Христос ни кажал и за вртењето на другиот образ и молење за оној кој те удира по образот. (Лука 6,39) Па спроведувајќи ја поуката на Христа во секојдневниот живот се трудам да растам во верата наместо во гневот. Фала им на сите и за и за етикетите и за плунките врз кои ги лепат етикетите. Преку нив се расте се расте во љубовта на патот кон вечноста.

Конкретно за квалификациите предавник и еретик не знам што повеќе ме нервира или насмејува. Кога државен суд би ме оптужил за предавство на татковината и својот народ со издржани аргументи може сериозно да се размислам и во солзи да го оплачам својот грев. За паушални улични обвинивања од “патриоти” со модри гради не се нервирам.

Истото би го направил и пред Црковен суд при покренување на постапка против мене за ширење на ерес. Би замолчал и во каење никогаш веќе не би зборувал за теологија, туку само до крај на животот би ја сведочел верата со дела. На сите оние што носат суд за ерес врз основа на фотографиите од моите секојдневни активности во кои на моите духовни чеда низ Европската епархија се обидувам да им најдам место за молитва и практикување на живата вера православна на Македонски јазик со свештеници Македонци, не им се потресувам на судот. Наместо да судат нека помогнат да најдеме некое понееретичко решение и нека се помолат за мене и мои чеда што ми ги дал Бог да не изгориме во ереста во која паѓаме според нивниот критериум.

ПРЕС24: Имате ли чувство дека луѓето го разбираат овој Ваш активизам, затоа што понекогаш е навистина сизфовски да се оди контра ветрот на своја штета?

О. ПИМЕН:
Некои разбираат, некои се гневат и осудуваат.

Но, нема откажување се додека има контра ветер, бидејќи лесно е да се увиди дека претежно е сизифоска работа и да се престане со активизмот. И што би добиле тогаш? Враќање на третото прашање од истово интервју за преголемиот оптимизам, песимизмот или некомпетентноста за рашавање на проблемите.

Јас би останал на истиот пат, па колку и да е јалов и сизифовски. Та нели Христос нé учи дека деведесетидеветте овци се оставаат за да се оди да се бара едната загубената и дека радоста од враќањето на загубена овца е поголемо од радоста за другите деведесетидевет.

ПРЕС24: Да се вратиме на улогата на Црквата. Колку таа успева да се вклопи во современит свет на функционирање. Кога некој ќе спомне модернизација, многуми тоа го гледаат како некаков повик за протестантизам, напуштање на догми и слично... Но, сепак Црквата веројатно е многу повеќе од институција за венчавки и погреби?

О. ПИМЕН: Кога се зборува за модернизација на Црквата во православниот свет, никогаш не се мисли на осовременување на догмите и каноните. Можеме да зборуваме за модернизирање на начинот на организирање во пристапот кон обраќање на верниот народ за негово враќање во храмовите, на литургиите.

Зошто не би ја употребиле моќта на современите медиуми? Лесно е да ги окаректеризираме и модерните медиуми и апаратите со кои се користиме за пристап до медиумите за ѓаволска измислица, но со тоа паѓаме во ереста на дуализмот препишувајќи му на ѓаволот моќ за создавање (што е привилегија само на Бога создателот на сé). Со тоа што му го оставаме цел простор од тој медиум на светот, навистина тој може да стане извој за труење само со секуларни содржини за човекот. И после светот ќе е крив или ние што не сме ставиле поучни содржини на тие медиуми?

Секако дека Црквата не е место само за крштевки, венчавки и погреби, туку парче Небеса на замјата во кое како заедница на живи и конкретни личности се собираме на благодарење преку светата литургија околу својот епископ, место во кое се осознаваме и се раѓаме одново во Бога, место во кое заедничарејќи во Телото и Крвта Христови се насладуваме со предвкусот на Царството Небесно во кое сме повикани за Живот вечен.

Нели е осовременување на Црквата кога манастирите покрај основната дејност стануваат и место за лечење и менување на навики и за пронаоѓање на смислата на животот за голем број на млади луѓе повредени и заробени од можноста секое зло да им биде достапно на секој чекор и за евтини пари?

Нели е осовременување и приближување на Црквата до народот нивното сведоштво кога се враќаат преобратени и полни со жизнена радост меѓу своите?

ПРЕС24: Во Синодот подолго врме има млада крв, како се вели тоа, но на повидок ретоко се гледа млада енергија... Титулата Владика е прстиж, или предизвик?

О. ПИМЕН:  Светот останува на младите, но кога доволно ќе подостарат веројатно. Се шегувам секако.

Лично сметам дека не смее сé да се остави само на младешката енергија.

Добра работа е еланот, но и патот до пеколот викаат дека е поплочен со добри намери. Сепак треба и искуство и мудрост. Најдобри резултати гледаме кога ќе се постигне симбиоза на младешката енергија, искуството на средната генерација и мудроста на повозрасните.

Во тој случај резултатите се очигледни, а сликата што како Синод на Македонската православна црква ја оставаме пред народот е достојна за секоја почит. Тогаш и поддршката од народот при преземање на некој чекор нема да изостане. Многу често е непотребно да се слуша какофонија од клинецот и плочата само за да се види дека ете имаме млада крв во екипата.

Околу вториот дел од прашањето би го кажал следното. Ниту е, ниту смее да биде тутулата Владика нит престиж, нит предизвик. Престижот е за славољубивите, предизвикот е за авантуристите. Тутулата владика, епископ, митрополит, архиепискот за нас како архиереи може и мора да биде само послушание да се биде прв меѓу еднаквите. Поради потребите на Црквата Божја, а не според нашето достоинство под послушание да ја наведнеме својата глава пред одлуката на светиот Синот да бидеме хиротонисани за пастири на своето стадо.

И ќе повторам. Нит престиж, нит предизвик, туку едноставно само подвиг на послушание и беспрекорно служење и спремност на жртва.

ПРЕС24: И за крај, вообичаеното прашање за предизвикот на МПЦ-ОА во нејзината историска веќе надеж за автокефалност. Имаше на крајот од годинава добри сигнали од Вселенската патријаршија, но се останува на надеж. Она што сепак сакам да Ве прашам е дали Синодот има единство, црвени линии што е она што треба да биде крајна цел и како да се стаса до нејзе?

О. ПИМЕН: Добрите сигнали од Вселенската патријаршија кои ги видовме деновиве преку посетата на Антанискиот епископ и претставници на монаштвото на нашата Македонска црква на неговата Сесветот, се плод на неколкугодишната решеност на Синодот на МПЦ ОА да се стави крај на повеќедецениската Голгота во барање решение за признавање на нашата автокефалност.

Многу лесно и било на која страна можевме да го решиме тоа прашање многупати до сега доколку немавме црвени линии и единство за решавање како Синод. Можевме да прифатиме неколку од непристојните понуди од страна. Да се откажеме од автокефалноста прифаќајќи времена автономија, приклучување кон ПОА, да бидеме приврзок на некоја црква и така натаму.

Но, не подлегнавме на сето тоа благодарение на црвените линии преку кои не можеме и не сакаме да се враќаме чекор назад од она што го постигнале нашите претци во далечната 1967 година остварувајќи го сонот да се возобнови древната Охридска архиепископија во лицето на МПЦ ОА.

Не се откажуваме од придобивките, од позициите, но не се откажуваме и од постојаното тропање на вратите во надеж дека кој тропа ќе му се отвори согласно со Христовите зборови (Матеј 7,7) и со вера повторно во зборовите Христови дека ни еден добар родител на детето свое кое што му бара леб, нема да му даде камен. (Лука 11,11)

До тогаш наше е да ја чуваме и надградуваме нашата Македонска Православна Црква Охридска Архиепископија и постојано смерно да се молиме на Бога Света Троица за нашиот верен народ, за оние од кои очекуваме разбирање за решавање на нашата автокефалност и за оние што упорно одбиваат да чујат за тоа и дополнително ни ставаат препреки на тој пат.

ПРЕС24: Пред нас е Божиќ, најрадосниот празник за Црквата Христова. Ја разбираат ли луѓето суштината на таа радост, на тој празник?

О. ПИМЕН:
Раѓањето на Богомладенецот Христос не е само историски настан од кој се календарски се брои времето сé до ден денешен. Овој празник пред сé, е еден голем момент од развојот на светот, во кој, како што се вели во празничниот тропар, е озарување на светот со светлината на разумот.

Црквата преку постојаниот богослужбен циклус на овој ден постојано си спомнува за преголемата љубов на Советот на Светата Троица кон паднатиот Адам, а преку него кон целото создание, од која што произлегува идејата смирено да го испрати на земјата Второто лице на Светата Троица, Богомладенецот Христос како Син Божји, за да нé ослободи од гревот и да ни ги отвори повторно Портите на Рајот.

Од тука произлегува цела онаа радост во надежта на спасението на секој човек што поверувал и се крстил во Христа.

За жал, човештвото сé почесто знае оваа благодатна радост да ја замени со празничната еуфорија и наместо кон црквата, да поита кон украсените плоштади и трговски центри гушкајќи се со Дедо Мраз и играјќи околу украсените елки, наместо да ја посети црквата и преку Путирот да се соеди со Христа.

Но Христос секогаш повторно и повторно се раѓа секоја година за сите нас какви и да сме. Зашто нé љуби и кога забораваме на Него. Затоа што знае дека сме Негови и Неговата надеж дека ќе се вратиме кон Црквата и кон Него е многу поголема од нашата човечка надеж дека сé уште има места во Рајот за сите нас.

Па ете, со Христа и овој пат нека се роди во нашите срца надеж дека ќе бидеме оваа година подобри Христијани и подобри луѓе.

Христос се роди!

 31.12.2021 лето Господово

 

 

https://www.press24.mk/otec-pimen-so-optimizam-ja-dochekuvame-sekoja-nova-no-so-razocharanost-ja-isprakjame-sekoja-stara

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная