логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Kliment.Vencavka.jpg

На 11.03.2011 година земјата на изгрејсонцето, далечната Јапонија, прекрасна, со богата култура, развиена индустрија, дисциплиниран народ, убава природа, со своите 3.000 помали или поголеми острови, стана рушевини. Едно големо парче од оваа убавина го уништи земјотресот со неверојатни 9 степени по Рихтер и 10-метарските цунами бранови. Крајниот исход е се уште непознат, но со непроценливи штети. Но кој, и по кој критериум, би проценувал човечки животи? Еден загинат нема цена, а камоли 28.000 души! А што со многуте исчезнати? Па, тука и Земјата претрпе изместување од својата оска, и островите се поместија.

Да се вратиме наназад!
2010 година - кинеската провинција Џинхај ја снајде нешто слично, со над 2.000 загинати. Истата година Хаити - 250.000 до 300.000 загинати, над милион останаа без покрив над глава. Чиле - 523 загинати, имаше и цунами. Се во една година.
2008 година - југозападна кинеска провинција Сечуан: 70.000 загинати, 20.000 исчезнати.
2004 година - Суматра: загинаа и исчезнаа околу 270.000 лица, со разорно цунами кое наштети наоколу десетина соседни земји.
1965 година - Аљаска; 1964 година -повторно Аљаска; 1960 година - Чиле; 1952 година - Камчатка (некогашен СССР): незаборавни земјотреси по својата јачина (над 8 степени), човечки загуби и непроценливи материјални штети.

И секако, на овој долг, а незавршен список ќе се придружат големата поплава во Австралија, а и актуелните и поминати војни, немири и демонстрации во: Либија, Египет, Израел, Авганистан... Па сме имале Турско ропство, Балкански војни, Прва и Втора светска војна, војните во поранешна Југославија- помеѓу земјите кои повеќе од половина век живееја во братство и единство, слога и разбирање; и уште многу други војни на кои им нема крај.

На ова неизбежно е да се додадат и терористичките напади во САД, Лондон, и други поголеми центри, секојдневните закани и навреди, непризнавања на живи народи, држави, омаловажувања, па тужби, барање Правда...

А на секојдневните вести: исчезнати лица, силувања, педофилија, самоубиства, кражби и овде-онде по некоја добра вест - кога Пандев дава голови или кога Трпчески свири во некој голем светски културен центар. Да, секако... Слушаме и за други убави нешта, не е се црно во овој свет и век!
Но, човек се замислува и почнува ваквите случувања да ги поврзува со крајот на светот; уште повеќе се зборува на оваа тема кога е потсетен од предвидувањата на некои таканаречени пророци, од типот на Ностра-дамус, Баба Ванѓа, предвидувањата на Маите... Секојдневно ни се тропа на вратите од разни секташи и ни се проповеда за Бог, почнувајќи од крајот до почетокот - од Откровението според свети Јован Богослов, до родословот кај светиот евангелист Матеј. Многумина слушајќи искривени вистини станале и „верници" уплашени од сеопштата состојба.

И во Православието се повеќе се дискутира на оваа тема. Се сеќавам уште пред 10-15 години, се појавија летоци во кои се толкуваа разни знаци и симболи кои укажуваа на Второто Христово доаѓање, на исполнетото време, за антихристот, обележувањето на христијаните со знакот на ѕверот итн.
Се појави и ЦД со наслов „Дигиталниот ангел" (православна студија за вградувањето на биометрискиот чип кај луѓето), кое кружи меѓу верниците. Не би прераскажувал за неговата содржина. Навистина добро изрежирано, со многу информации, па и поучно.

Многумина од светите Отци, но и многумина од современите старци: како старец Паисиј, старец Тадеј, старец Клеопа, отец Николај и други, имаат проговорено на оваа тема. Не говорат ништо што не треба; поуките нивни секогаш допираат до срцето на човекот.

Но, кога на човек ваквите информации ќе му станат цел во животот, а времето поминато до целта ќе стане време во барање начини и средства за спас од маките што треба да ги претрпи, и при тоа ќе заборави дури и на Бог, тој повторно прави онтолошко промашување. И заради постоењето на ваква група на луѓе (верници) во Православната Црква, кои живеат во страв и подготовки (складирање на разни намирници), ширејќи страв помеѓу своите блиски, решив да ја начнам оваа тема за крајот на светот иако ова е нешто за кое најмалку би сакал да коментирам.

Не верував, но навистина актуелна е темава помеѓу младите. Небројните форуми на интернет мрежата на кои наголемо се дискутира претежно за познатиот датум 21.12.2012 како крај на светот, го докажуваат тоа.

Но, еве што се вели најпрво во Симболот на верата: „И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите, и Неговото Царство не ќе има крај". Неговото Царство нема да се распадне (Даниил7,13).

Кога човек рамислува за крајот на времињата, во оваа тајна тој ја вклучува и грижата за својата судбина, за своето јас, кое станува негово основно прашање: Што ќе стане со мене кога ќе умрам? И така човекот си се замислува за центар на светот. Но, центарот на светот нее јас. туку Оној Кој рекол: „Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот" (Откр. 1, 8); што значи, вистинското прашање е: Што ќе стане кога Христос повторно ќе дојде?
Многу други прашања кои денеска се поставуваат биле поставени и од самите Апостоли. Го прашале нашиот Господ Исус Христос: „Кажи ни кога ќе биде тоа, и каков не биде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?" (Матеј 24, 3). А Господ најпрво ги опоменува Апостолите и вели: „Пазете се да не ве излаже некој!" (Мате\ 24,4).

И така, понатаму во Евангелието ги поучува на претпазливост, зашто ќе има многу лажни христоси, кои ќе прелажат многумина; им кажува дека ќе има војни, ќе се крене народ против народ, царство против царство, ќе има глад, помор и потреси, но тоа е почетокот на болките. Беззаконијата ќе се умножат, а љубовта ќе олади, и кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен (види Матеј 24, 4-13).„Па штом ја видите мерзоста на запустението" (според свети Отци - одвратно запустување, осквернување, и обесветување на светиот храм во Ерусалим, или - антихристот) „да стои на своето место, тогаш бегајте" (види Матеј 24,15-16), „оти ќе биде мака голема, каква што не се памти од созданието на светот до сега" (Матеј 24, 21). И ако не се скратат тие дни заради избраните, никој не би се спасил (види Матеј 24, 22). По сето ова ќе дојде нашиот Господ Исус Христос, но не како првиот пат, скромно во пештера, туку како Судија пред Кого ќе треба да положиме сметка за се што сме направиле во животот. Вториот пат ќе се појави јавно т.е ќе се појави Неговата секаде-присутност.

Ќе се појави како молња која излегува од исток и се гледа дури до запад (Матеј 24, 27). А кога ќе биде тоа? Господ вели: „3а тој ден и час не знае никој, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец" (Матеј24,36).

 Kliment.Vencavka.jpg

И сега, дали е толку многу битно да се распрашуваме за датумот на Второто Христово доаѓање? Треба ли да им веруваме на пресметките на оние кои ни доаѓаат пред врата и ни проповедаат? Треба ли да се интересираме дали е роден веќе антихристот, и ако е роден, па каде е? Или, треба ли да се дрзнуваме да го читаме најпрво Откровението, па макар и од љубопитност, притоа произнесувајќи некакви свои толкувања и мислења за прочитаното пред да прочитаме што Господ ни вели во Евангелието? Бидејќи, Откровението и онака најмалку е толкувано и од најголемите свети Отци во Православието. И на крајот би запрашал: Треба ли да го живееме нашиот живот во стеги и страв, градејќи еден погрешен (робовски) однос со Господ, пренесувајќи го тој страв и на нашите деца и ближни; или треба да се раководиме според она што Господ го рекол, а тоа е пред се да бидеме будни, да бдееме над себеси т.е. да внимаваме на секоја наша постапка и да не грешиме, бидејќи Он ќе се појави како крадец во ноќта, кога ние најмалку би Го очекувале. Да се движиме по благословениот пат, исполнувајќи ги заповедите Христови, да возвратиме љубовно на милоста Божја, да Го љубиме Оној Кој уште пред да се родиме не засакал, а за тоа наше давање на љубов да не бараме ништо за возврат, па дури ни наше спасение. Зашто тоа е вистинскиот начин на кој треба да го градиме тој наш личносен однос со Бог. Да се приклониме кон силата Божја за во маките да бидеме избавени. Да го имаме пред очите наши секогаш примерот на трите момчиња кои биле фрлени во вжарената печка. Додека огнот ги горел и им создавал рани на сите присутни околу печката, истиот тој оган ги милувал момчињата во печката (види Даниил, 3. глава). Така и во последните времиња: додека на некои маките ќе им се видат многу тешки, и уште пред да ги почувствуваат ќе се одречат и доброволно ќе се поклонат на оној што не треба, за другите пак, за вистинските верни, не дека маките ќе се поблаги, но Господ заради нив ќе ги скрати тие дни.

Значи, ништо посебно нема да постигнеме со нашите панично-депресивни подготовки за Второто Христово доаѓање. Да не го губиме времето напразно, туку оној кој е праведен, нека чини правда уште, и кој е свет, нека се осветува уште (Откр. 22,11). Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот, и да влезат во градот низ портите (Откр. 22, 14). Бидејќи, она што е речено, речено е, тоа што треба да биде, ќе биде, и ниту една јота од Писмото нема да се помести. „Да, ќе дојдам скоро!-Амин!"(Отнр. 22,20).


Отец Григориј Јакимов

Извор: ПРЕМИН бр.71/72

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5881
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6683
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6489
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5673
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

01/05/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

ВЕЛИКА СРЕДА – Преподобен Јован; Светиот маченик Јован Нови Јанински; Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан; Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Блажен си ти Јоване преподобен, радост на големиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на...

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная